Затоа што реално и немавме некој избор, бидејќи бевме во последниот по ранг шешир.
Од третиот изборот беше Данска или Русија. Иако и во руската репрезентација се случува пад, сепак оваа Данска е далеку од онаа пред десетина години. Од вториот шешир Украина ќе беше најповолно решение, но како што и предходно кажав и тие се репрезентација способна да победи голем фаворит ( Германија на предходното ЕП, Шпанија во квалификациите ). Германките имаат добар тим, исто како и Црна Гора и покрај тоа што Бојана Поповиќ и Маја Савиќ по олимписките игри ги завршуваат кариерите. Сепак се чини дека од вториот шешир ја добивме најсилната репрезентација. Што се однесува до првиот, тука и немавме некој избор, добро е што ја избегнавме Норвешка, а јасно беше дека ќе добиеме некоја силна репрезентација.
Групата е тешка, но во никој случај не треба да се предадеме предвреме. Треба во што поголем број да имаме навивачи таму, па макар и да не поминеме, да оставиме добар впечаток.