NBA Finals 2012

Кој ќе биде шампион во НБА за 2012

  • Вкупно гласачи
    229
  • Гласањето е завршено на .

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Ова си го плесна онака... У кливлент највисока му беше 15 милиони (ми се чини у 2009-та) за мајами попиша за некои си 16 милиони и нешто. Али не ми беше тоа муабетот, се гледа нивни фан си а со такви неам намера да дискутирам пошо у круг ќе се вртиме, ај олабај ме...
Навивам за Чикаго...
И не го треснав од памет, ако останеше Леброн во Кливленд ќе земаше поголема плата, знам дека пред две години читав дека големата тројка (двојка и пол) на Мајами се согласила за помали плати со цел да освојат титула.
Еве ти и доказ...
"The numbers are not finalized," James said. "All three of us are going to take less money, because we all wanted to play alongside each other and we feel we can be great together."
http://articles.sun-sentinel.com/2010-07-08/sports/sfl-lebron-james-decision-070810_1_james-and-bosh-dwyane-wade-lebron-james
 
T

The Cryptkeeper

Гостин
Навивам за Чикаго...
И не го треснав од памет, ако останеше Леброн во Кливленд ќе земаше поголема плата, знам дека пред две години читав дека големата тројка (двојка и пол) на Мајами се согласила за помали плати со цел да освојат титула.
Еве ти и доказ...
http://articles.sun-sentinel.com/2010-07-08/sports/sfl-lebron-james-decision-070810_1_james-and-bosh-dwyane-wade-lebron-james
„Па и Леброн зема пониска плата од онаа што ја земаше во Кливленд...“
Што ја земаше, минатов време. А не што би ја земал. Не се вади сега. И да де, тоа и му беше целта да биде у склоп на ол стар ѕвезди (читај: по секоја цена да освои прстен) и му успеа. Нешто што вистинките кралеви не го прават, нели.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
„Па и Леброн зема пониска плата од онаа што ја земаше во Кливленд...“
Што ја земаше, минатов време. А не што би ја земал. Не се вади сега. И да де, тоа и му беше целта да биде у склоп на ол стар ѕвезди (читај: по секоја цена да освои прстен) и му успеа. Нешто што вистинките кралеви не го прават, нели.
Истово важи и за Пејтон и Мелоун, кои ти веќе ги спомна... Само што кутрите, не освоија титула :D Голема работа што Леброн преминал во Мајами, негов проблем, дечкото игра одлична кошарка и многу ми е мило што тим од Истокот ја освои титулата.
И го отупе со платите...
Еве ти, Леброн во првата сезона земал помала плата од онаа што ја земал во Кливленд...

Вејд оваа сезона земал помалце од минатата...
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817
Па и Леброн зема пониска плата од онаа што ја земаше во Кливленд...
Исто и Бош, а мислам дека и Вејд се согласи да игра за пониска плата. Сега не како тие на Мелоун и Пејтон, ама последниве двајца беа ветерани, така да и во друга екипа да играа немаше да земаат којзнае колкави плати.
Баби и жаби споредувате.

Мелоун и Пејтон беа буквално на залез од кариера (Мелоун веднаш по таа сезона се пензионира а Пејтон по следната) и играа за ветерански минимум. Таков им беше и придонесот во игра, минимален.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
за перспективите и ксметот на Мајами .............

најубавата работа е што сепак на крајов ја искористија целава оваа "никаква" ситуација во лигава оваа сезона Мајами и лапнаа титула.Оваа титула на Мајами, една ( искрено, не многу вредна, со оглед на околностите на Истокот оваа сезона и генерално целава лига ) колку толку врши работа
( на кратки релации), меѓутоа на подолг период е и меч со две острици !

се знаеше дека само титула може да го спаси Споелстра, инаку ќе леташе сигурно (тоа и нему му е повеќе од јасно, па дури и не би ме изненадило и Рајли да го јадеше од функцијата GM)
од аспект на темната страна на сета оваа ситуација= со освојување на оваа титула , Рајли ке го поштеди тренеров и овој ке си остане на чело на тимов !

нормално, нема смисла тимот кој победува да се менува (Многу конрадикторно би било,Рајли и покрај освоенава титула да го мења тренеров и да го награди со отказ за добро завршенава работа ! )

е токму Сполстра најмногу ке ги кошта Мајами (и клупата !), секако покрај многу други заебанции и весели околности кои ги чекаат нареднава сезона, овој дефинитивно ке има голема-никаква
улога
============================================================================
The Thunder need to learn from their loss in this year's Finals, much like the Heat did in 2011

Што Мајами научија/извлекоа толку од минатава година од плејоф или што се смени во играва на Мајами од минатата сезона (и регуларен дел и пред се плеј)??!!!!!:confused:

Се смени нешто драстично во стилов на игра и искористување на тимов??!!! :vozbud: Не !

Изгради некоја стратегија Споелстра или да развие некоја игра/тактика по шаблон, направи некои подесувања критични, препознатлива игра која би им донела резултат ?! ТИКВИ !!!

Клупава нешто ја разубавија/ојачаа, ја искористија подобро ??!!!!! НЕ !
(и минатава година го имаа Mike Bibby и Eddie House-одличен тројкаш па многу не видовме аир од нив !)

Па и бројките некој да ги види говорат сами за себе, се никакви (шут за 3 и слободни катастрофа, претежно и многу грешки од игра)

ама буквално НИШТО не е сменето во играва на Мајами, со прст не е мрднато во ниеден сегмент! секако, освен Леброн кој игра за влакно подобро од минатава сезона
(ама тоа е сепак индивидуално, очекувано, и се знаеше дека после толку критика Леброн ке даде маx а и се знаеше дека Леброн ке биде најмалиот проблем во тимов од аспект на резултати и придонес)

Шемата е урааааааа Леброн и вејд и тоа е на крајов !
============================================================================
ај кај е Lockout, ама прва рунда го начекаа раштиманиов/тазе склопен тим на NY каде многу битни играчи фалеа и заебанции со тренериве
втора рунда неискусните и млади ИНдијана (кои можеа да ги издуваат Мајами, ама толку им беше душата)
против Бостон (единствен искусен тим кој сепак немаше доволно играчи и клупа, исто ради повреди и во години) едвај спасија глава

и ко јагодка на шлагот, неискусните и млади Громови,"дуел над дуеливе" (жими таквото) кои беа многу бледа копија споредено со рундите на Западот и буквално се изгубија и трчаа ко муви без глави со тон грешки (n)

догодина :vozbud: , здравје, на full 82 утакмици сезона, кога има доста утакмици за експериментирање и штимање, Истоков треба/може да биде мраз за Мајами!

NY сите на број, здрави и прави се одлични, Бакс се многу комплетен тим и меѓу фаворитите на исток, Орландо со Howard (да не се лигави) се за респект, Булс дури и без Роуз играат одлична тимска кошарка, Роуз најкасно плејоф се врака (оваа година во плеј ептен потфрлија)
Атланта се секогаш у плеј цврсто тике Индијана и Фили со по некој шутер да донесат се исто така многу добри, Washington се ојачаа колку толку, па и Торонто не е лош , секако и Бостон не се заборава

Практично, догодина на Исток речиси и да нема слаб тим !

Мајк Милер размислува за пензија по титулава (проблеми со грбот) а и онака не игра констактно, Батие догодина е веке дедо Батие ( а и инаку ја дупна, освен неколку битни партии на крај )
Вејд +/- го јаде векот, БОш веке одамна не го ни рачунам за нешто посериозно и како стабилен играч
многу тешко ке биде за оваа гарнитура на Мајами догодина на здрав и комплетен Исток !

за титула (еднина) во ред, ама за титули =множина во наредниве години, многу тешко ( како оваа сезона на истокот ако им се трефнат коцките o_O )

здравје догодина !
 
T

The Cryptkeeper

Гостин
Баби и жаби споредувате.

Мелоун и Пејтон беа буквално на залез од кариера (Мелоун веднаш по таа сезона се пензионира а Пејтон по следната) и играа за ветерански минимум. Таков им беше и придонесот во игра, минимален.
Еј ајде де, докажи му.
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Ај заебите со муабетот, голема тема отварате и пишувате без да проверите...
Мајкл Џордан беше во тим со Пипен, Кукоч, Хорас Грент, Стив Кер, Рон Харпер, тренер Зен-от итн...
Коби Брајант во тим со Шек, Хори, Фишер, Рик Фокс, Хорас Грент итн. итн...

Тоа беа играчишта... Низ документарци и интернет ги гледав финалињата на Џордан, ама овие на Брајант ги следев уште тогаш... Страшни играчи беа, само што сега начекавте тимот на Мајами да се комплетира вака за да ќењате...

САС со Паркер, Данкан, Џинобили, Стивен Џексон, предводен од Грег... Што за нив не зборувате?
На ЛАК, со Грифин, Пол, Вилијамс? ЛАЛ ги има Брајант, Гасол, МВП :D, Бајнам... ЊЈК ги има Ентони, Стадемаер, Тајсон Чендлер, Џ.Р Смит, Лин... Страшна екипа...

И така натака, и така натака :)

Сакам да кажам, дека сега скоро секоја екипа има минимум тројца all-star играчи, не е само Мајами... Позаслужена од оваа титула, Амин...

Лани им фалеше искуство и среќа, оваа година максимално сконцентрирани, ги послужи шутот и заслужено се Шампиони... Напомена, дека Бош не играше скоро цел плеј-оф, тоа е минус голем, ама успеаја да го надополнат тој недостаток...
 
T

The Cryptkeeper

Гостин
Еве ти, Леброн во првата сезона земал помала плата од онаа што ја земал во Кливленд...
Оф леле е не 16 мил. у старт ќе му дадат, на руки. Ти рече у Мајами земал помала плата од (да претпоставиме) у Кливлент шо му изнесувала најголемата (сезонска) што не е точно. Само за 2011/2012 на леброн му следат 16 и нешо, шо е нај до сеа.
--- надополнето: 23 јуни 2012 во 02:57 ---
Ај заебите со муабетот, голема тема отварате и пишувате без да проверите...
Мајкл Џордан беше во тим со Пипен, Кукоч, Хорас Грент, Стив Кер, Рон Харпер, тренер Зен-от итн...
Коби Брајант во тим со Шек, Хори, Фишер, Рик Фокс, Хорас Грент итн. итн...

Тоа беа играчишта... Низ документарци и интернет ги гледав финалињата на Џордан, ама овие на Брајант ги следев уште тогаш... Страшни играчи беа, само што сега начекавте тимот на Мајами да се комплетира вака за да ќењате...

САС со Паркер, Данкан, Џинобили, Стивен Џексон, предводен од Грег... Што за нив не зборувате?
На ЛАК, со Грифин, Пол, Вилијамс? ЛАЛ ги има Брајант, Гасол, МВП :D, Бајнам... ЊЈК ги има Ентони, Стадемаер, Тајсон Чендлер, Џ.Р Смит, Лин... Страшна екипа...

И така натака, и така натака :)

Сакам да кажам, дека сега скоро секоја екипа има минимум тројца all-star играчи, не е само Мајами... Позаслужена од оваа титула, Амин...

Лани им фалеше искуство и среќа, оваа година максимално сконцентрирани, ги послужи шутот и заслужено се Шампиони... Напомена, дека Бош не играше скоро цел плеј-оф, тоа е минус голем, ама успеаја да го надополнат тој недостаток...
Не е точно, Кингси никад немале ол стар ѕверотиња па пак кинеа 2001. Ок, вебер таму на клупа еднаш беше у ол стар али ко да не се рачуна.
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Не е точно, Кингси никад немале ол стар ѕверотиња па пак кинеа 2001. Ок, вебер таму на клупа еднаш беше у ол стар али ко да не се рачуна.
Не заебавај, Дивац тогаш беше можеби и единствениот што колку-толку можеше да се носи со најдобриот центар тоа време, Шек... Пеџа беше два пати или три пати најдобар стрелец во НБА, со Ајверсон заедно, за тројки да не зборувам... Даг Кристи, еден од најдобрите дефанзивци во тоа време, Мајк Биби играчиште... Рик Аделман одличен тренер... :)
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
Ај заебите со муабетот, голема тема отварате и пишувате без да проверите...
Мајкл Џордан беше во тим со Пипен, Кукоч, Хорас Грент, Стив Кер, Рон Харпер, тренер Зен-от итн...
Коби Брајант во тим со Шек, Хори, Фишер, Рик Фокс, Хорас Грент итн. итн...

Тоа беа играчишта... Низ документарци и интернет ги гледав финалињата на Џордан, ама овие на Брајант ги следев уште тогаш... Страшни играчи беа, само што сега начекавте тимот на Мајами да се комплетира вака за да ќењате...

САС со Паркер, Данкан, Џинобили, Стивен Џексон, предводен од Грег... Што за нив не зборувате?
На ЛАК, со Грифин, Пол, Вилијамс? ЛАЛ ги има Брајант, Гасол, МВП :D, Бајнам... ЊЈК ги има Ентони, Стадемаер, Тајсон Чендлер, Џ.Р Смит, Лин... Страшна екипа...

И така натака, и така натака :)

Сакам да кажам, дека сега скоро секоја екипа има минимум тројца all-star играчи, не е само Мајами... Позаслужена од оваа титула, Амин...

Лани им фалеше искуство и среќа, оваа година максимално сконцентрирани, ги послужи шутот и заслужено се Шампиони... Напомена, дека Бош не играше скоро цел плеј-оф, тоа е минус голем, ама успеаја да го надополнат тој недостаток...
многу работи измеша а и не ги разбираш некои од нив !

Лани се "лизнаа" Мајами и немале срека ИЛИ вистината е немаа шанси и беа исплескани од глава до пета од една тимска игра до перфекција од тимот на Далас кои не знаеја минатата година да промашат и рушеа рекорди, кои на западот сите ѕвезди ги исплескаа без респект и убедливо освоија титула како ретко кој тим у НБА минативе 15 години !!!! .................а па тимов на Мајами беше хаос, недисциплина =каубојци (Леброн, Вејд) и индијанци (Споелстра) и на ништо не личеше!

Ако Леброн, кој играше финале 2007, Вејд кој има титула од 2006 и плус сите заедно со Бош се иста генерација драфт 2002, со 8 години искуство пред да дојдат у Мајами 2010 не се искусни, не знам кој се ....смешки........а што, ова година пак се искусни повеќе од минатава и имаат некоја подобра игра , благодарение на искуството :pos: ?!!!!

ако оваа година немааа Мајами срека , не знам кој тим кој освоил титула НБА минативе 10 години имал повеке срека...........кажи ми го баш да го чујам кој е тој тим !!!!!!

кога дојде Истокот до тоа дереџе оваа година, Филаделфија и Индијана, млади тимови у плеј да бидат главни тимови ........конкуренција што да ти зборам .......и кај сите конкуретни тимови на Мајами на Истокот и најголеми ривали да им фали главната ѕвезда или повеќе играчи, ради повреди пред се !

Бош бил повреден , а Роуз кај отиде бе , на Халкидики ! Howard кај беше ?! Ми ги спомна Knicks имале многу играчи, Stoudamire е за операција на кичмата, LIN не играше, Shampert си еба мамата........... .Бостон го изгуби Bradley пед плеј инаку утакмица немаше Шампиониве да добијат Ален е исто така за операција на колено...............и ти најде сега да кажуваш заслужено биле и повреди да ми спомнуваш како фактор :pos: !
==================================================================

па дури и најде Чикаго да ми го токмиш со овој Мајами експериментов........................

овој Мајами, денеска е нешто како Јордан 96-та, покрај Пипен да ги викнеше Malone и Stockton и ајде ураааааааа ......кога овие беа сите во најдобрите години............или таму пред династијата на Чикаго во 91 да ги викнеше Баркли и Drexler и да освои 6 прстени !

за сите тимови, погоре кои ги спомна без веза, градењето на тимовите го правеа постепено, со нови играчи од драфтови, низ годините и развиваа тимска игра и правеа некој концепт........имаше план, тоа е основната разлика !

Lakers : 96 иде Shaq, во неговата 5 сезона, истата година го зимат Брајант на драфт.......Kоби првите 3 години игра сосема просечно.........дури по 10 години е оној правата легенда
Спарс : 97 иде Данкан, 99 Џинобили 2001 Паркер.......одличен тим ........2003 година титула......колку беа искусни овие тројца тогаш ??!!! ама имаше ред и тимска игра и пред се одличен тренер ??!!

итн итн......................

Грифин и Paul срамота е да ги токмиш со тројкава на Мајами (Грифин е од вчера, типот не се знае
што како)

Денешните играчи, сакаат да дојдат то титула со многу малку напор........тоа е разликата во менталитетот.......фрли огромен кеш и направи си тим и свиркај си ........... е арно ама тоа не е ама ич гаранција за успех на еден тим..............тоа го покажа експериментот со Мајами

Мајами дојдоа 3 топ пика од 2002 (мегу најталентираните драфтови во историјаата на НБА), веке кога беа во најдобрите години, разработени и проверени играчи со 8 години искуство сите зад себе......................и затоа не се споредува со ЛА, Спарс или друг тимови кои ги спомна на ветер

Си фрлија дебел кеш Мајами, си донесоа супер играчи-индивидуалци , во ред, се поштено ама дека имаат некоја спектакуларна/супериорна игра , досега невидена, да паднеше на газ, нема веза.......напротив, на ништо не личи и не треба да си некој експерт за кошарка тоа да го видиш !

не знам како може само да ми се дивиш на еден од најдобрите и најатрактивните тимови во историјата на НБА, склопени со одлична , несебична тимска игра (Кингс ерата 2000-2003) од една страна и од друга страна со контрастов Мајами кој нема блага веза , Т од тимска игра =трчање ко улави и цепелини !

и друг пат провери ТИ што пишуваш............
(се живо диво експерти за кошарка стаанаааа у државаааа)
 
T

The Cryptkeeper

Гостин
Не заебавај, Дивац тогаш беше можеби и единствениот што колку-толку можеше да се носи со најдобриот центар тоа време, Шек... Пеџа беше два пати или три пати најдобар стрелец во НБА, со Ајверсон заедно, за тројки да не зборувам... Даг Кристи, еден од најдобрите дефанзивци во тоа време, Мајк Биби играчиште... Рик Аделман одличен тренер... :)
Не мора да ми ги набројуваш, фан сум на кингси баш од тие денови. ;) Сите беа играчишта де, али колективен тим беше тоа немаше некој шо се издвојава ко Коби, Дурент, Леброн у моментов или шо ти знам таму...
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Оф леле е не 16 мил. у старт ќе му дадат, на руки. Ти рече у Мајами земал помала плата од (да претпоставиме) у Кливлент шо му изнесувала најголемата (сезонска) што не е точно. Само за 2011/2012 на леброн му следат 16 и нешо, шо е нај до сеа.
Aбе си се закачил како слеп за стап за платата... Факт е дека се сложил цело време да му биде околу 16 милиони.... Брајант зема 25 милиони, а и Леброн би земал во речиси секоја друга екипа. Ај за бесплатно нека игра. 15 играчи се подобро платени од Леброн, Вејд и Бош, немој да ми кажеш дека во моментов Леброн и Вејд по квалитет не се во топ 5 играчи во NBA.
Ајде да не споредувам баби и жаби, ете ти го О'Нил како пример, најдоминантниот центар во NBA во последниве 20 години. Или требаше цел живот да остане во Орландо и никогаш да не освои титула? Кевин Гарнет... каков преварант, зошто ја напушти Минесота, па згора на тоа и идиотон Реј Ален му се придружи од Суперсоникс. Вакви примери има колку сакаш, ретки се играчите кои цел живот играат за една иста екипа. Мајами имаат силна екипа, а вчера покажаа дека не се само тројца играчи кои се таму квалитетни... И зошто некој да ризикува да не биде шампион, глупо е за тоа какви само имиња не освоиле титули и штета ќе беше играч како Џејмс да биде без титула. Сите го величат Брајант, ама и тој никогаш не можеше сам да освои титула, зошто би можел и Џејмс. Брајант не ни беше MVP на финалето при првите три титули. Ни Мајкл Џордан не би можел сам да освои титула... А факт е дека каква беше ситуацијата со Кливленд тешко дека некогаш ќе освоеја титула.
 
Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363

чекај прво викаш гарнет,ален биле преваранти,идиоти а после викаш зошто некој да не ризикува да биди шампион :tapp:
епа одлучи се
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
чекај прво викаш гарнет,ален биле преваранти,идиоти а после викаш зошто некој да не ризикува да биди шампион :tapp:
епа одлучи се
Ај прочитај го уште два-три пати постот... се надевам си слушнал за иронија.
 
Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
Ај прочитај го уште два-три пати постот... се надевам си слушнал за иронија.
гледам од преска дискутирате за платите, не ви ги читам постовите, тоа болдираното ми влезе така в очи, плус за бостон навивам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom