Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Кои документи се потребни за патување во Црна Гора? И ако има некој искуство со поволен смештај за 2ца нека сподели..
Имаш виле у центар на Будву 10 евра ти е ноќевање и људи су ептен задовољни.А и има што да се види у Будву :)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Бил ли некој во овој Хотел Neapolis во Полихроно?
http://atlantis.mk/index.php?id=811

Цениве некако не им се скапи, ама како што прочитав мислења на интернет, не се многу задоволни гостите. :confused:
Јас бев лани во овој. Местоположба има одлична, на прв ред е, храната е убава, чисто и пристојно место, имаш нет доле. Е сега келнерките се од Македонија и се у филм дека се газдарици на хотелот така да те третираат како прв пат да влагаш у хотел или прв пат идеш во Грција. Филм човече. Така да имаше прилично доста инциденти со нив. Пример не ти дава вода, ти ги брои залците на шведска маса, ти стои над глава додека јадеш, се дерат, нервозни...Прв ден кога ќе стасаш ќе се искараш и наредните денови ќе те остават на мира, само ќе ти пречи на мирните гости како им се понашаат и она што го јадеш ќе ти се одјаде. Битолчанки беа. Плус и шефовите им се манијакално настроени.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566

Прашав вчера, ама за жал нема места во август веќе. :/
Него препорачајте нешто пристојно за полупансион, под пристојно цена и услуга и сл.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Прашав вчера, ама за жал нема места во август веќе. :/
Него препорачајте нешто пристојно за полупансион, под пристојно цена и услуга и сл.
Имаш исто од атлантис неа потидеа, хотелот се вика Потиде голден бич и мислам имаше место за 14 август по релативно пристојна цена со алл иклузив.

Инаку мојте лани беа во хотел Наполис и они беа презадоволни. Никакви инциденти немале ниту со кенлерките ниту со никого. Единствено ми рекоја дека местото не го препорачуваат за млади зошто нема никаква забава.

Некој нешто за Парга некоја информација???
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
736
Поени од реакции
704
Разгледувам повеке опции за летово една од нив ми е и во Катерини на паралија ,али не преку агенции туку ке идам со автомобил и сум заентересиран за приватно сместување.
Е сега ако некој е бил да сподели искуство, како се цените за смештај ,нокен живот има ли?, паркинзи дали се наплакат или се тоа иде со смештајот?, како е плажата ..... итн, Некој....?
 
M

macgowan

Гостин
Некој нешто за Парга некоја информација???
Парга

е мало симпатично местенце, мирно, со 3 убави плажи и кристално чисто море. Убави ресторанчиња со свежа риба, не нешто посебно скапа. Навечер е мирно.
Од каршија се Пакси и Антипакси - обавезно излет сo бродче на Антипакси, една од најубавите лагуни што сум бил е таму

Феноменално е, за жал не можам да постирам од моите слики да не нарушувам приватност.
Во околината ако сте со кола одете до Амудиа(има супер плажа), кај реката Ахерон и блиску е и Сивота на север накај Игуменица. Има неколку убави увалици од Амудиа јужно.
 
Член од
30 октомври 2008
Мислења
111
Поени од реакции
14
Dajte nekoj ponudi za Albinija (Valona ili Saranda)
 
M

macgowan

Гостин
Разгледувам повеке опции за летово една од нив ми е и во Катерини на паралија ,али не преку агенции туку ке идам со автомобил и сум заентересиран за приватно сместување.
Е сега ако некој е бил да сподели искуство, како се цените за смештај ,нокен живот има ли?, паркинзи дали се наплакат или се тоа иде со смештајот?, како е плажата ..... итн, Некој....?
Последен пат бев пред неколку години за викенд, беше вон сезона(септември) и беше многу мирно а водата топла. Цените нешто поевтини од Халкидики, имаш дуќани каде можеш да купиш поевтино производи од кожа. Претходно пред повеќе години во екот на сезоната (јули/август) и навечер беше проблем за паркинг со колата оти беше страшна гужва ама имаш паркинзи со наплата. Навечер е живо како во секое туристичко место. Балкан people врие, имаше неколку поживи кафичи колку памтам и тоа е тоа. Катерини ти е на 5 минути.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Парга

е мало симпатично местенце, мирно, со 3 убави плажи и кристално чисто море. Убави ресторанчиња со свежа риба, не нешто посебно скапа. Навечер е мирно.
Од каршија се Пакси и Антипакси - обавезно излет сo бродче на Антипакси, една од најубавите лагуни што сум бил е таму

Феноменално е, за жал не можам да постирам од моите слики да не нарушувам приватност.
Во околината ако сте со кола одете до Амудиа(има супер плажа), кај реката Ахерон и блиску е и Сивота на север накај Игуменица. Има неколку убави увалици од Амудиа јужно.

Конечно некој со информација....фала ти :cuc: Само уште ова кажи ми ако не ти е тешко, дали може со скутер да се вози, зошто слушам дека било доста узбрдно? Ние сме двајца па не се исплаќа со кола, освен ако не најдеме уште некој! Цени како се таму? Секоја информација е добредојдена
 
Член од
21 април 2012
Мислења
144
Поени од реакции
58
Sakam da odam na Lefkada. Ama dobiv kontradiktorni podatoci za temperaturata na vodata. Navodno bila dosta sveza, da ne kazam ladna. Nekoi pak demantiraat. Odime so malo dete. Ako nekoj bil, neka se proiznese.
 
AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
Dajte nekoj ponudi za Albinija (Valona ili Saranda)
Мислам дека нема ваква понуда од македонска туристичка агенција, знам дека има од една албанска ама не знам која.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Dajte nekoj ponudi za Albinija (Valona ili Saranda)
Не ти треба агенција за Албанија. Можиш сам да си најдиш смештај по доста евтини цени. Нормално оти потешко ќе најдиш сред сезона ако одиш и доколку погодиш за викенд да бараш.
 
M

macgowan

Гостин
Sakam da odam na Lefkada. Ama dobiv kontradiktorni podatoci za temperaturata na vodata. Navodno bila dosta sveza, da ne kazam ladna. Nekoi pak demantiraat. Odime so malo dete. Ako nekoj bil, neka se proiznese.
Модести, Јонското море е малку посвежо од да речеме Егејското ама затоа па ја има најубавата боја и чистота на морето, но не мора да значи дека ќе ти се погоди малку поладна струја. Водата си е ок, проверено и ние бевме тогаш со мало дете кое беше многу зиморливо:) па од вода не излезе...Ги имам скоро сите острови на Јонско поминато(освен Кефалонија) и можам да ти кажам дека никаде не сум начекал ладничка вода, можеби така ми се годело. Само напред Лефкада е феноменална!
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 18:18 ---
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 18:25 ---
Конечно некој со информација....фала ти :cuc: Само уште ова кажи ми ако не ти е тешко, дали може со скутер да се вози, зошто слушам дека било доста узбрдно? Ние сме двајца па не се исплаќа со кола, освен ако не најдеме уште некој! Цени како се таму? Секоја информација е добредојдена
Вистина има угорници ама не би требало да е проблем...ние бевме сместени малку подолу во апартмани и колата ја оставав пред куќа.
Цените се како во цела Грција, нема разлика ништо.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Некој да ми даде линк, име, било што од агенција што организира летувања во октомври? Најмногу ме занима за Египет/Тунис/Шпанија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom