Мој осврт на натпреварот кој беше и те како важен како мотивација пред натпреварот во Недела со Челзи!
Реина...................
Немаше премногу работа, но како и секогаш брани во критичниот момент. Доколку влезеше онаа на Волтерс што ја шутираше од пред голот ке беше весело!
Шкртел...........
Кој што сака нека мисли..... од утакмица во утакмица мене ми е се посигурен и постабилен. Синока одигра едноставно како да е во годините на Кара. Би рекол дека се гледаат потписите на Кара по неговото тело, на моногу работи ме потцети на него со неговата борбеност! Одлични одиграно
Агер.......
На почетокот ми делуваше несигурно и нервозно. Како минуваше натпреварот имаше се помалку работа и беше посигурен. Солидна партија за него!
Гркот..............
Јас како Македонец, понизно ке кажам дека Кирјагос беше (за мене) играч на наптреварот! Дајте му топка на мало дете да ве дрибла, потоа обидете се да му ја одземете. Вака изгледаше Тој на овој натпревар. едноставно одличен.
Го имаше низ цела одбрана...... Според мене играч на натрпеварот!
Џонсон......
Имаше еден интересен коментар на Спор Клуб. Тој е играч за кого нема лоша форма!.... Човекот одигра одлично. Искрено овој играч вреди повеке од Торес и тоа многу повеке! Одличен во одбраната, комбинираше добро со нападот! БРАВО за играч кој игра на спротивна позиција од неговата!
Кели.........
Уште само да поработи на изнесување на топката на противничка половина и креативност во нападот според мене овој игра би вредел ЗЛАТО! Одличен и се по одличен! БРАВО...
Аурелио.........
Некој тука спомна дека Аурелио одиграл катастрофа. Па и не одигра баш така. Покриваше солидно додека Џерард се исфрлаше напред, а такви ситуации имаше многу! Солиден!!!
Лукас......
89% за успешни пасови.....?Јас не го видов тоа но ајде!.... Мене ме нервираше цело време, примањето на топка а потоа размислувањето каде да ја додаде мислам дека минуваше вечност. МОРА да се научи тоа дете да реагира побрзо.
Додека ја додаде таа топка ако му се мери на штоперица мислам дека ке надмине една минута додека се намести. Воопшто не ми се свига тоа. Едноставно мора да реагира побрзо, играч на негова позиција не смее тоа да си го дозволи!
Џерард.......
КАПИТЕНСКИ.... го имаше насекаде ,низ цел терен. Излишни се други зборови! Одлично...
Мираљес......
Одличен во ротирањето со Џерард. Од натпревар во натпревар се подобар. Добро е ова за него, што веке на скоро секој натрпевар под водство на Кени дава гол. Можеби е лошо тоа што се слични во карактеристиките со Џерард, но искрено ни требаше ваков играч кој може да го замени Капитенот во даден момент. Браво...!
Кајт......
Колку ли само се забележува онаа десна Крилна позиција во него. Сепак добро е. Ми се чини ги доби сите воздушни дуели против далеку повисок и поснажни од него. Се поврзуваше одлично со Џерард и Мираљес. Добар....
Суарез.....
За играч кој нема играно ниту една минута Месец и неколку денови, за играч кој нема ниту еден тренинг со во Ливерпул.......ја би рекол.....ПЕРФЕКТНО.
На почетокот почна малку со трема, но да размислиме реално....како не би имал кога цел Енфилд потстана кога тој влезе во игра!....
Неговата игра на One touch пасови одлично би се поврзувала со Џерард,Мираљес и Керол. Сигурен сум дека неговото име ке се Скандира на Енфилд во скоро време!:smir:
4-та утакмица за ред без пораз......3-та победа по ред.......3-та без примен гол.......... возот тргна.....![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)