Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На представката дадена во #183, Пазарната инспекција не одговори, се изјасни дека нема „ ингеренции “ и ме упати на Регулаторната комисија.
Минатиот петок добив известување од Регулаторната комисија, во кое пишува се, само нема одговор на тоа што е битно - огромната системска грешка во мерењето.
Утринава поднесов остар приговор до Регулаторната комисија. Кој сака може да погледне за што се работи.
Вака ќе ги вознемируваме се додека не ја објават одлуката да плаќаме 50%, а потоа ќе ги срамниме со земја.
 

Attachments

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вчера доставив поднесок до Народниот правобранител, во кој меѓу другото предложив да се измени Законот за енергетика, така да Државата ја гарантира точноста на мерењето. Кој сака нека погледа за што се работи, поднесокот е на седум страни
 

Attachments

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Вчера доставив поднесок до Народниот правобранител, во кој меѓу другото предложив да се измени Законот за енергетика, така да Државата ја гарантира точноста на мерењето. Кој сака нека погледа за што се работи, поднесокот е на седум страни
se iznamachi be choek- barajki pravda onamu kade oddamna ja nema
“Postoji legenda koja kaže da će onaj ko zezne toplanu, biti u stanju da jaše zmajeve…”
http://www.toplotnepumpe.rs/zeznite-toplanu/
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
se iznamachi be choek- barajki pravda onamu kade oddamna ja nema
Вреди да се мачиме, бидејќи наградата е многу голема.
Огромно е задоволство сознанието дека огромен број граѓани, кои сега се исклучени од АД Топлификација, сега се затоплуваат многу поефтино и подобро.
Директорите на АД Топлификација, имаат огромни плати, имаат неспоредливо повеќе средства од нас, имаат цели служби кои им помагаат и перманенто бараат начин како да ги зголемат цените.
Ние немаме ништо од тоа. Имаме само „ остар молив “ и цврста волја да ги попречиме.
Ти благодарам што ги прочита поднесоците.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Потребна ми е помош!
Подготвувам преставка до Министерството за економија, во која ќе се пожалам на точноста на мерењето на Топлификација. Треба да покажам дека сега граѓаните добиваат многу различни сметки.
За тоа ми се потребни фотокопии од сметки добиени од Топлификација, па Ве молам да ми пратите фотокопии од фактури. Ако сакате да останете анонимни, слободно избришете го или сокрите го името на кого се однесува фактурата , битно е да се види бројот на фактурата, колку квадрати се затоплуваат, колку киловатчасови се наводно потрошени и која е сумата.
Фотокопиите можете да ми ги пратите со електронска пошта, кој сака на ПП ќе му ја дадам мојата електронска адреса. А може и на рака, ќе дојдам до вас и ќе ја земам фотокопијата, ако така се договориме.
Ве молам да ми помогнете!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес добив допис од Регулаторната комисија за енергетика.
Овој допис завршува со следниве зборови:
„Во однос на забелешката од Вашиот допис за надоместокот кој треба да го плаќаат потрошувачите кои се исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија, Ве известуваме дека во постапка е изготвување на новите Правила за снабдување со топлинска енергија. Во нив, во делот на правата на потрошувачите на топлинска енергија за исклучување од системот за испорака на топлинска енергија, во Регулаторната комисија за енергетика се анализираат можностите за исклучување на потрошувачите, имајќи во предвид дека е неопходна заштита на системот од понатамошно разградување, односно негативните последици од нарушеното снабдување на потрошувачите со енергија на ниво на Република Македонија.“
Од ова може да се заклучи дека се ближи денот кога Регулаторната комисија ќе го објави овој пропис.
Сите што имаат намера да се исклучат од Топлификација, нека побрзаат. Сега, за сега исклучувањето не е забрането.
Сите што се веќе исклучени, нека се подготват да се спротивставиме!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Последна вест!
Пред неколку минути разбрав дека Регулаторната комисија веќе одржала подготвителна седница околу воведување на 50%.
Прашање на денови е кога ќе биде објавена одлуката.
Тие што планираат да се исклучат, нека побрзаат. Ако го раскинат облигациониот однос, пред да се објави Правилникот, тоа на нив неможе да се однесува.
Јавете за ова и на Ваши пријатели и блиски
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вечер објави напис околу воведувањето на 50%,
Регулаторна и Топлификација планираат со куќните совети да се потпишуваат некакви договори се со цел да Топлификација наплатува, а граѓаните кои сакаат да се исклучат да бараат согласност од 80% соседи.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=8961D3C5CA014B43974985DAF31F0F40
Препорачувам! Тие што сакаат да се исклучат, веднаш нека поднесат барање за исклучување.
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Вечер објави напис околу воведувањето на 50%,
Регулаторна и Топлификација планираат со куќните совети да се потпишуваат некакви договори се со цел да Топлификација наплатува, а граѓаните кои сакаат да се исклучат да бараат согласност од 80% соседи.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=8961D3C5CA014B43974985DAF31F0F40
Препорачувам! Тие што сакаат да се исклучат, веднаш нека поднесат барање за исклучување.
Се надевам дека ќе те послушаат и дека ќе им кажат на мама и тато дома децата.Ако не после кога ќе го лижат кремот мрсен таа ќе биде.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Вечер објави напис околу воведувањето на 50%,
Регулаторна и Топлификација планираат со куќните совети да се потпишуваат некакви договори се со цел да Топлификација наплатува, а граѓаните кои сакаат да се исклучат да бараат согласност од 80% соседи.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=8961D3C5CA014B43974985DAF31F0F40
Препорачувам! Тие што сакаат да се исклучат, веднаш нека поднесат барање за исклучување.
Колку што разбрав од текстот дури и веднаш да се исклучам, со измените во правилникот ќе ме обврзаат пак да плаќам фиксен дел.
Иако сметам дека такво решение ќе падне на Уставен.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Колку што разбрав од текстот дури и веднаш да се исклучам, со измените во правилникот ќе ме обврзаат пак да плаќам фиксен дел.
Иако сметам дека такво решение ќе падне на Уставен.
Ако не се исклучиш веднаш после ќе треба да собереш потписи од 80 % соседи, тоа е битно потешко одколку што е сега.
Инаку за Уставен суд не биди сосема сигурен. Топлификација им цели екипи на правници и тие добро го осмислиле ова. Можеш да замислиш колкава корист ќе има Топлификација десет илјади сега исклучени да и плаќаат 50%, а ништо за тоа да не добиваат. Тоа не се луѓе, тоа се ѕверови кои одамна ги отфрлиле човечките особини... нив ги води алчност и лакомост и желба да имаат не 10 туку 100 милиони евра лични пари.
Сигурно ќе се обидеме и преку Уставниот суд, но ќе се обидеме и на други начини.
Ова ќе биде голема борба... Борба да бидеме слободни и да неможат да не пљачкаат.
Инаку Топлификација е сега во еуфорично расположение, Погледни ја интернет ја интернет страницата на Снабдување исток: http://www.snabduvanjeistok.mk/
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.009
Поени од реакции
12.497
Како некој кој е од пред 2 и повеќе месеца исклучен од Топлификација и дефинитивно не ги сакам повторно не само во мојот дом, туку и во мојот живот, за ваквиот идиотизам на Регулаторната Комисија за Енергетика на Република Македонија можам само ова да им го посочам на нејзините членови:

ОДЕТЕ ЛЕЧЕТЕ СЕ !!!

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/iskluchenite-od-parno-povtorno-ke-bidat-vklucheni

Исклучените од парно повторно ќе бидат вклучени

30.06.2012 - 20:03

Сите исклучени од парно греење до септември повторно ќе бидат вклучени.



Тоа ќе се направи без нивно прашање, дознава Сител. Регулаторната комисија за енергетика направи промена во мрежните правила и со тоа и наложи на Топлификација и нејзините ќерки фирми да ги вратат назад сите стари потрошувачи на парно.

Доколку граѓаните и натаму цврсто стојат на ставот да се исклучат тогаш ќе мора да добијат согласност од управителот на зградата а доколку го немаат, одобрување од 80% од соседите. Но ниту тогаш нема да бидат ослободени од обврските кон компанијата.

Според новиот правилник сите исклучени ќе плаќаат околу 20% од сметката за топлинска енергија.

Извори од регулаторната велат дека Топлификација не се согласува со новите мрежни правила и новиот правилник сепак ќе мора да постави и респределители во секој стан, на трошок на компанијата.

Тоа значи дека секое домаќинство од оваа грејна сезона ќе знае колку топлина се троши во тој стан.

Ова е предлог правилник за кој организацијата на потрошувачи бара јавна расправа пред негово донесување.

- Има спорни елементи во правилникот кои мора да се разгледаат. Не може некој што две години е исклучен од мрежата и не плаќа, сега да го натерате да плаќа за услугата што не ја користи. Има доволно време да се реагира и да се направат промени во правилникот - рече Маријана Лончар-Велкова, претседател на ОПМ

Предлог правилникот е комбинација од хравтскиот и бугарскиот модел. Наскоро се очекува да стапи на сила.

Марина Доковска
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Тужба? Мислам дека не може ако си прекинал договор да се замараш со нив, ама монопол.. (n)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom