Роналдо vs Меси

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е подобар според вас?

  • Вкупно гласачи
    407
540622_464284310266923_655940281_n.jpg

:love:
 
Покомплетен играч ми е Роналдо и што се однесува до карактерите нивни, баш оној на Роналдо ми е непозерски и искрен, за разлика од изигравањето светец на и вон теренот на Меси, што е најмногу од влијание на рекордерот на позерството - Гвардиола. Мразам такви луѓе кои дрмаат да си го покажат вистинското лице и барем одвреме навреме да бидат искрени во она што го прават и кажуваат.

Што се однесува до on court битката, побитната, Роналдо има подобар шут, подобар шут со глава, физичките предиспозиции не ни ги спомнувам, брзина, дриблинг (не како на Меси, тотално поразличен) и сл. Статистиките за голови и сл. се релативна работа од проста причина што до некни Роналдо играше крило, а Меси до некни не беше стандардна прва постава и двајцата до некни не беа форсирани за голови како последниве две години. Овие бројки кои ги видовме сезонава посебно се вештачко изведени од надмоќноста на Реал и Барса во однос на другите шпански тимови, па и европски и не ја прикажуваат вистинската слика за нив. Несомнено е дека ривалството ги храни и едниот и другиот, но медиумите треба малку да олабават според мене...
 
Меси има подобар дриблинг, финиш, контрола на топка. Тимски играч за разлика од Роналдо, поснаодлив на мал простор...
Роналдо единствено боље игра со глава, што е логично затоа што е за пола глава повисок. Ете нека биде и физички подобар, што секако пак се должи на градбата. Во други категории е неспоредлив со Меси.
Немој да ми ги спомнувате слободни, кога Роналдо погодува 2-3 пати од 100 обиди ;)
 
Роналдо има специфичен шут од слободен, друг со таков шут нема ниеден гол од 1000 обиди да даде ;)
Друго е кога пласираш како 90% од тие што изведуваат слободни.
 
2012-03-04-callejon-02a.gif

Каде бе Меси поголем тимски играч од Роналдо, кога самите го пцуевте за себичноста !? Бројот на асистенции немора да е единствениот релевантен фактор за тоа кој е тимски играч. Шо би рекол, alexsr секој со очи гледа дали Меси е поголем тимски играч од Роналдо.
 
Глупости невидени..како прво дај ми цели утакмици,да видам се ?
 
2012-03-04-callejon-02a.gif

Каде бе Меси поголем тимски играч од Роналдо, кога самите го пцуевте за себичноста !? Бројот на асистенции немора да е единствениот релевантен фактор за тоа кој е тимски играч. Шо би рекол, alexsr секој со очи гледа дали Меси е поголем тимски играч од Роналдо.
Никаде не спомнав асистенции, впрочем мислам дека не е некоја огромна разлика оваа сезона, како што беше лани. Да, себичен испаѓа во некои наврати, ама во споредба со Роналдо испаѓа многу поголем тимски играч.
Роналдо има специфичен шут од слободен, друг со таков шут нема ниеден гол од 1000 обиди да даде ;)
Друго е кога пласираш како 90% од тие што изведуваат слободни.
Епа кој го тера така да шутира? Може и он да пласира.
А друг со таков шут е Жунињо, кој е многу поуспешен од Роналдо.

Со овој мој пост завршува секоја дебата околу Роналдо и Меси.
 
Никаде не спомнав асистенции, впрочем мислам дека не е некоја огромна разлика оваа сезона, како што беше лани. Да, себичен испаѓа во некои наврати, ама во споредба со Роналдо испаѓа многу поголем тимски играч.

Епа кој го тера така да шутира? Може и он да пласира.
А друг со таков шут е Жунињо, кој е многу поуспешен од Роналдо.

Со овој мој пост завршува секоја дебата околу Роналдо и Меси.
Тоа си е негов стил, ја само ти кажав дека тој удар е далеку потежок отколку една обична пласирана топка и затоа неможете да го споредуете процентот на негова реализација од слободен со другите. Не ми го мешај Жунињо, он ти е приказна за себе.

А за тоа кој е по-тимски играч, и тоа неможе да се одлучи. И едниот и другиот имаат свои моменти на себичност, ама и едниот и другиот имаат безброј асистенции по сезона. Може кај Меси бројката е поголема, ама немора да значи дека е по-тимски играч од Роналдо.
Роналдо ви смеќава како личност, ФАКТ! И вие според тој негов карактер го оценувате и неговото фудбалско знаење. Роналдо може е глумец, ама сите кои имале можност да играат со него имаат изјавено дека Роналдо е одлична личност надвор од терен (ако според вас не е таков и на теренот). Таков си е, барем не глуми дека е светец а на друга страна да плука играчи, да шутира во публика и да крши зуби. Тоа е тоа :)
 
Што се однесува до on court битката, побитната, Роналдо има подобар шут, подобар шут со глава, физичките предиспозиции не ни ги спомнувам, брзина, дриблинг (не како на Меси, тотално поразличен) и сл. Статистиките за голови и сл. се релативна работа од проста причина што до некни Роналдо играше крило, а Меси до некни не беше стандардна прва постава и двајцата до некни не беа форсирани за голови како последниве две години.

Роналдо има посилен шут, а за подобар не знам. Брзина, Меси има подобра стартна брзина и брзина на мали растојанија додека Роналдо е побрз на подолга патека, а дека Роналдо има подобар дриблинг немој да ме јебеш, како што кажа двата имаат различен дриблинг, а чиј дриблинг е поефикасен покажуваат статистиките за поминати играчи ;)

Заборавате важен податок, Златни топки: Меси 3 - 1 Роналдо, засега секако :)
 
Роналдо во Манчестер- добитна комбинација,Роналдо во Реал-добитна комбинација,се додека штрумфот не отиде у премиер лига да се проба со копачи од тимови како што се Стоук,Сандерленд итн...неможам да кажам дека е најдобар.
 
Ај го прават најбољи во универзумот ама шалата за шутот дека има јак шут и прецизен неможам а да не се насмеам слатко. Па скоро секој гол му е пласиран и топката лази по земја од 12-14 метри :facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom