L
.Lost Angel.
Гостин
Ете дојде на ред и 2 пајак служба да почне со работа така да пазете каде паркирате
--- надополнето: 7 јуни 2012 во 08:28 ---
Што мислите дали е во ред што проработе и втората пајак служба ?
И „пајаците“ на Општина Центар низ уличната мрежа
Скопјани ќе ги напаѓаат дупли „пајаци“. Освен „пајаците“ на „Градски паркинг“, несовесните учесници во сообраќајот сега ќе бидат на удар и на двете пајак-возила на општинското претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“. Тие од вчера почнаа да работат на терен со најава дека на удар ќе бидат непрописно паркираните возила во близина на јавни објекти, училишта, градинки, пешачки зони. Ќе бидат сконцентрирани и на подигање на возилата кои непрописно се паркираат на зелени површини. Од претпријатието информираат дека едно од возилата ќе биде достапно и за работа на повик, односно ќе интервенира по пријава на граѓани.
„Доколку на некој му е блокиран пристапот до куќата, гаражата или слично, може да се јави на телефон 072-253-253 и да повика интервенција на ’пајак‘“, вели Маргарита Бакев, директор на општинското претпријатие за паркирање.
Оваа пајак-служба ќе лови непрописно паркирани возила секојдневно од 6 до 22 часот, освен во недела и на државни празници. Најскапо за „пајакот“, односно 6.000 денари ќе платат оние чие возило ќе биде подигнато од место резервирано за инвалиди. Доколку несовесниот возач ја плати казната на лице место, без оглед на видот на прекршокот, ќе треба да плати 1.000 денари. Интервенција на пајакот на зелена површина чини 3.500 денари, а од друга јавна површина 2.500 денари. Депото на „пајакот“ од каде што сопствениците можат да си ги подигнат возилата и да платат за прекршокот се наоѓа на булевар „Никола Карев“, под Транспортен центар во близина на депото на „Градски паркинг“. Тоа ќе биде отворено секојдневно 24 часа. (Дс.Т.)
--- надополнето: 7 јуни 2012 во 08:28 ---
Што мислите дали е во ред што проработе и втората пајак служба ?