Македонска ракометна репрезентација - (жени)

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Да да, не бев сигурен дека таа што имаше топовски удар (Едсуарда) играше за нас :D
Сега ме потсети дека кидна и ја немаше никаде, па се расчу дека потпишала за Хипо па ја поебавме и ако не се лажам една година не играше никаде...
Една година не играше никаде, т.е. беше во Австрија, ама нашиве не дозволија да игра.
Потоа се врати во Кометал и ја играше последната сезона на тимот во ЛШ и ЕХФ куп.
Па после тоа е во Ѓер.

Патем изгледа Ана Десподовска се има откажано од ракомет :S
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Само Ана Аморим играше за Македонија, сестра и Едуарда беше првата избеглица во Хипо, ама нашиве и го забранија трансферот. Сега игра во Ѓер-Унгарија, девојкава има топ во раката, мислам дека најдобар лев бек е во моментов :)
Да бе оваа сакаше подмукло да побегне и ја заебавме за сите пари :icon_mrgr:
--- надополнето: 3 јуни 2012 во 23:11 ---
Па да беше висока како Бујанова и ќе ми делуваше како неа, за тоа ја потенцирав Абрамова, барем на мене така ми делува. Башка и оваа не се оделува од земја коа шутира... или кизне ја шо сум глеал.:D
Абрамова воопшто не се движеше, центар кој само расфрлаше топки до бекови. Имаше топовски удар без никаков скок шут, претежно ги маваше под нозе и вртени. Нешто на неа наликуваше Озел во златните времиња, иако таков играч како Абрамова досега немам видено некој да и го ископира стилот.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.908
Поени од реакции
6.998
Страв да те фати од репрезентацииве само да ги читаш, а не пак да ги гледаш :)
Тоа ни е така зато што сеуште памтиме што имаат направено во минатото и заради тоа ни е влезен стравот в коски ама на секое првенство има некоја или цела група на репрезентации кои целосно потфрлаат, па некој друг го завзема нивниот рејтинг. За мене најјаки и недостижни ќе бидат само оние што ќе бидат во прв шешир: Норвешка, Русија и не знам уште кој е таму, евентуално Романија, Унгарија. Германија, Франција, Данска, Шпанија си се јаки ама не и непобедливи. Штом Данска двапати изгубила од Хрватска значи не се тоа што беа. А дека Хрватките се нешто посебно, не верувам, немаат конкурентен претставник во ЛШ. Србија, Црна Гора, Украина, Холандија се екипи со кои можеме да се носиме. Реков секогаш се случува некој од овие ептен да заебе, не можат сите во топ 5-6 да завршат :D. Али секако на крај се зависи од нас. Пласман во втор круг е супер резултат.
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Ова се последни генерации кои ги создаде Кометал, шо ќе биди за 4-5 години незнам, ама ни Вардар ни Металург не вервам да создадат јаки екипи од сопствените школи, него ќе шлеповаат русинки и украинки.

Честитки инаку за пласманот на екипата, Гино кој од секогаш ми се допаѓал како тренер си ја заврши работата одлично особено после оној пораз од Турција таму кога никој не се надеваше дека ќе ја тепаме Франција. (y)

Околу играта, грешки имаше на двете страни, мноогу сме далеку од она ниво на кое бевме пред 5-6 години, ама тоа е и оваа игра 'на мускули' колку-толку барем на европско не однесе. За таму ќе видиме, одиме како аутсајдери ама кога ја скинавме една Франција, ништо не се знае со нас. :)

Озел не е ни од далеку она што беше, инаку морам да кажам дека турчинките напреднале спрема она што беа порано.

Незнам како стојат младинските погони на Кастратовиќ, Велкова... Од нив очекувам најмногу да исфрлат некоја генерација која ќе не врати на оние стари патеки.

Штета за Партенко (или Портјанко, или Николиќ :D) ама се мислам дека пак ќе ја убедат ;) A oстанатите како Кресоја, Охоланга, Ламбеска... се примери дека не секоја заслужва да игра за нашата репрезентација :)
 
B

BBlisto

Гостин
Добро бе луѓе, една утакмица лошо изигра и одма Пецевска не чинела...Од кога па една утакмица е доволна за да може да се суди дали еден играч е добар или не? Да, лошо играше, не го менува фактот дека е одлично крило...Бајрамовска исто...Денес беше катастрофа, но во принцип она е бек каков што секој би посакал да има во својата екипа...Елена денес добра беше, морам да ја пофалам, ама треба уште многу да напредува за да го сменам моето генерално лошо мислење за неа...
И зошто немаме десно крило??
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.908
Поени од реакции
6.998
Добро бе луѓе, една утакмица лошо изигра и одма Пецевска не чинела...Од кога па една утакмица е доволна за да може да се суди дали еден играч е добар или не? Да, лошо играше, не го менува фактот дека е одлично крило...Бајрамовска исто...Денес беше катастрофа, но во принцип она е бек каков што секој би посакал да има во својата екипа...Елена денес добра беше, морам да ја пофалам, ама треба уште многу да напредува за да го сменам моето генерално лошо мислење за неа...
И зошто немаме десно крило??
Затоа што Тодоровска е помошник-тренер :D
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.908
Поени од реакции
6.998
Леле не ми отварај стари рани, нема никогаш да ја прежалам Тодоровска...Мојата омилена...Најјака беше:cuc:
Кога дојде во Кометал како Малахова важеше за најдоброто десно крило во светот, а додека играше за Кометал и Македонија потоа си се задржа во топ 5 :cuc:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сонце беше Тодоровска срце од играч. Да ги споменам и најдобрите крила на сите времиња за Македонија Кисељева и Радуловиќ.
 

wgt

Член од
30 август 2011
Мислења
280
Поени од реакции
92
Тоа ни е така зато што сеуште памтиме што имаат направено во минатото и заради тоа ни е влезен стравот в коски ама на секое првенство има некоја или цела група на репрезентации кои целосно потфрлаат, па некој друг го завзема нивниот рејтинг. За мене најјаки и недостижни ќе бидат само оние што ќе бидат во прв шешир: Норвешка, Русија и не знам уште кој е таму, евентуално Романија, Унгарија. Германија, Франција, Данска, Шпанија си се јаки ама не и непобедливи. Штом Данска двапати изгубила од Хрватска значи не се тоа што беа. А дека Хрватките се нешто посебно, не верувам, немаат конкурентен претставник во ЛШ. Србија, Црна Гора, Украина, Холандија се екипи со кои можеме да се носиме. Реков секогаш се случува некој од овие ептен да заебе, не можат сите во топ 5-6 да завршат :D. Али секако на крај се зависи од нас. Пласман во втор круг е супер резултат.
Хм,Хрватска се одлична екипа,тоа што преставникот во лигата на шампионите екипата на Подравка не е толку јака не значи дека репрезентацијата е исто.Сите јаки ракометарки на Хрватската репрезентација играат во други клубови.
Холандија е домаќин па така ќе има голема поддршка плус Холандија последниве години создадоа квалитетна екипа ,некои од ракометарките настапуваат во дански и германски клубови.
Унгарија е екипа која некогаш изненадува со пораз или победа .Унгарската лига е една од најквалитетните во Европа а скоро дел од Репрезентацијата се ракометарки на финалистот од лигата на шампионите Ѓер Ауди а другите се од шампионот на Европа екипата на ФТЦ-Будимпешта.
Србинкиве се на наше ниво ама они ја имаат Лекич,Дамјановиќ па мислам против Србија немаме шанси да се носиме ,единствено појаки сме од Украина :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.053
Ова се последни генерации кои ги создаде Кометал, шо ќе биди за 4-5 години незнам, ама ни Вардар ни Металург не вервам да создадат јаки екипи од сопствените школи, него ќе шлеповаат русинки и украинки.

Честитки инаку за пласманот на екипата, Гино кој од секогаш ми се допаѓал како тренер си ја заврши работата одлично особено после оној пораз од Турција таму кога никој не се надеваше дека ќе ја тепаме Франција. (y)

Околу играта, грешки имаше на двете страни, мноогу сме далеку од она ниво на кое бевме пред 5-6 години, ама тоа е и оваа игра 'на мускули' колку-толку барем на европско не однесе. За таму ќе видиме, одиме како аутсајдери ама кога ја скинавме една Франција, ништо не се знае со нас. :)

Незнам како стојат младинските погони на Кастратовиќ, Велкова... Од нив очекувам најмногу да исфрлат некоја генерација која ќе не врати на оние стари патеки.
Школата на Кастратовиќ редовно ги освојува првенствата. Во последниве години после помладите категории играа како младинки на Вардар.
А мислам дека од иодна година и официјално ќе станат младински школи на Вардар.
Би требало да излезат добри ракометарки од таму, можеби не цела генерација, ама по некоја од сите генерации...
Играа и во турнири надвор од Македонија и скоро секогаш освојуваат, е сега какви се квалитетите на турнирите неможам да тврдам...
И Металург има млади школи, во машки ракомет они имаат своја пионерска лига пошто официјална државна нема (бар така мислам...). Во таа лига и женските екипи играат со машките...
Се вложува бајаги во ракометов во последниве години, ете гледам од моја населба помаливе основциве сите тренираат ракомет. И машки и женски...
Е сега им требаат подобри услови за да напредуваат.
Затоа проектот ЖРК Вардар е можеби вистинското решение. Одлични тренери за младите категории, добар спонзор, ќе можат да научат нешто и од искусните Русинки, е останува само на девојките сами да се насочат кон ракометот и да живеат спортски живот... Колкави им се амбициите, толку ќе успеат.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Сонце беше Тодоровска срце од играч. Да ги споменам и најдобрите крила на сите времиња за Македонија Кисељева и Радуловиќ.
Кисељева мојата омилена, богиња за контра напади.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom