Некој им ги плати тие 83.9 денари за Супер пакетот? Утре бев у план да појдам да ја платам сметката, два пати ми се јавија до сега и тоа уште на 06 и 07 Јуни со опомена за да ја платам. Сега баш собирав пари и ја заглеав сметката, овие не се нормални
Прашувам за да знам дали воопшто има резон да се бунам или веќе некој пробал али му кажале нешто у стил на ко те јебе?
Во договорот што го имам јас јасно стои дека:
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Член 5
Износот на услугата за користење телефонија, направен надвор од гратис минутите, согласно избраниот пакет, Претплатникот е должен да го доплати, согласно актуелниот ценовник на Операторот за што ќе му биде доставена сметка наредниот месец. Доколку Претплатникот дополнително одбере поинаква услуга надвор од услугите во пакетот, должен е да ја доплати разликата во цената, за што ќе му биде доставена сметка.
Јас, не сум одбрал вакво нешто. Редовно си доплаќам по 10-20 денари за телефон само.
ПРАВА НА ОПЕРАТОРОТ
Член 8
Операторот го задржува правото да ги менува условите утврдени со овој договор по претходно известување на Претплатникот, во рок не пократок од 20 дена пред воведувањето на измените, со писмено известување до Претплатникот, електронска пошта, преку инфо каналот или веб страната на Операторот.
Јас најдов
само едно известување кое датира од 31.05.2012 година. Ни 2 дена нема, а не пак 20.
Другово гласи:
Телекомуникацискиот оператор „Близу“ минатиот месец постигна согласност со каналите „Спорт Kлуб“ и „Спорт Kлуб +“. Овие канали ќе бидат вклучени во сите дигитални пакети на „Близу“ каде сите претплатници ќе имаат можност да ги следат каналите бесплатно до 31 мај 2012 година.
ПРАВА НА ПРЕТПЛАТНИКОТ
Член 9
Претплатникот има право да го раскине договорот по претходно добиеното известување за промена на условите, доколку не се согласува со предлоените измени.
Значи, можам уште утре да си го раскинам договорот? Не сакам да им платам 83.9 денари за ништо работа и точка. А и онака не сум нешто задоволен периодов. Плус, не ми го прифатија приговорот од 3 страни каде детално им беше објаснето зошто јас немав интернет ебани 3 недели.
Член 9
Претплатникот има право на достапност до службата за грижа на корисници за било каков проблем којшто се однесува на користењето на услугите.
Имам проблем. Не сакам да им ги полнам џебовите. Само што им свртев, кога ОП! Одеднаш техничката поддршка не работела веќе 24 часа. Сега си имале дури и работно време дотичните. Кај не си ја вршеа работата како што треба (познатото, пријавуваш проблем и одма ти кажува да го изгасиш модемот од струја и пак да го приклучиш), туку веќе работеле само од 07:00 до 23:00. Види мајката! А ја ако имам проблем со нетот во 3 сабајле шо праиме?
За крај:
Опис на пакетот:
бла бла бла...
ДИГИТАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА:
Содржи основен пакет на канали.
Каде тука видоа дека сакам некојси супер пакет?
Ќе си се тужам, и онака немам попаметна работа периодов.