Дај не ме заебавај ти ова озбилно? Јас мислев на тоа порталот да биде дизајниран во некој таков помодерен стил, не да биде копирен од некој од сегашните портали, ни на крај памет не ми падна да ги копирам веќе постоечките. 5000 евра....Оваа цифра викаш по твоја сопствена проценка ама си ја промашил проценката и тоа ептен многу. Имам пријател програмер кој дизајнира веб страни но не за Македонскиот пазар. Кога го прашав колку од прилика би ме чинело да ми направи тој страна а јас само да си купам хостинг и домејн ми рече дека за изработката ќе ми наплати од 300 до 500 евра нормално доколку имам некои посебни побарувања. Оваа цифра од 5000 евра не ти е ич реална.
Па не дека не сум озбилен. Толку сум озбилен што дури и не мислам дека грешам повеќе од 20% во цената (може и нагоре да иде не само надоле). Ако веќе имаш понуда за 300 незнам зошто воопшто разговараш на тема колку би чинело ... прифати ја и прави нешто (кога ќе имаш солидна идеја нормално).
Но да не останам недокажан, морам да продолжам
Не само како одговор према тебе, туку како едно грубо гласно размислување. Прво, голема е веројатност да не се разбираме поради терминолошки разлики. Порталот кајгана е составен од колку што јас знам најмалку 5-6 меѓусебно делумно поврзани целини (огласник, видео, форум, и сл.), затоа и го именуваме како портал а не како веб сајт. Ајде нека е тоа причина за мојата голема цена (која ќе повторам за порталот, како јас го разбирам дури може и да е ниска), па ќе зборам само за веб сајтот. За да се изработи истиот мислам дека секоја цена под 2к е мала. Цената на првата поставка, на корот на порталот која мора да се направи и само за еден сајт, ќе си го земе данокот. Она што навидум го гледаме како едноставна сликовница на првата страница во позадина за да функционира како што треба бара многу програмирање и прилагодување. Како што разбрав зборуваме за озбилен сајт/портал во кој мора има многу преддефинирани процеси, привилегии, сервиси, ...
Кога ќе дојде пресудниот момент - давањето на цена, има неколку типови на играчи и тоа оние кои:
- ќе те проценат колку ти е голем џебот и ќе те пикираат на таа цена за да ја добијат работата. Притоа, ќе добиеш решение кое ќе биде непотполно и за кое во иднина ќе треба да има многу доработки од истиот (за што тој се надева) или од друг програмер или пак сам да седнеш да учиш и да доправаш и да го трошиш животот на нешто за што мислиш дека веќе си платил.
- ќе ти понудат цена за да направат се што ќе побараш, што најчесто паѓаат во вода пошто при споредба со првите се многу скапи а навидум го нудат истото. Кај овие вториве е интересно што дури ќе добиеш и можности кои да си ги барал, но кои најчесто нема никогаш да ги искористиш. Тоа поради фактот дека на почеток сите мислат дека им треба којзнае што ... но некогаш и не е лошо да имаш повеќе можности од потребите во споредба со обратната ситуација.
- пријатели, кои нормално ќе ти дадат пријателска цена. Таа цена ако се вистински пријатели, треба да биде или минимална пазарна или пак 0. Ништо помеѓу поради што утре би можел некој да ви товари на глава дека ти помогнал. Не, или ќе бидеш чист дека си платил или ќе бидеш благодарен дека ти направил без пари, се помеѓу е сива зона и потенцијален крај на пријателство. Тука се јавува и проблемот, неможност за активно работење на проектот поради други комерцијални проекти и одложување во недоглед (сепак тоа е пријателски проект а не комерцијален нели). Најбитно, пријателот за самиот да не се осеќа зафркнат, иако не е мое да ви се мешам во пријателството, прво треба да седне и да направи анализа колку тој производ би го продал на пазар, а потоа гласно истото да го дискутира со тебе и да ја каже цената према тебе споредбено со реалната пазарна цена.
Тука најодговорно тврдам дека твојот пријател не направил озбилна проценка на барањата, или пак цената ја дава на база на „пријателство“ во микс со првиот тип на понудувачи. Или пак можеби едноставно не те сфаќа дека си озбилен во барањето и дава цена само колку да не биде дека не ти одговорил.
Нејсе, ова се само мои размислувања, кои во досегашното мое не така мало искуство на работење со покажале точни. Патем, и јас за пријатели понекогаш работам без пари (за некомерцијални проекти), или за најниски можни пазарни цени или пак некој друг точно дефиниран модел на наплата (процент од заработка, партнерство и сл.) со идеални услови за плаќање (кога ќе може) при што на истите им нудам третман како на најголеми платежни клиенти.
И да завршам ... ако твојот пријател прави портал од тип Кајгана за 300 евра, поздрави го од мене и понуди му јас да го „кљукам“ со редовни месечни проекти од тој тип за двојно поголема цена.