А извини, кога тоа ќе се раздвижи економијата? Нешто многу долго чекаме? Дај Боже, дај Боже....
Не само 2008-9... секси беа и години назад, со почетокот на милениумов па се до лани... тогаш и посекси беа времињата имаше периоди кога каматата беше двоцифрена.... Сега се плашам дека и опцијата која ти ја спомна (злато, сребро, акции) не е воопшто секси во наредниов период особено не со акциите.... изгледа повеќе или помалку сите како инвеститори сме во исти срања.
Па ете и можеби и ќе се раздвижи економијата па ние штедачите ќе бидеме стимулирани да инвестираме на берза, да отвараме бизниси: производство нешто, услуги, алаш-вериш... нати го дај ми го и тн. Знаеш, човек цел живот учи! Ете јас на пример сега научив кој е најдобар трговец. Проститутката! Има роба (или по наше стока) ја продава таа роба.... и останува истата роба!.... Ќе се бавиме сега сите со трговија јеби га! *БизМисмени* да бидиме ко 90-тите! Само едно заборави Стефус, сеуште најголема финансиска олигархија (додуша со мала моќ) се штедачите. Располагаат со над 2 милијарди Евра.... Што ќе се случи со банките и со економијата која би да се раздвижи доколку само 30% да речеме решат ете дестимулирани од ниските камати да ги претворат своите влогови во Швицарци, АУТ Долари, можеби УСА Долари, кинеска валута, шведска маса, бугарски воз.... и ги стават под перница до даљнег, а? Некој погоре (а можеби и ти рече дека можно е ете на ситно Форекс да се бават и штедачите) наместо да ризикуват девалвација која прети, камати кои дестимулираат штедење... оп у Швицарци под перница? А? Можеш ли да предвидиш едно такво сценарио? Само 20-30% од штедачите - 600 - 700 милиони Еура под перница! Ама за краток период.... Развој? Каков развој!? КОЛАПС!.... Мислиш дека Боге и НБРМ, Хари, Бишев и компанија не се плашат од вакво сценарио? Не е така едноставно!