WordPress

Член од
22 декември 2011
Мислења
154
Поени од реакции
26
За каква работа? :) И отфрли ја Џумла уште од старт. :icon_lol:
sakam da napravam website eve primer ja zimam Kajgana ! znaci ne takov :d tuku nesto slicno za novosti , moda , zabava ....
e jas imav sajt i joomlata ja razbiram edno 80 % ama nekkao mislam deka sum limitiran vo poglen na Drupal! pa zatoa prasuvam
dali Drupal e podobar od Joomla ili pa Wordpress ... :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Не си лимитиран со никој од овие, туку дур завршиш некоја банална работа со Џумла ќе ти отиде цел ден. Баш поради тоа и ја елиминирам Џумла од било какви избори и остануваат само Drupal и WordPress. Од овие два... и самиот може да видиш дека за WordPress имаш еден мал милион ствари... готови или за ефтина пара, што може да ти ја олеснат работата. Исто така и многу полесен е развојот на било што во WordPress, отколку за Џумла или Друшал. Од овие пак причини ја ти викам и лично го преферирам WordPress.
 
Јас прашав ти ми одговори! Многу ти благодарам .
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Друпал е по-програмерски настроен и потежок за работа. Нуди доста опции ама ако не си запознаен со него ќе си имаш проблеми.

Лично и јас би ти го препорачал вордпрес, лесен е за учење, имаш плагини за све, супер документација, лесен за развивање на нови плагини и теми.

Иначе Кајганава ако не се лажам е друпал така да може програмерот кој рабти тука ќе не просветли малце за друпал :)

Јас мн малце го иам чепкано и ми се има видено потежок од вордпрес.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
154
Поени од реакции
26
Да да Кајгана е друпал! ај белки ке не советува , баш ме интерсира високо стручно мислење, мада и јас се сложувам и со тебе и со Грејвдигер ...

Е уште едно прашање кое најверојатно и не би требало овде да биде поставено но сепак е во склад со муабетот! Дали би ми било доволно ваков дедициран хост -
Процесор AMD Athlon64 3700+
RAM Меморија 1 GB DDR
Конекција 100mbps
Вклучен сообраќај 5 000giga
имам замисла да имам едно 20-30 000 единечни посети дневно!​
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
имам замисла да имам едно 20-30 000 единечни посети дневно!​
Замислава за таков портал ти е претерана. Не е ништо ново, оригинално или креативно забавен портал како што ти планираш да направиш. Бидејќи си почетник, порталот нема да биде добро направен и најверојатно ќе преведуваш статии од странски портали. Многу е тежок почетокот на сите страни (дури и оргиналните), а за твојот ќе биде најтежок.
Ќе треба многу пари да вложиш ако сакаш да добиеш профит. Највеќе за промоција

И нема да бидеш ни прв ни последен што ќе се откаже од ваква идеја. Поминаа веќе стотици вакви портали и 5 дали имаат толку посети колку што планираш.
Почни си прво со бесплатен хостинг, или па платен и многу евтин. И онака не ти треба добар. А откако ќе видиш дека посетителите ти се зголемуваат (АКО!) ќе купиш подобар

Јас да сум на твое место не би имал планови за порталот да стане сериозен. Нема да ти биде џабе потрошено време како и да е, барем ќе научиш нешто
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
154
Поени од реакции
26
Да братче , те сфакам! еве почнав на два пати со два различни хоста и на два пати хостот ми е СУСПЕНД! од преотовареност! За реклами имам FB страни со по 70 000 , 50 000 и 100 000 затоа имам и посетеност! ФБ во моментот е најака реклама за се..

еве предпоследниот ден сум имал 10 .500 , последниот ден 7 ,800 до 13 часот и сум веке суспенд! брјките се од sitemetar не ги исмислувам јас ....

Значи мене ми треба начобичнионт хост кој може да го издржи бар оваа.....
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Кој е најдобар во големата тројка ... вечното прашање. Лично мислам дека Drupal е најмоќен, но моќноста која ја нуди не го прави најдобар, напротив, во голем број ситуации може дури и да е лош.
Принципот на кој Drupal ги гради содржините е феноменален. Овозможува програмерот да се замеша во секој чекор на процесот, истиот да го измени како нему му одговара и да го остави процесот да си продолжи без притоа да чепка по активните модули и плагини. Тоа нуди одлична стабилност на системот и лесна натамошна надградба на постојните плагини без притоа да се изгуби постојната кастомизација.
Но основната поставка е многу тешка, поточно спора. Затоа во никој случај не би го препорачал за поедноставни решенија каде нема потреба од поозбилни прилагодувања. Исто така не би го препорачал на непрограмер затоа што во секој случај ќе се судри со комплексноста на системот а нема да може да ја искористи неговата моќ.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 11:00 ---
Да братче , те сфакам! еве почнав на два пати со два различни хоста и на два пати хостот ми е СУСПЕНД! од преотовареност! За реклами имам FB страни со по 70 000 , 50 000 и 100 000 затоа имам и посетеност! ФБ во моментот е најака реклама за се..

еве предпоследниот ден сум имал 10 .500 , последниот ден 7 ,800 до 13 часот и сум веке суспенд! брјките се од sitemetar не ги исмислувам јас ....

Значи мене ми треба начобичнионт хост кој може да го издржи бар оваа.....
Ова незнам зошто не би го издржал најобичен хост. Суспенд може да се јави и поради други причини, а не само поради голем број на посети, како на пример: преоптеретеност на процесорот, долги неоптимизирани кверија и сл. Во секој случај кога си имал толку посетени сајтови се што требало да направиш е да ги префрлиш на хост со поголеми перформанси.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Има нова верзија, 3.4.1. Кога ќе биде средена македонската верзија?
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Има нова верзија, 3.4.1. Кога ќе биде средена македонската верзија?
Нема промени во стринговите, затоа и не излегува МК како 3.4.1. Направи си апдејт од официјалната. :)
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.762
Поени од реакции
8.022
Некој добри плугинзи за последни постови (а и рандом, како и опција според категории) кој ќе бидат како widget, со thumbnail и насловот на постот...???

Пример:
 
Г

Грејвдигер

Гостин

Едно кратко прегледче на првата блог тема што ќе ја објавам на wp.org. Треба да ги досредам виџетите, коментарите и фајловите за локализација на темата.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561

Едно кратко прегледче на првата блог тема што ќе ја објавам на wp.org. Треба да ги досредам виџетите, коментарите и фајловите за локализација на темата.
Дополнителни опции у бекендот ќе ставаш? :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Дополнителни опции у бекендот ќе ставаш? :)
Да, за неколку виџети... сите се веќе готови, но ги преуредувам и приспособувам за темата. За коментарите треба само да го средам прикажувањето и формата, CSS-то само. И на крај да средам променливи за стринговите и да го склопам .po фајлот. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom