Во ова финале, Новак сам се победи, тоа ми е највеќе криво, како што ми е криво и за убиствената игра додека да се прекине играта вчера, ќе го распараше... Ама тоа е, против виша сила не се може, се надевам дека следната година ќе ги обедини титулите...
Новак ова финале играше поубаво за око (мислам на освоените поени), прекрасни винери, форхенд дијагонали, лоб удари... Штета, и правеше премногу неизнудени грешки и тука го изгуби натпреварот... Надал, дефанзивно, со враќање на топчето во поле и чекање грешка на противникот, и со ретко освоен винер поен...
Следуваат Вимблдон и Олимпијада, каде очекувам Ноле да биде во главна улога... Задоволен сум од неговата игра, се гледа прогресот... Нема разочарување, ова е искуство плус, уште една лекција за него, која се надевам за следната година убаво ќе ја научи...
Честитки до фановите на Надал за 7-та титула на РГ на нивниот миленик...