значи муабетот го сведе на....
оти не плаќаш??
ами тие таму незнам каде не плаќаат, па тоа ми дава за право јас да не плаќам.
не не ти дава за право.
а зошто и дали некој таму плаќа или не воопшто не е ни тема на муабет.
и ете по толку реплики никој не се најде да одговори на моето прашање кое сметам дека воопшто не беше тешко или сложено.
ама пак затоа сите се понудивте да одговорите за работи кои и не се ни битни во случајот, како тоа некој некаде не плаќал, колку коштале врбите и мадињата на букефал и ред други небитни работи.
јас пак ке ви речам имате избори па повелете гласајте. сега ако мнозинството не го дели вашето мислење тоа е тоа. затоа и има избори, ако нешто не ви се допаќа преку избори да ги казните или да донесете други кои ете според вас подобро би ги менаџирале вашите пари кои ги давате во вид на даноци или други давачки.
а колку е фер или не фер јас пак ке се навратам на законот за пушење. јас како пушач се чувствувам обесправен како прво што не можам да си запалам цигара како човек , а друго за една цигара од 2 денари да платам казна од 300 евра. е кај е тука правдата, ама за жал мнозинството не мисли така и тоа е тоа. демократија , сами си ги избравме.
--- надополнето: 9 јуни 2012 во 13:44 ---
Е да, точно ние сите ја утнавме темата.... и остај друго, никој неможе да ти одговори на прашањето! А тоа, прашањето ти е онака реторички поставено нели? Јас мислев се шегуваш!?
Никој не вели дека не треба да има казна за криминал и за затајување на данок.... Ама се прашувам дали 27 Денари вишкок у каса е криминал? Незнам како тоа неможеш да го перцепираш? Како неможеш да видиш кон што тоа води? Последиците од сето тоа?Дали тие посрани 30 Денари смеат да бидат причина за казна од 300-500-1000 Евра!? Казни да! Треба да има - ОСОБЕНО КАЗНИ ЗА ПУШЕЊЕ КАЈ ШТО Е ЗАБРАНЕТО, НЕ 300, ЈАС 600 ЕВРА би ја направил!....
Се обидов да ти објаснам, ама не вреди!
понекогаш си велам и јас: ЕЈ НАРОДЕ, ЗА ТЕБЕ НЕ ВРБИ ОД 300 К.... ТУКУ ОД 3 МИЛИОНИ!
Знаеш малку повеќе од тебе (што е секако мој хендикеп) имам проживеано и се сеќавам... па дури што се случуваше и во онаа држава која сиба мајката... Но тогаш оние што имаа вишок пари од средната и високата класа и незнаева во што да ги вложат, ги држева надвор, побогатите во Швајцарски а оние помалку богати во Кипарски Банки како инвестиција за камати од 8-10 па и повеќе % , Судии, Професори на клиника, адвокати, трговски патници, највеќе директори на фирми и тн... ама тоа беа малку во однос на оние што парите ги акумулираа во банки или ги трошева овдека во земјата.... Значи воглавно парите и она малку од инвестициите остануваа во државава... Сега жими стапов да вложи некој при вакви пазарни услови и уште повеќе ПРИ ВАКВА ПОЛИТИКА НА ВЛАДАТА УЈП, ИНСПЕКЦИИ И ТАКВИ СЛИЧНИ СРАЊА кои го одвраќаат секој инвеститор..... верувај ми дури и на форумов има млади интелигентни, образувани дечки и девојки кои или отвараат фирми, или тргуваат инвестираат во финансискиот сектор НАДВОР од државава по разни основи: купуваат акции, племенити метали, на ефективните берзи, на форекс пазарот, инвестициски фондови... и тн и тн...И за жал ги има се повеќе и повеќе што капиталот свој го префрлаат НАДВОР ОД МК.... СЕ ПРАВАТ СО ПАРИТЕ, САМО НЕ ИНВЕСТИРААТ ВО НАШАВА ДРЖАВА.... а знаеш зошто нели? Ајде обиди се пак, ама размисли! Поради подобрата бизнис клима, да... и? Поради што друго?.... Веројатно и поради тоа што несакат да се заебаваат со инспектори полуидиоти кои собираат арач (СО ПОЗНАТА НАМЕНА), па казнуваат СО КАЗНИ ОД 1000 ЕВРА и повеќе - за цело пола Евро без покритие, казнуваат за немање WC шоља, за немање елаборат за ПП заштита, прва помош, апарат за реанимација (буде наскоро)..... и којзнае какви се будалаштини уште што ќе им текне на дотичните....И така парите како инвестиција, а што е пострашно и луѓето поради тоа одат надвор! ЕХХХ ПАК ЈА УТНАВ ТЕМАТА! ПААА, НЕКОЈ МОРА!