Македонска фудбалска репрезентација

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.707
Поени од реакции
21.219
но не се знае точно , дали проститутка од Лерија или Есторил
овој клечел кај стигнал, па дури и не се знае од која проститутка било ... иде игра со државни пари а се однесува како на екскурзија да е !!!!

Викаат дека триперашот бил Стефан Ристовски !!
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
овој клечел кај стигнал, па дури и не се знае од која проститутка било ... иде игра со државни пари а се однесува како на екскурзија да е !!!!

Викаат дека триперашот бил Стефан Ристовски !!
Во Мак. Спорт имаше статија уште викендот... таму не велат, туку тврдат дека е тој.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Муабет слушнав дека е Стефан Ристовски !! Син на Боро Ристовски у затвор што е му е овој така ?! Секој коментар е излишен . Клошари идат си праат екскурзии и после ќе јадат гомна низ град е*еле ку*ва у Португалија...
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.605
Поени од реакции
22.610
Абе и со -6 да стартуваат сите други репрезентации во нашата група, пак последни ќе завршиме. :pos:
Тешко некој и во Скопје да победиме, а во гости бод ако извлечеме успех ќе биде. Не гледате дека во групата за квалификациите за ЕП2012 само Андора успеавме да ја победиме и некако да извлечеме нерешено дома против Словачка и Ерменија, сите други натпревари ги изгубивме.
А, сега во групата за СП 2014, репрезентација од 6ти шешир е Велс. Така да, не се надевајте ни на 5то место, последни ќе си бидеме во групата. :unsure:
 
P

PewDiePie

Гостин
Хаџи-Ристески и УО на ФФМ се „самораспуштија“, ново Вонредно Изборно Собрание на 29 јули
Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески и членовите на Управниот одбор предмалку на итна седница во Прилеп поднесоа оставки и закажано е ново Вонредно Изборно собрание за 29 јули во хотел „Инекс Горица“ во Охрид. Ова е нов маневар на раководната гарнитура во ФФМ, која не сака да се откаже од власта, туку да излезе на нови избори, додека има шанси да делува и да добие нов мандат. Со една ваква одлука, на утрешното Вонредно собрание на Инцијативниот одбор, кое најверојатно нема ни да се одржи, нема да може да се гласа недоверба на претседателот.


Истовремено, ќе мора сите општински фудбалски сојузи да дадат свои предлози за нов претседател на ФФМ, по што Харалампие Хаџи-Ристески ќе знае против кого ќе треба да се бори.


Донесена е одлука да му се укине Дисциплинската казна на Масар Омерагиќ, со што Харалампие Хаџи-Ристески најверојатно го повикува на фудбалски избори на 29 јули. Еве како сето тоа е пренесено на официјалната интернет страница на ФФМ, каде се вели дека распуштен е целиот УО на ФФМ, ама не и претседателот Харалампие Хаџи-Ристески и потпретседателот Кенан Идризи.


Во продолжение, информацијата која е пласирана на сајтот на ФФМ.


УО на ФФМ денеска одржа вонредна седница на која ја укина вчерашната одлука на Комитетот за итност за одржување на Вонредно собрание на 21 јули и закажа ново Вонредно Изборно Собрание кое ќе се одржи на 29-ти јули во х. Инекс Горица во Охрид. Терминот ќе биде дополнително одреден.

УО ги задолжи ОФС-и во рок од 10 дена да одржат општински собранија и да предложат свои кандидати за претседател на ФФМ и членови на УО на ФФМ.

УО на ФФМ донесе одлука да поднесе оставка до одржување на Вонредното Изборно Собрание на ФФМ. Претседателот и потпретседателот на ФФМ остануваат на функцијата до изборното собрание.

УО донесе одлука да се избере Ад-Хок комисија во состав од 7 члена (4 членови на Управниот одбор и 3 члена на Иницијативниот одбор) која ќе координира со активностите на ОФС-и и подготовката на материјалите за Вонредното изборно собрание.

УО го одреди дневниот ред за седницата на Вонредното изборно собрание.

На предлог на претседателот Хари Хаџи-Ристески, УО донесе одлука со која му ја укина Дисциплинската казна на делегатот на ОФС Струмица , Масар Омерагиќ.

Согласно правилникот за Трета МФЛ, седиштето на Трета лига Запад наместо во Гостивар ќе биде со седиште во Тетово во наредните две години. Исто така и седиштето на Трета МФЛ Југо-Запад се сели од Охрид во Струга.

Седницата се одржа во х. Салида во Прилеп во присуство на 12 членови на УО.
(y)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Сега ќе фрчат аранжмани на сите страни.

Се кладам дека или он ќе тепа пак или некој негов пиун.
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=9429
Даниел Георгиевски во СТЕАУА БУКУРЕШТ!
Многу ми се прави кеиф кога наши репрезентативци ќе потпишат со вакви врвни клубови ( од втор ранг е тоа врвни)
Па му пожелувам се најдобро, многу успеси и трофеи, да скува некој денар да спечали, да го заработи лебот и да се искалеми најдобро што може, па и тој да биде дел од сите други што ќе ја засилат нашата лига по 5/6 години!
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Нов гол на Стевица Ристиќ...или Корејците како што би рекле СТЕВОООО...(y)

Екипа: Стевица Ристиќ продолжува со гол формата во дресот на Сувон. Ристиќ беше стрелец за својот тим и на последниот натпревар од корејскиот шампионат во победата од 3-2 против Чунам.


Голот на Ристиќ е во 2:50 мин. од видео клипот..

Повремениот македонски репрезентативец погоди во 56. минута за 3-1 во тие моменти за Сувон. По оваа победа Сувон го задржа, заедно со Чонбук, лидерското место во шампионатот на Јужна Кореја по 18 одиграни кола.
Македонија во моментов располага со добри напаѓачи, Ристиќ, Пандев, Тричковски, Ивановски, Хасани, Фазли...недостасуваат само нивните репрезентативни погодоци..

 
Член од
28 април 2009
Мислења
750
Поени од реакции
507
Нов гол на Стевица Ристиќ

Екипа: Стевица Ристиќ продолжува со гол формата во дресот на Сувон. Ристиќ беше стрелец за својот тим и на последниот натпревар од корејскиот шампионат во победата од 3-2 против Чунам.


Голот на Ристиќ е во 2:50 мин. од видео клипот..

Повремениот македонски репрезентативец погоди во 56. минута за 3-1 во тие моменти за Сувон. По оваа победа Сувон го задржа, заедно со Чонбук, лидерското место во шампионатот на Јужна Кореја по 18 одиграни кола.
Македонија во моментов располага со добри напаѓачи, Ристиќ, Пандев, Тричковски, Ивановски, Хасани, Фазли...недостасуваат само нивните репрезентативни погодоци..

Болдираниот НЕ. :) Реално Трајковски е класа пред него, а сепак овој упорно се форсира
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Болдираниот НЕ. :) Реално Трајковски е класа пред него, а сепак овој упорно се форсира
Да, Трајковски нели беше стрелец на единствениот гол во победата над Холандија во Инсбрук..:sneaky:
 
Член од
28 април 2009
Мислења
750
Поени од реакции
507
fidanmk

И не само тоа. И на клупско ниво одигра супер партии минатава сезона
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
fidanmk

И не само тоа. И на клупско ниво одигра супер партии минатава сезона
Ама имаше и многу слаби партии, проблеми со однесувањето и недисциплина.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Вчера во пријателски натпревар украинската екипа на Волин победи против словенечки Домжале 2:1. Во победничката екипа стрелец на вториот гол во 85 мин. бил Душан Савиќ. Не можам да најдам видео клип со головите, но доколку има ќе постирам.
http://www.facebook.com/l.php?u=http://www.nkdomzale.si/index.php?option=com_content&task=view&id=2120&Itemid=85&h=IAQFSTBgoAQGXjtdwtkn1sL_4f4ahISIxsBYrN_4HRbyoWQ&enc=AZOG3PKm7KiO_FvzI4dWg4GLCajbNHDwofOLyDr9rxiYnqen9zNzRmR5fMyDIJDGBoh8hoNWo61e40G2EisOlGyp
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599

Kajgana Shop

На врв Bottom