30, 50, 200 денари се НИШТО, во секоја продавница или секое место што се расправа со пари може да има без никаков проблем олку кусок или вишок и тоа само од денар вратено оставено.
Колку пати си оставил денар не си ги зел, или колку пати ти рекле за денар два остај не треба ќе донесиш друг пат?
Значи да најдат 2000 - 3000 денари вишок па да ти стегнат таква казна, ама за десетина денари, апсурд ?!?
во право си не се ништо, ако земиш така ни 200 денари не се нешто посебно, зависи од фирмата или од бизнисот.
јас сакав да слушнам мислење колку е според вас ништо и колку е нешто. ете ти си прв кој даде некоја опиплива цифра за која може да вртиме.
од друга страна пак 1000 денари не сложвање во касата се околу 30000 денари месечно, или пак скоро тродупло поголема плата од некој реален просек во државата.
вие сите ми се запнавте како јас да го одобрувам овај закон или се сложувам со него во потполност. не јас само реално зборувам дека колку и да законот не чини или не ми е по кеф, ако не го почитувам ке ме казнат. тоа треба да важи како за овај така и за сите други закони. јас го немам читано нити посебно ме заинтересирал што пишува во него, но ако пиши дека не смееш да имаш ни 1 денар вишок тогаш не смееш да имаш и точка. значи не 3 денари не 30 не 3000, туку 0 денари. толку кратко и јасно. и така ке биди се додека не се смени поинку, а доттогаш сите треба да го почитуваат без разлика дали одговара на некому или не. значи не дискутирам за тоа дали е добар закон, дали така треба или можеше да се реши поинку тоа. правиме муабет како е сега, како гласи и како треба да се реализира. инспекторите се најмалце криви, на крај и тие се на плата. нормално меѓу нив има и расипани како што и не сите лекари се корумпирани, сите полицајци и така натаму. но тоа не ви дава право да се љутите дека го имплеметираат законот онака како што пиши само затоа што сметате дека не ви чини или не е фер. од друга страна кога некој друг не го имплеметира закнонот како што пиши и со тоа во нанесува штета тогаш тој некој пак не чини што не го следи законот како што треба. сега или така или вака , дај одлучете се.
и баш ме интерсира ако сте во улога на инспектор или ете сообраќаец, дали вие на негово место на сите ке им прогледувате низ прсти оти сметате дека некој закон е неправеден, и тоа ризкувајки утре да останите на улица.
тука сите можеме да се сложиме во нешто а тоа е дека законот е премногу ригорозен, но инспекцијата нити го донела нити зависи од неа како би гласел. на погрешна врата лаете.
--- надополнето: 10 јуни 2012 во 01:06 ---
Сосема се сложувам на тоа мислев... тоа не би требало да се казнува, барем не за толку мали суми..... за разлика од неиздавање фискални или утајување на данок каде што НИ ЈАС НЕ БИ ИМАЛ МИЛОСТ!.... ама на објаснување изгледа ЗАЛУДНО толку муабети потрошивме! Кој сака да свати ќе свати кој не... ЏАБЕ!
види многу добро те сваќам што сакаш да кажеш, дека за толку мали суми е голема казната.
но кажими ти мене ова за болдираното.
дали за една не издадена фискална сметка оправдуваш исто толку големи казни. ете заборавиле да ја куцнат.
добро една е малце, ајде две нека бидат. добро две за умрен се, ајде да заокружиме на три. сега само да се сложиме дали тоа би било дневно или месечно или пак можеби годишно.
ако ете 25 денари несложување е оправдано, дали една фискална од мастики од 25 денари е вредно за казна??
сега се надевам дека ми ја свати поенатата што сакам да кажам.
--- надополнето: 10 јуни 2012 во 01:26 ---
Извини батка, но јас и најголем дел од Македонците не сме мазохисти, сосем сме нормални.
Знаеме што е неправда и затоа реагираме.
А кога ќе биде најпотребно ќе изреагираме бурно.
И тогаш ќе падне ВМРО и ќе има викотници од сите што подржуваат срања како врби од 250 илјади евра додека мали дечиња молат за донација.
Нема да има ограда која се плаќа 10 кратно и Уставен суд кој кошта колку играч од Барселона, 30 илјади ВМРОВЦИ ќе избркани од работа, и голем број министри, трговци, тендераши и луѓе кои прават оган да паѓа од небото ќе отидат во ропство.
Тие никогаш нема да се вратат, ќе бидат живи запалени на местото наречено огнена Геена.
И народот Македонски ќе викне во еден глас
-Нема повеќе Латас, нема повеќе Симит, нема повеќе Мирка и нема повеќе робијаши кои го плашат народот со НЛО.
Јагне и лав заедно ќе пасат, а Албанец и Македонец ќе играат табла, ќе пијат ладно пиво или сокче и нема да се замараат со политика.
рече штркот и ја лапна жабата.
да сакав да слушам и да читам глупости ке одев во струмица на митинг, или кај сте заакани веќе??