Ај после вчерашниот shopping madness и јас да напишам некој збор повеќе...
Прво за Торес. Лик што многу го сакав, играч што ми донесе многу радости. Се радував на секој негов гол како мало дете и секој негов гол ми беше омилен. Секоја негова повреда ме болеше и мене, секоја негова радост ми носеше радост и мене. Откако остана верен на Ливерпул летоска, мислев дека ќе остане тука уште дооолго време, неговите изјави после тоа, се до пред 10ина дена само ме убедуваа да верувам во тоа уште повеќе. Конечно направи нешто што не се простува, нешто на што ниеден фан на Ливерпул не може да остане рамнодушен. Реши да замине од клубот на ТРИ дена пред крајот на трансфер периодот, за тоа да биде уште полошо реши да замине во тим од ПЛ и конкурент на Ливерпул, но и од тоа има полошо, а тоа е што не се осмели да им се обрати на своите фанови и да даде објаснување за својот предавнички потег, за потоа во интервјуто за новиот клуб да каже дека сега КОНЕЧно е во голем клуб. Можеше да биде легенда на Ливерпул, рамо до рамо со Џерард и Карагер, но тој реши да го иде патот на Овен.
За новите засилувања...Пресреќен сум што во тимот дојдоа двајца млади играчи кои што имаат многу да дадат за клубот. Конечно после долго тупење дојде Суарез, за кој сум посебно среќен и Креол кој е нашата нова 9ка
Огромна е сумата од 35милиони за Керол, посебно затоа што е млад играч кој сеуште е без некое големо искуство, за разлика од Суарез, кој го издржа притисокот на Светското првенство, нешто што мн. други поголем ѕвезди и поискусни играчи не го можеа, тука е искуството и од настапите во ЛШ со Ајакс. Сето тоа ќе му користи за да се снајде понатаму во новата средина, вклучувајќи го и клубот и лигата. Останува да ги оправдаат големите очекувања од нас фановите, се надевам нападот сега ќе функционира многу подобро од досегашниот дел од сезоната, иако сеуште тимот не е комплетиран, останува пред се да се појача левата страна, што очекувам да биде направено на лето.
Постојано другите ни напоменуваат дека Ливерпул нема освоено ПЛ доооолго време, небаре не го знаеме тоа ние, или пак ќе се откажеме од навивањето за тимот. Очекувам од наредната година да се атакува на првото место и можеби конечно и да се прекине сушата од неосвојување на титула во ПЛ. Мислам дека овие газди (за разлика од претходните) и тренерите на чело со Кени се решени да го остварат тоа, а доказ за нивната решеност е и нивното однесување во трансфер периодот, а само за напоменување трансферите успеаа и без ЦЕО во организацијата на тимот, кој би требало да ги извршува тие работи. Затоа посебно му симнувам капа на Комоли кој покрај тоа што неговата работа е наоѓање на таленти успеа да ги договори и трансферите.
И за крај, сакам да го потенцирам уште еднаш тоа што на некои од нас ни е во потпис:
There is no name on the back of a Liverpool shirt that is more important than the crest in the front of it!
(малце го иступив, али морав после последниве денови да се испуцам )
YNWA!