Згреши Дел Боске со тимот од почеток, многу. Влезе во стапицата на Прандели. Иако имаат повеќе квалитет, со поставеноста се доведоа во ситуација самите да се неутрализираат.
Против тројка во последната линија, природно е да ја шириш играта со крила и со бекови за да се направи вишок. Вака ко што беа поставени имаа тројца напред што буквално во исти зони се движат. И двајцата што тргаа од крила, Силва и Иниеста, постојано влегуваа ценрално за да играат во просторот меѓу тројцата, а плус што немаа класичен напаѓач што ќе го изместува барем Де Роси од позиција, за да имаат овие почесто ситуација еден на еден барем на кратко. На се тоа и плус само еден од бековите им е квалитетен во офанизива.
Се виде одма од кога го стави Навас, класично крило што игра во широчина како се смени играта, а плус и кога влезе Торес, одма се најде во неколку чисти ситуации со многу простор околу него, зш тешко е еден на еден било кој па и Де Роси да маркира играч. Од старт да играше така и Иниеста ќе остануваше почесто сам против Бонучи и ќе го уништеше, еден на еден.
И средината далеко полесно ќе ја држеа. Без напаѓач, можат и Италијаните во средина многу полесно да бранат, зш централните се без работа позади нив. Маркисио и Мота не се на ниво на Бускец и Алонсо, така да полесно ќе ја контролираа играта.
Али сам си ја смени играта во второ полувреме, што значи, виде дека нешто не му штима.
За италијанците имам само браво. Моето скромно мислење е дека Прандели заврши голем дел од работата со тоа каков тим извади. Реално се помалку квалитетни, ама се држеа многу добро.
Пирло и Чави.
Милина е да се гледаат на ист терен, како противници.