Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
8.098
а од каде пак Украјна во втор шешир?(иако нас би ни одговарала :D )
 

akcioner

стартер
Член од
20 февруари 2010
Мислења
174
Поени од реакции
85
Убаво е објаснето погоре, Украина беше првопласирана во својата група. Ја победија Шпанија нагости и покажаа дека ниту една репрезентација не смее да се потцени. На предходното ЕП, откако предходно два пати изгубија, во третото коло со 10 разлика ја победија Германија и ја исфрлија од првенството.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
првенствово одлично ќе ни дојди за овие ракометарки да стекнат поголемо искуство и да го подигнат нивото на играта, а ако имаме и плус и добри припреми со јаки репрезентации, то би било премија!!!
важно е да се направи еден континуитет на настапи на ЕП и на СП и со тоа да се добиваат полесни групи во квалификациите, а силината на репрезентацијата ќе си дојди со тек на време, кога ќе стигнат новите генерации. од овие толку можи да се очекува!!!
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
8.098
првенствово одлично ќе ни дојди за овие ракометарки да стекнат поголемо искуство и да го подигнат нивото на играта, а ако имаме и плус и добри припреми со јаки репрезентации, то би било премија!!!
важно е да се направи еден континуитет на настапи на ЕП и на СП и со тоа да се добиваат полесни групи во квалификациите, а силината на репрезентацијата ќе си дојди со тек на време, кога ќе стигнат новите генерации. од овие толку можи да се очекува!!!
кај имаме бе нови генерации?
 

wgt

Член од
30 август 2011
Мислења
280
Поени од реакции
92
oд првиот барабан, можни противници ни се Норвешка, Шведска и Хрватска, од вториот барабан очекуваме еден ривал од Франција, Црна Гора, Германија и Украина, а од третиот - Данска и Русија. .

и ?најслаби сме.Појаки сме само од Украина маааааа можи и да сме послаби пошто украинкиве последниве години совладуваат земји кои високи се пласирани .
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Сечија и ничија репрезентација

Како преку ноќ спласна интересот за ракометарите по еуфоријата во Ниш, во Белград и во Гетеборг
Роберт Димитриевски
Чија е ракометната репрезентација на Македонија? На репрезентативците и на Стручниот штаб? На Ракометната федерација? На клубовите? На медиумите? На навивачите?

Судејќи според баражот со Австрија за Светското првенство 2013 во Шпанија, на двете последни категории најмалку. Ако не излезеше РФМ со понуда во минута до дванаесет за бесплатен превоз до Виена и назад со комби, на реваншот со Австријците ќе присуствуваше цел еден новинар од Македонија, и тоа од политичката редакција на една приватна телевизија, кој со семејството намина во Виена на пропатување за Прага?! Неговите снимки направени со приватната камера од салата „Алберт Шулц“ се единственото автентично сведоштво од македонски електронски медиум за избореното трето учество на машките ракометни мундијали.

Кога и државната радиотелевизија не почувствувала потреба да испрати известувач(и) на настап на државна селекција, што да се очекува од другите? Директниот пренос одеше на Собранискиот канал, бидејќи првиот програмски сервис е резервиран за Европското првенство во фудбал. Натпреварувањето во кое Македонија не учествува и прашање е кога и дали некогаш воопшто ќе се пласира, доби предност пред едно од ретките каде што таа е значаен фактор во секаква смисла на зборот.

Навивачите, пак, се посебен феномен. На првата средба со Австријците салата „Борис Трајковски“ зјаеше полупразна, а во Виена на прсти можеа да се избројат тие што се „потегнаа“ од Македонија за да ги бодрат ракометарите. Секоја чест за околу илјада иселеници од Австрија, од Германија, од Швајцарија, па дури и од Полска, кои дојдоа да навиваат за своите миленици, со што го спасија и образот на „фалангата“.


Богами, чудесен пресврт само неколку месеци по еуфоријата во Србија, кога на мечевите во Ниш имаше по пет илјади македонски фанови, во вториот круг во Белград и по осум до десет илјади, а добар дел од нив беа дел и од априлските олимписки квалификации во Гетеборг. Каде ли исчезна таа армија што ја освои Европа со својата бројност и со приврзаноста кон националниот тим? Како во земја да пропадна.

Не е, белки, влезницата од двесте денари причината за празните столчиња во „Борис Трајковски“? Или за тоа што речиси никој не замина одовде за Виена е виновна Агенцијата за млади и спорт поради тоа што овој пат не организира бесплатни навивачки карвани како на Европското првенство во Србија, на турнирот во Шведска од квалифициите за ОИ и лани на Евробаскетот во Литванија? Па, австриската престолнина не е преку свет, и тоа во време на нискобуџетни авиокомпании...

Не само поради петтото место во Европа, Лазаров, Мојсоски, Ристовски, Алушовски, Темелков, Миркуловски и соиграчите заслужуваат многу подобар третман од тој на повремени миленици на нацијата. Таа за тоа ќе стане свесна кога, поради возраста, тие наскоро еден по еден ќе почнат да се повлекуваат од националниот тим, со што, сосем извесно, пласманите на големите натпреварувања ќе проретчат, а можеби и ќе секнат за догледно време. Тогаш ќе биде доцна.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=D279B90E3A22FC4D82F3A6C912D65E00
,


blablabla
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Дечки се извинувам по грешка го ставив постот овде иако се однесуваше на машката репрезентација.
Што се однесува со жените не ми се верува да имат иста или слична подршка како мажите. Сепак времињата на Ѓорче Петров , Кастратовичи , Радулович , Кисељева поминаа.
Јас тогаш ги знаев сите репрезентативки напамет денес незнам ни една.
Не е лошо медиумите да ја напумпат малку атмосферата и сепак да им се обрне вимание и на жените.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
За половина час од 18 часот во Монако е најавена ждрепката за групите на Европското првенство во Србија оваа година во женска конкуренција, да се надеваме на поволна и добра група за македонските репрезентативки :)
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 18:15 ---
Македонија ги доби противниците во Б групата во Ниш на Европското првенство во Србија (4-16 декември 2012)..Тие се Шведска, Данска и повторно Франција..

А група-Норвешка, Украина, Србија, Чешка
Б група-Шведска, Франција, Данска, Македонија
Ц-група-Хрватска, Германија, Унгарија, Шпанија
Д-група-Романија, Црна Гора, Русија, Исланд
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ако не нека ставеле и машка репрезентација кај нас во група.Понебалансирано од ова неможе.
 
Член од
18 јуни 2011
Мислења
28
Поени од реакции
1
Не, до некаде добра ни е групата. Шведска и Данска ако не се лажам ги посакуваше Стрезовски. Најдобро ќе беше уште и Украина да ни се паднеше, барем со неа ке ја гледавме шансата за 2 круг, ама тоа е. Ајде со добри припреми и фалангата во Ниш, може да се победи барем една од овие (y)
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Шведска (вицешампион на Европа), Данска (трикратен европски првак) и Франција (вицешампион на свет)..како
и да е им посакувам на македонските репрезентативки успешни резултати и победи, се надевам искрено уште
помотивирани со нашата поддршка во Ниш...
 
А

Анноун

Гостин
ТОПОВСКО МЕСО !

Ама ако , нека се челичат малце .
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
И онака неможат ништо посебно да направат со овој тим, ама ќе им биде огромно искуство да играат против вакви играчи а позади себе огромна подршка, па сега нека се потрудат колку можат...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom