Хорор филмови

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Children of the Corn филмовите многу дотепани на имдб :eek: Толку се тиња ? Дека Стивен Кинг па си мислев ...

Го слегнувам само првито од 84та , гледам 5.2 оцена има , води убедливо . :pos:
Првиот дел ми е еден од омилените хорори, иако по квалитет не е нешто посебно ама за помлад гледач филмот е страва! Башка има некои култни сцени како онаа со ресторанот и темата од саундтракот е лудница:


И актерите за ликовите на Исак и Малакај се прва лига. Многу го сакам филмчево. По новела на Стивен Кинг иначе.

Вториот дел се трпи, натаму е катастрофа.
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 05:59 ---
И уште едно интересно видео случајно ми излета на youtube: Каде се и што прават денес актерите од филмот :)
 

Ставре од Швицарска

Желба по титула :D
Член од
25 август 2011
Мислења
2.700
Поени од реакции
2.805
Ај предлог за добар хорор , што ќе ме извади од кожа ... така нешо ептен грозно , страшно ...
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.694
Поени од реакции
22.620
Ај предлог за добар хорор , што ќе ме извади од кожа ... така нешо ептен грозно , страшно ...

Врати се наназад имаш еден куп добри хорор филмови..
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Првиот дел ми е еден од омилените хорори, иако по квалитет не е нешто посебно ама за помлад гледач филмот е страва! Башка има некои култни сцени како онаа со ресторанот и темата од саундтракот е лудница:


И актерите за ликовите на Исак и Малакај се прва лига. Многу го сакам филмчево. По новела на Стивен Кинг иначе.

Вториот дел се трпи, натаму е катастрофа.
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 05:59 ---
И уште едно интересно видео случајно ми излета на youtube: Каде се и што прават денес актерите од филмот :)
Првиот дел е закон. Мали запустени гратчиња на секои 500 км. Се е преплавено со пченка, каде и да се завртиш, една голема пустина од пченка. Така јас едно време си ја замислував цела Ајова:pos:. Иначе сам го гледав филмов, како дете и тоа. Атмосферата беше добра. Имињата, сите до едно од Стариот Завет од Библијата ми беа чудни, морничави исто како и нивното прилично заебано теократско-малолетничко општество. Ова е еден од се поретките хорори каде што многу нешта му се препуштени на гледачот и на неговата фантазија, а сепак е добро завршена работа. Ефектите се малку, но приказната за неименуваниот, (не)видлив ентитет (змеј, сатана, whatever) кој се шета низ пченките и ги тера децата да прават срања, колку и да звучи глупо на хартија, како идеја за филм сепак се покажа солидна.
Коалицијата на Исак и Малакај беше успешна се` до крајот, арно ама :)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.627
Поени од реакции
31.829
http://www.imdb.com/title/tt1181791/
Вчера го гледав филмчево, не многу опасно, али добро склопено, онака интересно. Главниот лик е батката од Game of thrones, оној на кој му летна главчето , главниот лик уште во прва сезона. Има интересни работи, не е многу страшен али како што кажав е добро склопен онака.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
http://www.imdb.com/title/tt1181791/
Вчера го гледав филмчево, не многу опасно, али добро склопено, онака интересно. Главниот лик е батката од Game of thrones, оној на кој му летна главчето , главниот лик уште во прва сезона. Има интересни работи, не е многу страшен али како што кажав е добро склопен онака.
Браво за филмов! Испадна вистинско освежување, мрачна атмосфера, среден век, тензија, сценографија и актерска екипа на ниво!
+1 препорака од мене, многу потценет и игнориран филм, нема зошто, must see е, едно од оние "мали" филмчиња кои ти остануваат во сеќавање.
(y)
 

Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Браво за филмов! Испадна вистинско освежување, мрачна атмосфера, среден век, тензија, сценографија и актерска екипа на ниво!
+1 препорака од мене, многу потценет и игнориран филм, нема зошто, must see е, едно од оние "мали" филмчиња кои ти остануваат во сеќавање.
(y)
Топ беше филмов, ама тие што ќе го гледаат нека си симнат превод, пошо има еден ирец што ама баш ништо неможев да го разберам...
 
А

Анноун

Гостин
http://www.imdb.com/title/tt1034415/ :tapp:
Why God ,whyyyyyyyyyyy ?!

Зар мораше и Суспириа да го закачаат, пари да собираат. Нема шанса ни приближно да личи на нешто . Зошто чачкаат вакви Masterpiece работи . Зошто?

 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Го гледав Devil од 2010 година. Филмов ниту има некоја продлабочена приказна, ниту пак заслужува да се вброи во оние касапски хорор поджанрови. Ни ваму, ни таму, испадна дека е за никаде. Кога ја читав скратената верзија на приказната, сместена во две-три реченици, ми се чинеше дека во ова можеби и има нешто. Во еден лифт во една зграда заглавени се неколку души. Еден од нив е натемаго лично, и тој е дојден да ги отепа другите во лифтот. Демек, треба да е интересно да се види во кого е скриен/преправен батето. Арно ама не е интересно. Заплетот и човек со потрпосечна интелигенција ќе го долови на самиот почеток, оти го има во наративниот вовед. Дијалозите немаат некоја посебна содржина, ликовите - сите до еден се бледи. За сите нив се знае/дознава мошне малку и глумата е прилично неубедлива. Ефекти нема и во филм од ваков тип, во кој и не се нуди нешто друго, тоа е пропуст. Е да, на еден од мониторите во кои се следи состојбата во просторот во кој се поголемиот број од глумциве во филмот, ќе се појави суратот на нешто што треба да е страшно.
Едноставно филмот не направи да ми биде гајле за ни еден од протагонистите и за антагонистот, сценариото како да го пишувал Турчин за колумбиски филм чиј продуцент е ментално заостанат Индиец. А јас не сакам такви филмови. Од небо се гледа дека во основа се работи за приказната од Saw, со неколку измени, со тоа што уште на почетокот знаете некои важни работи, па спојлерите, со оглед дека за ликовите баш ме заболе - се безначајни. Како и филмов. Барем за мене.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
^ Имам страв од лифтови и очекував дека, ако ништо друго, барем филмот ќе ми биде језив од причина што дејството се одвива во заглавен лифт. Уствари филмот испадна ептен досаден, на крај дури и го премотував. Кога конечно се откри кој е кој почнав да се смеам, најверојатно од мака. Не дека очекував којзнае што од филмот, ама не претпоставував дека ќе биде толку наивен, со глупи дијалози, едно-димензионални карактери, никаква напнатост. Со ова уште еднаш се докажа теоријата дека на М. Најт Шајамалакакоидае The Sixth Sense и Unbreakable му испаднаа добри несакајќи. Оние кои планираат да го гледат Devil поарно нека го видат Botched. Барем овој вториот не се сфаќа сериозно и си знае дека е комедија.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Само што го гледав Stake Land и залудно потрошени 90 минути ,кој ѓавол ме тераше да го гледам...па ,следен на репертоар ми е The Tunnel (2011) ,го препорачувате ,добар е?
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Само што го гледав Stake Land и залудно потрошени 90 минути ,кој ѓавол ме тераше да го гледам...па ,следен на репертоар ми е The Tunnel (2011) ,го препорачувате ,добар е?
Мене не ми се допадна. Ако сакаш нешто во ваков фејк-аматер-футиџ стил гледај го Rec, а потоа и Rec 2. Или одбери си нешто од филмовите кои претходно на темава ги има препорачано Psyside.
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
131
Поени од реакции
105
Како голем фан на жанров, сум изгледала многу. Од поновиве ги издвојувам Insidious, The Unborn, Dead Silence.​
Е сега, голем впечаток ми остави Antichrist кој иако го класифицираат како хорор јас не би рекла дека е тоа. Нешто како психолошки трилер ќе му дојде, мава на психа 100%, доста тежок за гледање...​
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Абе ептен сте му запнале на Insidious....ништо посебно не беше филмов, посебно последните 20 минути, филмот отиде во неповрат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom