Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
http://www.mkd.mk/36814/sport/boro-se-skaral-so-markoski/:facepalm:
Звонко ќе разговарал по мечот со Борко и ќе ја решел караницата?:гик: хаха шо ќе решиш бе златен?:)Уште еден доказ на кое дереџе ни е репрезентацијата,сите си тераат на своја страна,управа,играчи...еден куп суети,еден куп инаети.....:tapp:
Треба да сме пресреќни шо тепавме со 5 разлика,и со само 21 примен гол....
П.С.
Срамота шо не беше полна салата....
Не е оправдување ниту топлото време,ниту заебаниот термин,ниту цената од 200 денари...
Уште еднаш се покажува на дело дека најголемиот дел од тие тн ФАЛАНГИСТИ се обични шминкери и позери...
Секоја чест за тие во салата.......шо се откажаа од пивото и гледањето на фудбалот...да ти се плукнам во фудбалот.....:гомце:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Борко е дебил. И тоа голем. Првпат нека си го носи овој примат и нека му е со среќа. Ќе се тепа на среде утакмица во клучни моменти што решава за Светско првенство. Му даваат две минути на исто толку до крај а тој на клупа ионака седеше. И што да очекуваш кршење на разликата која на крајот и те како може многу да значи тој плус еден гол што го примивме... Старите проблеми само повторно замачкани.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Јас сум задоволен од резултатот затоа што австриците се спремале месец дена, нашите само 3 дена беа комплетни. Сега ќе имаат една недела подобро да се спремат и грешките од овој натпревар да ги намалат и верувам во пласман на светско.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
http://www.mkd.mk/36814/sport/boro-se-skaral-so-markoski/:facepalm:

Многумина се изненадија зошто македонскиот голман Борко Ристовски излезе од игра во деветтата минута и не сакаше повторно да влезе. Ристовски цело време беше нервозен на клупата за резерви, не помогнаа ниту молбите од стручниот штаб да се смири, а згора на тоа, на три минути пред крајот го турна на земја неговиот австриски колега Томас Бауер, кој постојано ја провоцираше публиката.
НЕ ПОМОГНАА НИ МОЛБИТЕ?
А зарем треба некој да биде молен за да влезе во игра?
Алооо, играте за репрезентација!!!!!!!
Да видам дали кај Германците вака ќе се понашаш!

У последно време многу се разочарувам од ситуацијата таму...

Се изреволтирал и не сакал да влезе, еј!:facepalm: Кралица Елизабета...
За репрезентација се работи бе аман бе!!!!!!!!! Недоразбирањата ќе си ги решите надвор од терен!!!!

 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
За тоа не е крив Борко тој е моментално ѕвезда што игра во бундес туку немањето на соодветен тренер макар и со стап што би тепал. Тренер без авторитет.
А околу играта што да се каже ОЧАЈНО ни фали уште еден бек шутер.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
http://www.mkd.mk/36814/sport/boro-se-skaral-so-markoski/:facepalm:



НЕ ПОМОГНАА НИ МОЛБИТЕ?
А зарем треба некој да биде молен за да влезе во игра?
Алооо, играте за репрезентација!!!!!!!
Да видам дали кај Германците вака ќе се понашаш!

У последно време многу се разочарувам од ситуацијата таму...

Се изреволтирал и не сакал да влезе, еј!:facepalm: Кралица Елизабета...
За репрезентација се работи бе аман бе!!!!!!!!! Недоразбирањата ќе си ги решите надвор од терен!!!!
Чекај дали добро разбрав се изнервирал дека бил изваден од игра?
 
Член од
30 август 2009
Мислења
581
Поени од реакции
212
го видов на клупата беше зоран петковски, да се надеваме дека ке им ги кажува грешките на голманиве, оти преттоа мислам дека немаше тренер.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.051
Поени од реакции
2.820
Не,3 гола по ред што ги прими беа од страната на Јоновски,3 пати се караа и на крај и Марковски се умеша,некој од нив го опцу и Борко се нафура му кажа на Диви да влезе и се седна на крај на клупата
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Не, обратно. Излегол пошо се изнервирал.
Ауу извини дечко,значи ипак е дигнато човече, со никаков карактер,таков ич не ни треба не мора никој да го моли нека скапе на клупа.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.654
Поени од реакции
9.891
Се глеаше дека нема ебано Борко од сабајле.... Уште коа го видов на интонирањето на химните каков беше у фаца знаев дека не е нешо у ред....
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Аман бе што е со овој Борко? Замисли утре се изнервираат Кире, Наумче или Столе и си седнат на клупа. Овој се нарекува себеси професионален играч? Ај нека ни направи услуга и нека се повлече. Ради таа репрезентација игра во Германија. Никој не е незаменлив.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.584
Поени од реакции
35.003
‘‘Славниот‘‘ Борко, :tapp:
И сега некој ќе каже дека славата му удрила во глава, дебил:mad:
Господинот се изнервирал, па одбил да игра, такво однесување нека покаже во Бундес,
‘‘Несакам и неможам‘‘ тоа е за дома, тука игра за репрезентација и има да игра како ќе му се свири, ама не е тој виновен кога нема кој да му засвири, кутри Шундо незнае на кој свет е, а не пак да демонстрира авторитет:tapp:

Да, остваривме победа, ама од играта не сум задоволна воопшто, Основните почетнички грешки не убиваат, со играч повеќе на 10 секунди до крај од 6 играчи барем на 1 да му текнеше ФАУЛ,,,,ејјј ФАУЛ, и примаме гол последна секунда, :свиркам:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom