Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Некој да ми даде линк, име, било што од агенција што организира летувања во октомври? Најмногу ме занима за Египет/Тунис/Шпанија.
Египет и Тунис не знам колку ти се сигурни за да одиш таму, но ако си решен Аурора турст ти се најдобри за тие краишта. Со нив сум била натаму во 2007 мислам и сум презадоволна, но мислам дека тоа ќе ти биде како индивидуален аранжман и ќе те кошта поскапо од причина што нема веќе чартери во октомври.
За Шпанија моја препорака не ти треба агенција букирај хотел, букирај карта и готово. Рајан од Солун до Барселона, сега ако букираш веќе од средина на август ти се доста ефтини картите околу 50 евра повратна. На букинг хотел ќе си најдеш според желбите и готова работа. Само Шпанија е малку посвежа да речеме од Грција на пример и морето е доооста поладно. Јас за октомври би ти препорачала пример Анталија, Бодрум, Кемер....позз
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496

А за септември?
 
Член од
8 април 2009
Мислења
26
Поени од реакции
11
Бил ли некој во овој Хотел Neapolis во Полихроно?
http://atlantis.mk/index.php?id=811

Цениве некако не им се скапи, ама како што прочитав мислења на интернет, не се многу задоволни гостите. :confused:

Не сум гостувала во тој хотел но на прв поглед изгледа дека е супер..има поглед кон море а тоа намјногу ме погодува. Знам дека на гостите од околните хотели им служат во Неаполис оброци, што значи е доста поопремен од другите.
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 03:16 ---
Египет и Тунис не знам колку ти се сигурни за да одиш таму, но ако си решен Аурора турст ти се најдобри за тие краишта. Со нив сум била натаму во 2007 мислам и сум презадоволна, но мислам дека тоа ќе ти биде како индивидуален аранжман и ќе те кошта поскапо од причина што нема веќе чартери во октомври.
За Шпанија моја препорака не ти треба агенција букирај хотел, букирај карта и готово. Рајан од Солун до Барселона, сега ако букираш веќе од средина на август ти се доста ефтини картите околу 50 евра повратна. На букинг хотел ќе си најдеш според желбите и готова работа. Само Шпанија е малку посвежа да речеме од Грција на пример и морето е доооста поладно. Јас за октомври би ти препорачала пример Анталија, Бодрум, Кемер....позз

Девојка87 а да кажеш нешто за Лефкада? подетални информации за сместување,плажи, и сл
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
А за септември?
За каде за септември? За Египет и Тунис имаш аранжмани за септември доста ефтини преку повеќе наши агенции, но ти кажав искуството вели дека за тој дел најдобри се аурора, сеа до душа некое евро поскапи од другиве ама барем знам дека нема да ме загубат некаде по аеродромите. За Шпанија за септември немам видено аранжман, најверојатно затоа што е поладно. Јас во Шпанија бев во Лорет во сред сезона и морето беше камен ладно иако времето беше доста топло, ако одиш за Шпанија разгледај опција за на Тенерифе (нормално во сопствена режија ако не сакаш да те одерат агенцииве) таму секогаш ти е 25 степени па и во декемврри. За Турција имаш аранжмани по агенцииве за цел септември....па сега ти избери дестинација само ;)
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 08:44 ---
Девојка87 а да кажеш нешто за Лефкада? подетални информации за сместување,плажи, и сл

За Лефкада цените се исти како и во цела грција, нема нешто разлика. Имаш лидл во близина на главниот град. За сместување како база само Агиос никитас, местенце во близина на Катизма плажата. Од таму се ти е блиску (нормално со кола). Во Нидри не препорачувам зошто таму нема плажа (има ама не чини за бањане) па мораш да возиш и по 30 км во еден правец за да дојдеш до плажа. Сите убави плажи ти се на западниот дел од островот.
 
