Девизно или денарско орочено штедење?

  • Креатор на темата ViM
  • Време на започнување
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Инаку дали ги следиш каматите на кредитите дали и тие опаѓаат обично каматните стапки се поврзани. Јас не следам кредити па незнам како се движат.
Па и ја не ги следам многу. Но во моментов морам да ги следам бидејќи имам подигнато кредит. Каматите на кредитите исто така мислам дека си ги контролира и нуди секоја банка посебно. Но бидејќи стално барат нешто од Гувернерот на НБМ, мислам дека и политиката на народна банка има удел во одлуката на комерцијалниве банки околу тоа колку ќе биде каматата на еден кредит. Ако грешам, нека ме поправи некој по упатен.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Неможеш да споредуваш пред 10 години и денес, се смена цел систем (транзиција), марка-евро итн. Исто треба да се земе во предвит просечна плата во МК, ако таа е ниска ќе ги држи и цените ниски колку-толку. Ако скокне платата се ствара простор за поголеми поскапувања ака инфлација.

И денес имаш автомобили за 7-8к евра ама имаш и поголем избор, истото е и со ихраната, има леб за 2.5 денари има и за 3.5. Затоа велам, друго време е сега, поголем избор-различни цени-различен квалитет.

Е енергенсите скокнаа тоа е факт, ама инвестирај во соларна енергија гледај како да ги намалиш трошоците во иднина.

Забегав од темава, он-топик, во секој случај е поисплатливо штедење на голема сума (50-100к евра) одколку инвестирање во бизнис ако немаш некоја стварно добра идеја и позадина. Со бизниост имаш голем ризик да ги изгубиш сите па и внатре да влезеш а вака може ќе капи ама континуирано. Една солидна плата ќе ти се таложи секој месец, особено ако живееш надвор од Скопје тие пари ти се сосема доволни.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Mе интересира ако орочиш пари со една камата да речеме 9,4% на 24 месеци како тебе ако сега падне каматата на 8,5% дали и на тебе ќе ти пресмеруваат по новата камата или мораат да го почитуваат договорот во следните 24 месеци т.е. да ти дадат 9,4%?
Не Стефус... загарантирана ти е договорената камата, само една година! Во случајот мене една година ми е загарантирано 9,4%... втората година, зависно од многу фактори каматата не е гарантирана, а за првата година како реков каматата е загарантирана (9,4%) без оглед што во меѓувреме падна на 8,5... Но како и да е, ако втората година не ми одговара каматата, го подигам влогот и чао! Или го носам во друга банка... или 48-ца црвено, или кец у кец... или Макпетрол на берза сите.... има опции!:P
 
Член од
24 март 2012
Мислења
54
Поени од реакции
25
Зависи со каматните стапки, има депозити со флексибилна и со фиксна каматна стапка. Мислам дека така е и со каматите на кредитите...
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
Не Стефус... загарантирана ти е договорената камата, само една година! Во случајот мене една година ми е загарантирано 9,4%... втората година, зависно од многу фактори каматата не е гарантирана, а за првата година како реков каматата е загарантирана (9,4%) без оглед што во меѓувреме падна на 8,5... Но како и да е, ако втората година не ми одговара каматата, го подигам влогот и чао! Или го носам во друга банка... или 48-ца црвено, или кец у кец... или Макпетрол на берза сите.... има опции!:P

Во Комерцијална каматните стапки се променливи така да ако ти се орочени на 9.4% и се намалат на 8.5% ти се намалуваат и тебе.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Во Комерцијална каматните стапки се променливи така да ако ти се орочени на 9.4% и се намалат на 8.5% ти се намалуваат и тебе.
Поголем и погалантен фраер е Трипун од Хари! Трипче реков ја гарантира договорената камата! А доколку орочувањето ти е на две, тогаш гарантирана и непроменлива е каматата во првата година на орочувањето - јас сум сведок за тоа! :) Додека втората година од орочувањето зависно од тогашната понуда на каматите!
 
Геврек

O ALQUMISTA
Член од
6 ноември 2008
Мислења
770
Поени од реакции
483
Имајки предвид дека имаме фиксен девизен курс штедењето во домашната валута е доста сигурно и секако носи поголема камата..

Многу ми е криво бидејки пред неколку години претпоставував дека франкот и австралискиот долар ке одат нагоре но сепак не штедев во овие валути, сега сум доста сигурен дека норвешката круна во наредните 1-2 години ке апрецира и затоа штедам во НОК иако каматата е помала.
 
Член од
4 ноември 2010
Мислења
127
Поени од реакции
54
Поголем и погалантен фраер е Трипун од Хари! Трипче реков ја гарантира договорената камата! А доколку орочувањето ти е на две, тогаш гарантирана и непроменлива е каматата во првата година на орочувањето - јас сум сведок за тоа! :) Додека втората година од орочувањето зависно од тогашната понуда на каматите!
Dr.Zmigo da te prasam dali vtorata godina ako kamatnata stapka na depozitot se namali nekolku pati dali ce se namali i kaj tebe, dali e promenliva kamatnata stapka ili e fiksna so momentot koga stapila vtorata godina i momentalnata kamatna stapka. Ti blagodaram .
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Dr.Zmigo da te prasam dali vtorata godina ako kamatnata stapka na depozitot se namali nekolku pati dali ce se namali i kaj tebe, dali e promenliva kamatnata stapka ili e fiksna so momentot koga stapila vtorata godina i momentalnata kamatna stapka. Ti blagodaram .
Добро прашање навистина, мислам дека го нема дефинирано тоа и во договорот стрикно дали каматната стапка ќе биде флексибилна втората година или пак ќе биде фиксна од моменталната стапка од денот кога истекува првата година на договорот. Мое мислење е дека се работи за флексибилна камата, мислам дека беше спомнато низ конверзација кога правев договор.
Имаш можност во секој случај да направиш нов договор на сите пари освен на тие фиксни 30.000 денари ако ти одговара моменталната камата и одново ќе имаш фиксна каматна стапка за една година, пех е само што ќе имаш заробени на некој начин 60.000 за една година и 30.000 за наредната. Секако и на тие ќе ти течи камата што и не е некоја голема загуба ако не ти требаат очајно тие 1000 евра.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Од стопанска премиум на 4 месеци, да не знае некој како се рачуна колку е точната каматата на овие вредности за 4 месеци?

Каматни стапки

За соодветниот месец Каматна стапка
1 месец ........................1.10%
2 месец ........................3.10%
3 месец ........................5.10%
4 месец ........................7.10%
 
Член од
16 април 2012
Мислења
6
Поени од реакции
3

Собери ги каматите и целата вредност подели ја со бројот на месеци (во случајов 4) и ќе добиеш средна вредност (4,1%)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Собери ги каматите и целата вредност подели ја со бројот на месеци (во случајов 4) и ќе добиеш средна вредност (4,1%)
Кога ги даваат каматите мислам дека секогаш им се за 12 месеци или грешам.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
6
Поени од реакции
3
Кога ги даваат каматите мислам дека секогаш им се за 12 месеци или грешам.
Каматните стапки ги изразуваат на годишно ниво (јас бар до сега не сум сретнал поинаку мада не ме фаќај за збор), е сега за овие камативе од погоре, ако на пример ти сега вложиш 100.000 ден. за првиот месец би зел 1,1% на годишно ниво или 91 ден., за вториот 258 ден., за третиот 425 ден. и за четвртиот 491 ден. и кога сите овие камати би ги собрал тоа би ти дошло ко да си земал 4,1% фиксна камата. Е сега, банкиве имаат тука и различни начини за пресметување на камата (пропорционална и конформна), ако ти пресметуваат според оваа вторава тогаш каматата би ти била нешто помала од оваа што ти ја напишав. Се надевам ти бев од помош.
 
Член од
26 март 2009
Мислења
72
Поени од реакции
8
имам едно прашање, дали вреди сега да се вложат пари на штедење во банкиве, или можно е некој колапс?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom