Е ај кажи што направи Хрватска во првите 45 минути. Јас го гледав само првото полувреме каде што хрватине не направија ништо, а Италија ја контролираше играта и створи неколку добри шанси. Да беа Маркизио и тикварон Балотели поприсебни Италија гарант ќе имаше 2-3 гола предност на полувреме.
Па само го повторуваш тоа што он го пиша
И он вика дека Италија ја издоминира Хрватска во прво.
Иначе ја гледав сега по втор пат утакмицата и многу поинаков впечаток се добива него во живо кога се гледа.
Се гледа дека Италија е подобра,дека на повеќе позиции имаат подобри играчи и беа доста подобри во првиот дел.Додуше беа подобри,но се што направија беше затоа што реално Хрватска го има најлошиот стперски пар на првенството.Уствари не беа само тие двајца лоши,беа и Вукојевиќ и Модриќ лоши на средината,а и Манџукиќ и Јелавиќ во нападот.Стоеа предалеку од играчите,немаше жестина во стартовите,како посрани играа,се гледа дека нема никаква уиграност во одбраната.Ниту еднаш не направија пресинг,особено не на задната линија на Италија.Не знам што толку се уплашија,стварно им дозволија да се шетаат колку сакаат низ средината италијаните.
Италија одигра добро,не феноменално,но добро.....додека од другата страна Хрватска во одбрана беше катастрофа.Италија тука мораше да изигра подобро и повеќе да стисне и да шибне уште еден гол.
Второ полувреме друга приказна.......Италија ни една шанса не направи,ништо.Ни посед немаа,единствено што им идеше добро беше задњата линија што ги чистеше сите топки и што реагираа добро на сите центаршутеви.Арно ама со таква игра тешко да не направиш барем една грешка во одбраната.....направија една и таа беше доволна да израмни Манџукиќ.
Можеби и свесно се повлекоа,но како и да е ни контра не удрија.Дури на крајот кога примија гол нешто притиснаа ко декем,но и тогаш ништо немаа.
Ако го гледаме првото полувреме само Италија заслужи 2-0 победа,но на крај ради пичкарскта и лошата игра во вториот дел Хрватска заслужено си израмни.Јест да и Хрватска значително се подобри во вториот дел,но не можеш туку така само да ги оставиш и да чекаш они да ти комбинираат како сакаат на 20 метри пред твојот гол.