Expecto Patronum
Citizen Erased
- Член од
- 13 јули 2011
- Мислења
- 1.331
- Поени од реакции
- 3.281
Тоа е...Е ајде де... туку знаеш што ми е пострашно?
Што во овие горенаведени примери не се работи за пубертетлии, туку се се над 20 години, да не речам академски граѓани.
Тоа ми е пострашно.
Ај ќе разберам 15 годишно дете, прва година средно, хормони му лупаат во глава, па сака само женски, другари и искачања, не го интересира толку учење. Нив донекаде ги сфаќам, иако никогаш не сум била од тој тип на тинејџери (ваљда). Ама 20+ годишен вол, кој стигнал на факултет (мажи/жени подеднакво), да пишува колку има луд живот, не учи, лока од јутра до сутра и тоа постојано, не онака понекогаш.... несфатливо ми е. Има некои смешни, креативни стварно - тоа ок, ама секој ден, постојано... аман бе. Не ви ги бројам искачањата и пијанките, ниту ме интересира што правите на тоа поле. И да, нормално како можев да заборавам... моментот на потенцирање: колку се сите јебачи и колку се сите либерте...
Разбирам да се очукаш после положен испит или некоја посебна пригода, забава или што било, тоа и јас го правам понекогаш, ама секој ден....
А посебно не ми се јасни студентите што идат од други градови, не се дојдени тука за да учат и да завршат факултет, туку се дојдени на “студентски живот“, додека мајка му и татко му крпат крај со крај да му ја платат киријата и трошоците тој е секоја вечер на студентска и после секако дека ќе ги падне сите испити, со чест на исклучоци нормално... Познавам еден што ја повторува прва година, а дома ги лаже дека е втора катастрофа...
Туку забегавме малку од темата...