NBA Finals 2012

Кој ќе биде шампион во НБА за 2012


  • Вкупно гласачи
    229
  • Гласањето е завршено на .

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Навивам за Чикаго...
И не го треснав од памет, ако останеше Леброн во Кливленд ќе земаше поголема плата, знам дека пред две години читав дека големата тројка (двојка и пол) на Мајами се согласила за помали плати со цел да освојат титула.
Еве ти и доказ...
http://articles.sun-sentinel.com/2010-07-08/sports/sfl-lebron-james-decision-070810_1_james-and-bosh-dwyane-wade-lebron-james
За Булс си? Па оти не пишуваш во фан клубот на Чикаго слаба ни е дискусијата таму......
 
Член од
5 декември 2010
Мислења
700
Поени од реакции
157
Зарем стварно очекувате роуз да се врати во старата форма? Нема шанси после вакви повреди...
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
многу работи измеша а и не ги разбираш некои од нив !

Лани се "лизнаа" Мајами и немале срека ИЛИ вистината е немаа шанси и беа исплескани од глава до пета од една тимска игра до перфекција од тимот на Далас кои не знаеја минатата година да промашат и рушеа рекорди, кои на западот сите ѕвезди ги исплескаа без респект и убедливо освоија титула како ретко кој тим у НБА минативе 15 години !!!! .................а па тимов на Мајами беше хаос, недисциплина =каубојци (Леброн, Вејд) и индијанци (Споелстра) и на ништо не личеше!

Ако Леброн, кој играше финале 2007, Вејд кој има титула од 2006 и плус сите заедно со Бош се иста генерација драфт 2002, со 8 години искуство пред да дојдат у Мајами 2010 не се искусни, не знам кој се ....смешки........а што, ова година пак се искусни повеќе од минатава и имаат некоја подобра игра , благодарение на искуството :pos: ?!!!!

ако оваа година немааа Мајами срека , не знам кој тим кој освоил титула НБА минативе 10 години имал повеке срека...........кажи ми го баш да го чујам кој е тој тим !!!!!!
Не ти ги ни читам постовите, бидејќи тропаш на големо, не ти се склопени постовите, болд, италик, кирилица, латиница... Ама гледам си ме цитирал (а баш не сакав од тебе реплика, оти си досаден ко пролив)... Ама ајде до овој дел ќе те цитирам (и повеќе нема, макар испишал и уште 5 страни)...

Мајами лани го изгуби натпреварот во шестиот натпревар, до тогаш играа добро, иако Далас беа далеку покомпактна екипа... Поорганизирани во напад, додека Мајами идеа преку големата тројка, и обично 80-90% од кошевите по натпревар ги даваа Бош/ЛеБрон/Вејд...

Оваа година не е така, се разигра и остатокот од екипата, колективна игра и титулата си дојде повеќе и од заслужено...

Зборот искуство изгледа не си го разбрал добро... Искуство од финални натпревари, не искуство од обични натпревари... Кое искуство го има Вејд од пет и ЛеБрон од пет натпревари финални? Како кажуваш, како секоја година да играат такви натпревари... Друг кој? Осум години искуство во НБА! Па Мелоун и Пејтон 100 години играа, па титула нема Мелоун, Пејтон едвај една... Да не почнам да набројувам и кој други немаат, а играат по 20 години НБА...

Која црна среќа, затоа не сакам дебата со тебе, оти од тоа што си "многу" објективен на форумот, јадеше пет перманентни...
Четири натпревари по ред ги добиваат Оклахома... На среќа е еден натпревар, преку сила два, ама четири? Ама нели оти Мајами е тимот кој освои, ЛеБрон исто така, и одма хејтање на големо... Да освоеше Оклахома, се ќе беше подредено, никаква среќа немаше да биде во прашање...

Колку сакаш реплицирај ме, не те читам... Ако мислиш дека е потребно, слободно, само не очекувај контра реплика... Ајт
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.746
Поени од реакции
34.000
Ај прочитај го уште два-три пати постот... се надевам си слушнал за иронија.
Не се стигнати до таа лекција во училиштето.
Плус заморно е да се чита се.

Леброн би земал во речиси секоја друга екипа.

15 играчи се подобро платени од Леброн, Вејд и Бош
Да ве подсетам дека во Флорида не се плаќа данок.
Платата на тројцава топли е годена да биде еднаква на максималната плата после платен данок, во било кој друг клуб освен Мајами и Орландо.

Додатен превод за децава на форумов: на Флорида бруто=нето и кога тројцава би играле во Бостон на пример би требало да земаат накај 19 за да после даноците добијат 16 милиончиња конвертабилна американска валута.


Сето ова, покрај желбата за прстен, е причината зошто Мајами (Флорида всушност) е посакувана дестинација за многу спродни играчи во НБА.
Ова исто ни покажува колку лош генерален менаџер беше Отис Торп кога со Хауард во тимот и Стен Ван Ганди на кормилото, со одвразното на кесе на газдата во една Флорида не успеа да направи шампионски тим.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Лани се "лизнаа" Мајами и немале срека ИЛИ вистината е немаа шанси и беа исплескани од глава до пета од една тимска игра до перфекција од тимот на Далас кои не знаеја минатата година да промашат и рушеа рекорди, кои на западот сите ѕвезди ги исплескаа без респект и убедливо освоија титула како ретко кој тим у НБА минативе 15 години !!!! .................а па тимов на Мајами беше хаос, недисциплина =каубојци (Леброн, Вејд) и индијанци (Споелстра) и на ништо не личеше!
Точно. Лани тимот им се базираше само на 3 играчи од кои ЛеБрон највеќе се форсираше и пошто најголемиот товар паѓаше на него не успеа да го даде својот максимум. Тоа беше главно грешка на тренерот кој одлучи наместо тимска игра да иде на индивидуална.
Оваа година они ја исправија грешката, ама противникот ја повтори. Оклахома целата игра ја базираше на Вестбрук и Дурант (дури и слеп човек ќе го види ова), а Мајами си ја увидоа грешката од лани и ја направија играта ТИМСКА. Не беа само ЛеБрон, Вејд и Бош, туку во сите утакмици беа вклучени најмалку 2ца што даваа придонес. И како и многупати досега во било кој тимски спорт - тимската игра донесе резултат.

Си фрлија дебел кеш Мајами, си донесоа супер играчи-индивидуалци , во ред, се поштено ама дека имаат некоја спектакуларна/супериорна игра , досега невидена, да паднеше на газ, нема веза.......напротив, на ништо не личи и не треба да си некој експерт за кошарка тоа да го видиш !
А што, забрането е да се носат супер играчи-индивидуалци? Башка како што пишав погоре, нема везе што донесоа јаки индивидуалци кога играта им беше апла тимска. И во одбрана и во напад.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.937
Дечки неможев да им честитам на фановите на Мајами немав пристап до компјутер па еве со ден задоцнување да им ја честитам титулата, тотално заслужена, секоја чест за Џејмс, страшен перформанс прикажа во цела сезона, а особено во плеј офот. Ве читам и се чудам како може да ја труете темава со такви постови, ама на секој втор збор хејтеризам се спомнува, аман луѓе искулирајте, ЏЕЈМС си освои и повеќе од заслужена титула и то је то, нема збор. Доста со тоа вештачки тим, ваков тим, онаков тим... Одлична екипа се Хит, а според мене клучот за титулата оваа година се наоѓа во човекот по име Батие. Сигурноста која им ја донесе во одбраната, стабилноста, добрата игра 1 на 1 во одбрана, одбрана без топка... лани тоа ни приближно не го допринесоа Милер и Џејмс Џонс. Се виде Бош колку битен играч е за Мајами, без него минимални ќе им беа шансите против ОКС, одличен играч е Крис, единствено нешто што ме нервира кај него е вратот :pos: жирафа. :)

За ОКС што да кажам, веќе ги истрошив буквиве од тастатурата за нив, само Дурент се покажа ко стабилен, останатото од тренер па до 12тиот играч кој не ни влага у игра потфрлија. Вестбрук и Харден како браќа да се, кога им иде тогаш го полнат кошот али кога не им иде знаеш дека тимот 100% губи бидејќи влагаат од грешка у грешка. Начекав едно мислење за Вестбрук на еден форум на нетов и мислам дека најдобро е опишан во тоа мислење. Цитирам "Расел Вестбрук е најталентираниот глуп човек на светот." Голем прогрес има во играта на Оклахома за разлика од лани, ништо чудно следната сезона да се закитат со титула. Кевин Дурент од сезона во сезона игра се подобро и подобро, не знам кај ќе му биде крајот следната сезона.

Тоа е тоа, пак ќе кажам повеќе од заслужена титула на Мајами, честитки до сите нивни фанови и се надевам дека следната сезона ќе гледаме далеку поинтересна кошарка и се надевам дека ќе нема волку повреди ко оваа сезона.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Знае ли некој со сигурност дали ќе игра Роуз наредната сезона ?

Иначе секако дека е заслужена нема простор за хејт тука тотално ги надиграа Оклахома се губеа цело време а ја па мислев дека всушност вистинското финале е на вест,како сум бил грешка:facepalm:
Добро барем барем ова беше една голема лекција за ОКС ќе бидат поспремни наредната сезона.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
Знае ли некој со сигурност дали ќе игра Роуз наредната сезона ?

Иначе секако дека е заслужена нема простор за хејт тука тотално ги надиграа Оклахома се губеа цело време а ја па мислев дека всушност вистинското финале е на вест,како сум бил грешка:facepalm:
Добро барем барем ова беше една голема лекција за ОКС ќе бидат поспремни наредната сезона.
тоа само ОВОЈ горе, какви му се плановите........

јас не знам од каде муабетите за Роуз, дека човеков готово не го бива, толку е со него!

ваква повреда , по таква инетервенција бара негде до max 9 месеци рехабилитација, преку сила до 1 година

по тој период какви ке бидат перфомансите кај играчов, никој не може да каже...........статистички 10-15% ако имаат таква "среќа" не
ги бива за ништо, толку е (биомеханиката, стабилизацијата...............)

најкасно до плеј се се врака сигурно .............во какво светло= ????

http://espn.go.com/chicago/nba/story/_/id/8079282/chicago-bulls-guard-derrick-rose-ahead-schedule-recovers-knee-surgery-according-surgeon

ама дека е готово и од Роуз не бива човек, претерано е !
 
T

The Cryptkeeper

Гостин
Aбе си се закачил како слеп за стап за платата... Факт е дека се сложил цело време да му биде околу 16 милиони.... Брајант зема 25 милиони, а и Леброн би земал во речиси секоја друга екипа. Ај за бесплатно нека игра. 15 играчи се подобро платени од Леброн, Вејд и Бош, немој да ми кажеш дека во моментов Леброн и Вејд по квалитет не се во топ 5 играчи во NBA.
Ајде да не споредувам баби и жаби, ете ти го О'Нил како пример, најдоминантниот центар во NBA во последниве 20 години. Или требаше цел живот да остане во Орландо и никогаш да не освои титула? Кевин Гарнет... каков преварант, зошто ја напушти Минесота, па згора на тоа и идиотон Реј Ален му се придружи од Суперсоникс. Вакви примери има колку сакаш, ретки се играчите кои цел живот играат за една иста екипа. Мајами имаат силна екипа, а вчера покажаа дека не се само тројца играчи кои се таму квалитетни... И зошто некој да ризикува да не биде шампион, глупо е за тоа какви само имиња не освоиле титули и штета ќе беше играч како Џејмс да биде без титула. Сите го величат Брајант, ама и тој никогаш не можеше сам да освои титула, зошто би можел и Џејмс. Брајант не ни беше MVP на финалето при првите три титули. Ни Мајкл Џордан не би можел сам да освои титула... А факт е дека каква беше ситуацијата со Кливленд тешко дека некогаш ќе освоеја титула.
Па тоа и ти го зборам човече дека дојде у мајами да освои титула али не по секоја цена и не на залез на кариера. Не ги споредувај Мајами со Чикаго у џордан ера, срамота поготово ова да доаѓа од фан на Чикаго. Ај, nothing to do here.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
Ај дури сме кај Роуз, да ви се пофалам шо ми стигна пред 3дена. :)





Знам дека тешко ќе е да се врати во старата форма, ама голем ќејф ми е шо имам дрес од ѕверов. (y)
 

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
^ со ќеф да го носиш синко, јас пак си имам од гарнет :icon_mrgr:
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.213
Поени од реакции
1.713
^Same here, зелениот. Се надевам нема да се пензионира и ќе иам можност да го видам во живо.

Честито титула за Мајами и нивните фанови, заслужено. Оклахома не беа на нивото од претходните рунди, повеќе од нив ќе гледаме во сезоните што претстојат. Конечно прстен за ЛеБрон, заслужуваше со страшната игра цела сезона и плејоф и собрано доволно искуство за да го предводи Мајами до нова титула. Голема помош имаше од Батие и секако од Милер последниот меч = on fire! Мене лично ми беа поинтересни дуелите Бостон-Мајами и СА-Оклахома отколку самото финале, и секако не мислам дека шампионскиот тим е силен како што беа претходните Далас, ЛАЛ, Бостон, Сан Антонио, Детроит.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom