Кошаркарска репрезентација на Македонија

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.344
Поени од реакции
5.377
Леле што направивме !!! :vozbud::vozbud::vozbud:
Хаха кошмари му станавме на овие, ќе не сонуваат :pos: Втор пат на нивни терен ги плеснавме и тоа сега со Македонија Б-тим :pos:

Батињата уште од почетокот си ја сватија работата убо и сакаја да ни се одмаздат за на Европското што ги отпаднавме пред 15 000 :) Сега и публиката ја вжешти атмосферата па и тие играја како за бодови :pos:

Ама тука е МАКЕДОНЧЕТО !!! не се предава така лесно, до последна капка крв се бориме...
Го гледав само 1 полувреме, второто не го гледав. Од првиот дел што можев да видам одлична игра на Александар Костовски ќе го биди дечкото игра добро, само уште да не се плаши за на влез да оди, другото му е се добро...
Браќата повторно си газат, Пеџа реков има огромен напредок кај него...

Како шо гледав и на квалификациите мислам ќе падниме пак со Литванија во 1/2 финале :pos:
И тогаш да ги плесниме убо со Бо, Тоше, Перо, Илиевски па да биди 3:0 за краток период :)
 
P

pepito*

Гостин
Вчера утакмицата ми го наполни срцето, Војдан и Самарџиски од европското се дупло подобри, само се надевам дека така ќе продолжат и на квалификациите.

П.С. Ако случајно некој знае дали и кога ќе има реприза нека каже, сакам да си ја изгледам пак утакмицата. :D
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.664
Ич не им светат очите :pos:
Ееее, од мали ги учат на лошо :pos:

 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.588
Поени од реакции
115.006
Литванциве имаат македонски комплекс, очигледно. :)
Вчера доста солидно изиграа сите, ме изненади Соколов, а и Костовски, кој до пред некој месец имаше поголем стомак од дедо ми, онака пивски, а сеа го глеам одлично изигра. Војдан цар невиден, муда до пети има човекот. Е сеа мене што ми падна у очи е бледата игра на Дамјан. Човеков ептен по принципот топло-ладно игра, на моменти дава по 5-6 поени у серија али на моменти губи 3 топки по ред. Не знам што е проблемот али мора да си ја дигне самодовербата додека да почне квалификацискиот турнир бидејќи вака не иде. Се надевам пријателскиве утакмици ќе му помогнат за тоа.
 
P

pepito*

Гостин
http://www.kurir.mk/sport/kosarka/46777-Boban-Stajik-–-idninata-na-makedonskata-kosarka
Сакав да прашам некој поупатен, што бидна со момчево, пошто колку што го имам гледано фантастичен е, мислам дека ќе биде еден од најдобрите наши кошаркари за некое време. Прашувам оти во оваа конкуренција мислам дека можел да влезе за овие две утакмици заедно со младите К.Николов и Магдевски. Нормално, не очекував многу повеќе од тренинг со сениорската екипа, но мислам дека ќе беше добар потег полека да си го земаме за сениорскиот тим.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Дамјан скоро сите минути ги одигра и нормално е да има пад на концентрацијата во нападот бидејќи во одбрана сета енергија ја трошеше, за разлика од Војдан кој одмараше колку толку ради прераните 3те лични грешки.
Според мене вчера одлично изиграа Самарџиски на прво место, па близнаците а потоа Костовски и Соколов кој имаа солидно издание ( конечно ).
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.588
Поени од реакции
115.006
Абе не викам дека бил очаен Дамјан али не знам као да ти објаснам, летаргично, нешо у тој стил ми играше вчера. Имаше 2-3 аматерски и недозволиви грешки али нема везе да го остаиме човекот на раат, ќе си дое се на свое место, сигурен сум у тоа. Јас бев скептик за селекторов али од вчера прикажаното ми ги врати позитивните мисли, брза и течна кошарка, одбраната солидна, има простор за подобра игра во овој сегмент али тоа се ќе си дојде на место со враќањето на стандардните. И нека доаѓа тој 2 јули у курац. :)
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Вчера утакмицата ми го наполни срцето, Војдан и Самарџиски од европското се дупло подобри, само се надевам дека така ќе продолжат и на квалификациите.

П.С. Ако случајно некој знае дали и кога ќе има реприза нека каже, сакам да си ја изгледам пак утакмицата. :D
мислам дека ќе нема реприза, ама џабе ќе ја гледаш, МАКЕДОНИЈА пак ќе тепа!!! :D
овие млади играчи играат одлично, дисциплинирано и мислам дека ќе имаме одлична иднина!!!
сега со турниров во венецуела можат само да се надградат!
се забележува огромен напредок и поголема сигурност кај војдат и пеџа, а војдан полека прераснува во нов лидер на нашата репрезентација!
после овие две утакмици, овие 4 само треба да ја надополнат позитивната атмосфера и да го задржат нивото на дисциплина и со гече и перо ќе бидиме уште посилни под кош, а со бо и влатко на надворешните позиции!!!
ако перо си стој под кош и не лакоми со нерезонски удари од 7-8 метри (има то кој да го прави) сигурно ќе прави по едно 10-15 скока и тешко дека би ни избегал лондон!!! :vozbud:

за разлика од лани, сега имаме и подобра и подолга клупа, поискусни играчи И ОДИМЕ ВО ЛОНДОН!!!
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Во што се претвори репрезентацијава бе?:D
Ова до пред 1 година да се случеше сите би рекле попрво ќе се случи крај на светот него ли ние вака да играме баскет. :D
Оваа победа беше за сите критичари кои викаа дека да не беше БО, не бе направиле ништо на ЕП.
Иначе ја го оправдувам потегов со тоа што имаме натурализиран играч. Кога на ЕП ќе се натпреваруваат држави со ист број на население тогаш да речеш зошто би имале ваков играч. Па освен ние, црногорциве и словенциве, сите други репрезентации што играат на ЕП се со над 4 милиони жители. (тродупло поголеми од нас, кога ќе видиш дека само Македонци ни играат у репрезентација=милион и пол жители.)
Кошаркариве ни се единствена репрезентација каде што имаме добри млади играчи (до некаде и фудбалот), нешто што е многу болно на пример во ракометот. :facepalm:
Иначе гледам на Литванциве не им играле некои добри играчи, ама и без тие овие што играа вчера се барем класа-две над овие нашиве што играа (иако вчера ги тепавме).
Се надевам дека Литванците нема да имаат трета среќа против нас во евентуалната утакмица во Венецуела. Браво Пеџа, браво близнаци! Очекувам и Кире да се врати во добра форма. Заедно со овие 4-ца што ги немаше во Литванија, плус мала помош од Костовски (има осет дечково, само малку самодоверба му треба), па и Соколов и Симоновски. Одиме во Лондон!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
А што е со тој вториот странец што е регистриран? Има право да игра покрај Бо?
И дечкото од САД зошто не добива шанса?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А што е со тој вториот странец што е регистриран? Има право да игра покрај Бо?
И дечкото од САД зошто не добива шанса?
Џабе, не може да игра. Само еден странец може да биде на листата, а тоа сигурно ќе биде Борче.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.907
Поени од реакции
7.471
А што е со тој вториот странец што е регистриран? Има право да игра покрај Бо?
И дечкото од САД зошто не добива шанса?
На подготовки може да играат да,меѓутоа во квалификацискиот турнир ќе мора да оди само 1 натурализиран.
Дечкото од САД не добива шанса зашто толку знае:D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
А која возраст е? И дали некој го има гледано?
Како и да е, се надевам дека конечно ќе имаме една репрезентација во која сите играчи ќе бидат подготвени за ротација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom