Би се обидол ја да составам мои први 11 најдобри во досегашниот дел од првенството.
Касиљас: Еден гол примано,повеќе не е потребно.
Дебуши: Жал ми е што никој не го примети дечкото и ставаат само имиња во составот,имиња-ѕвезди.Дечкото како се оправи од квалификационите наптревари тоа е лудост.Каква трансформација од одбрана во напад и какви добри центаршутеви...Вистина сум изненаден од дечково.
Рамос: Би било глупо доколку во составот го нема столбот на најдобрата одбана на ова ЕП.Можеби се истреси малку со Италија и украдената топка на Балотели,но видете од таа секунда па натаму што се случува со Рамос.
Хумелс: Дечково со секој изминат ден покажува дека прераснува во топ класа штопер.Можеби има удел и повредата на Мертесакер,но повеќе е ми се чини одличните игри на Хумелс кој го натераа на Лев да се подзамисли кој да го игра на штоперската позиција.Едноставно одличен до досегашниот дел од ЕП.
Клиши: Е сега овде несакам да се смеете.Единствено што ќе ви кажам е слегнете си ги од Замунда Франција-Украина и Франција-Шведска и изгледете ги.Запазете на Клиши
Диара: Повеќе од очигледно е колку од помош е Диара на ова ЕП за Франција.Има исти предиспозиции со Виера.Не му е потребен клизечи старт за да зема топка.Едноставно дечково злато вреди.По европкото би требало да размилат многу од големите дали не би било паметно да го земат овој играч.
Стиви Џи: Коментар за овој другпат...Сеа ме мрзи
Иниеста: Еден од најдобрите поединци(најдобар) во овогодинешнава сенилна Шпанија.Моите претпоставки беа дека неможат Шпанците на три едноподруго големи натпреварувања да го вадат истиот среден ред.Да видиме дали ќе е точно ова.Голем тест за нив на 23 јуни.Ќе видиме дали сум точен
Самир Насри: Најдобриот поединец на Франција и ќе биде исто така најдобриот во овој "мој" состав ако може така да се нарече.Епик фејл е детево...На клупски план ќе го убијам,кога игра за Франција,втор мој Зизу,иако е далеку од него.Феноменални партии од него..Во послената против Шведска,паметно Швеѓаните го спореа Насри,но нормално со мала повреда која не му даде да се изнаигра па оттука наоѓам кривица за поразот на Французите и нормално бедното издание на Мексес,кој е буквално biggest флоп на цело ЕП.
Гомез:.................
Бентнер: Исто така не го гледам нит Бентнер во вашите 11-на...Како можеше само да му се смееше на CR7,но тука беше Варела да го извади.Добро ги згази на Холанѓаните,што и не е тешко имајќи ја во предвид нивната обрана...
Еве формацицски како би изгледало 4-1-2-1-2
Касиљас
Дебуши-Рамос-Хумелс-Клиши
Диара
Џерард-Иниеста
Самир Насри
Гомез-Бентнер