Член од
20 јуни 2011
Мислења
192
Поени од реакции
13
планирам да одам на одмор па сакам да ве прашам,која агенција дава најповолни услови од која сте биле најзадоволни.
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
42
Поени од реакции
23
планирам да одам на одмор па сакам да ве прашам,која агенција дава најповолни услови од која сте биле најзадоволни.
Каде сакаш да одиш? Хотел или апартман? И до која цена? :)
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Бил некој во Хургада?
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ок, знам дека сум досадна.

Која е најевтина варијанта за превоз до аеродромот во Белград?
--- надополнето: 24 јуни 2012 во 13:20 ---
Бил некој во Хургада?
Некои интересни активности таму? Цени за такси?
 
Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Деновиве треба да си земам нова кола, па првото сефте со неа ќе го направам за Истанбул некаде 15ти јули на 2/3 дена. Потоа кај другарка во Црна Гора - Котор, слушнав дека добар ремонт му направиле на местото и доста атрактивно е, потоа најверојатно ќе соберам поголемо друштво и ќе одиме на саглам одмор од барем 10тина дена за Грција, најверојатно Амулијани тоа е остров помеѓу Халкидики... ако остане слободно време, може и со мојте да се оди некаде. Во принцип не сум човек за одмори, ми здосадува после 2 дена било кое место на светов :)
Како и да е моја препорака каде и да одите, одете со добра екипа и на места каде нема старци ;)
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Бил некој во Хургада?
Пак јас со одговориве ;)
Да имаш неколку излети во Хургада кои никако не смееш да ги пропуштиш кога си веќе таму. Посета на Каиро и пирамидите, Посета на Луксор, нуркање и сафари. Ако ги идеш сите излети ќе ти го исполнат времето и одморот ќе ти помине додека трепнеш. Излетите до Каиро и Луксор земаат туку речи два дена од причина што од Хургада до Каиро патуваш 500 км
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Како што гледам овде се коментира многу .. кој што е за летовање во Охрид а нема смештај нека ме контактира . имам апартмани за издавање во центарот на градот поточно во самата чаршија ..апартманите се трокреветни и цената е 30 евра од вечер по апартман односно по 10 евра на кревет иде .
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551

10 евра од кревет у охрид? освен тоа што ке ти се изнасмеам у фаца ке ти кажам и дека си доста забеган :D
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
42
Поени од реакции
23
Хаха, на море во секоја од државите на балканот ќе најдеш сместување 10 евра по човек не подалеку од 500 метри од плажа. Подобри услови од Охрид. Не дека сум анти-македонец, али реално погледнете охриѓани, цениве ви се како на Ибица.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
10 евра од кревет у охрид? освен тоа што ке ти се изнасмеам у фаца ке ти кажам и дека си доста забеган :D
Зашто забеган ? апартманиве се во центар значи на 2 чекори од апартман ти е чаршијата ако си бил охрид над слаткарата Корзо има едно како уличка што води во стариот дел на градот и има таму народни носии се продаваат е тука од спротива тоа ... ова е најефтино во центар што може да најдиш . иначе под 1000 ден од кревет во центар јок .. имаш на 30 мин пешки од центар по 400 ден тоа ти се цените во Охрид :)
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Зашто забеган ? апартманиве се во центар значи на 2 чекори од апартман ти е чаршијата ако си бил охрид над слаткарата Корзо има едно како уличка што води во стариот дел на градот и има таму народни носии се продаваат е тука од спротива тоа ... ова е најефтино во центар што може да најдиш . иначе под 1000 ден од кревет во центар јок .. имаш на 30 мин пешки од центар по 400 ден тоа ти се цените во Охрид :)
Искрено....не знам како се цениве годинава во Охрид, но јас никогаш не сум платила повеќе од 300 ден на вечер и никогаш не сум била на 30 мин од центар. Можеби не во центар ама на два чекори од него сум била сместена.
Реално за оваа цена што ја нудиш мислам дека на море ќе помине човек поефтино, па годинава јас бев на 7 дена во Будва превоз +смештај = 50 евра. Не знам не сакам да те навредам, можеби реални ти се цените споредено со цените во Охрид годинава, но реално дооста доста високи цени, поготово кога ќе земеш во предвид дека е сепак езеро во прашање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom