Секоја чест синоќа за партијата на Боатенг. Искрено јас (како и повеќето) бев скептик околу поставувањето на Џером на десната страна, каде требаше да игра хед ту хед со Роналдо, но на крај им ги затна устите на сите. Судејќи по играта и резултатот од претходниот дуел на овие 2 земји, на последното ЕУРО во нок-аут фазата, очекував поотворена игра проследена со околу 3 гола. Но испадна обратно, играчите делуваа малце попарено од она што им се деси на лалињата порано и како да ги пресече значењето на утакмицата и големината на влогот.
На второто коло очекувам Германија да заличи повеќе на себе, посебно поради тоа што холанѓаните ќе мора да се отворат без големи калкулации, со што аналогно офанзивната линија ќе има повеќе простор во однос на синоќа. По вчерашниов шок, не се осмелувам да ја прогнозирам Дан-Пор.
ПС -
Interesting fact : Ова е 6ти пат Германија да ги отвара завршниците на ЕП со победа на првиот меч. Во претходните 5 наврати, германците стигнувале до финале.