Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Сосема небитно, долгорочно ова нема да направи разлика ако е во калориски дефицит.
Зш ? После долга ноќ ( обично 7-8 часа сон ) коа ќе станеш од сабајле 1 јабука треба да ти ги задоволи потребите ? Ти треба протеинска храна и ЈХ.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
2.255
Поени од реакции
116
Зш ? После долга ноќ ( обично 7-8 часа сон ) коа ќе станеш од сабајле 1 јабука треба да ти ги задоволи потребите ? Ти треба протеинска храна и ЈХ.
Ако мене наутро ми се јаде само едно јаболко, а после неколку часа изедам голем обилен оброк - тоа сигрно нема да доведе до катаболизам, нити пак ако се најадам навечер ориз и стек тоа ќе се претвори во сало - тоа ми беше муабетот.

Инаку за оптимално функционирање во текот на денот си во право, од логични причини - односно сигурно дека преку ден кога се движиш и слично согоруваш повеќе калории па поголемиот дел од "енергетската храна" - јаглехидратите треба да ги конзумираш тогаш.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Зависи од колку калории ти требаат.
Немој ти сеа со вакво нубско прашање :D
Хахаха :D брат,колку калории и да ми требаат(околу 2300 мислам дека ми беше) јас јадам некад по 800-900 грама компир...а тоа е многу ебате...+ стави месо минимум 2 парчиња од по над 150 грама,салата,и предходни оброци...ради тоа прашав....:D
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

Па баш ќе си видиш по калориите колку треба и да си лимитираш, а не по кило компир да јадеш :)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Ако мене наутро ми се јаде само едно јаболко, а после неколку часа изедам голем обилен оброк - тоа сигрно нема да доведе до катаболизам, нити пак ако се најадам навечер ориз и стек тоа ќе се претвори во сало - тоа ми беше муабетот.

Инаку за оптимално функционирање во текот на денот си во право, од логични причини - односно сигурно дека преку ден кога се движиш и слично согоруваш повеќе калории па поголемиот дел од "енергетската храна" - јаглехидратите треба да ги конзумираш тогаш.
Не се сложувам со ова, повеќе ЈХ не ти се потребни пред спиење затоа што организмот нема да има што да прави со нив.Зошто? Затоа што да речеме дека си вежбал во теретана утрото и секако одкако си се вратил во теретана си имал еден обилен оброк од брзи протеини ЈХ и делумно масти тој солидно ги има пополнето истрошените резерви на ЈХ во мускулите, потоа уште еден оброк или два и гликогенот во мускулите е обновен. Ако му дадеш на организмот пред спиење пример 300 грама ориз што мислиш како ќе реагира истиот одкако ќе го свари. Мускулите се исполнети со гликоген, црниот дроб исто така... За време на спиење не му е потребна ни одблиску толку енергија отколку кога си активен така да не му останува ништо друго освен да ги метаболира ЈХ во масти.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
дали сте задоволни од carb cycling? планирам да почнам со една проста шема на carb cycling од следниов текст :
http://www.t-nation.com/free_online_article/most_recent/carb_cycling_for_the_noncounter
Ја ќе пробам палео диета. Нешо слично му доаѓа на карб цајклинг.
еден ден високо јх
еден ден ниско
еден без
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
2.255
Поени од реакции
116
Не се сложувам со ова, повеќе ЈХ не ти се потребни пред спиење затоа што организмот нема да има што да прави со нив.Зошто? Затоа што да речеме дека си вежбал во теретана утрото и секако одкако си се вратил во теретана си имал еден обилен оброк од брзи протеини ЈХ и делумно масти тој солидно ги има пополнето истрошените резерви на ЈХ во мускулите, потоа уште еден оброк или два и гликогенот во мускулите е обновен. Ако му дадеш на организмот пред спиење пример 300 грама ориз што мислиш како ќе реагира истиот одкако ќе го свари. Мускулите се исполнети со гликоген, црниот дроб исто така... За време на спиење не му е потребна ни одблиску толку енергија отколку кога си активен така да не му останува ништо друго освен да ги метаболира ЈХ во масти.
А, што правиме ако на пример јас денес сум изел веќе 3000 калории, а толку и ми се потребни, па за вечера да изедам уште пола кило стек (800+ калории) - нема ли овој вишок да се претвори во сало само затоа што е од протеински извор?

Гликогенските резерви во мускулното ткиво нити можеш да ги истрошиш така лесно за време од еден тренинг, нити пак така лесно да ги преполниш. За да функционира телото потребна му е енергија преку цел ден и преку цела ноќ, оваа енергија се црпи токму од овие резерви, а преку храната која ја внесуваме се обновува постојано. Ако јас денес сум потрошил 2000, а сум изел 1000 калории, вечерва ако изедам 300 грама ориз како што рече (тоа се околу 1000 калории), зарем телото е толку глупаво да не ги обнови своите резерви туку да го претвори во сало? На крајот пак целиот муабет се сведува на старото calories in vs calories out.

Најголем дел од овие митови се створени ради индустријата за суплементи, која се обидува да не натера да веруваме дека најсовршениот чекор во еволуцијата (човечкото тело) функционира на толку глупав и едноставен начин. Тоа му доаѓа како да го учиме телото да вози точак, а тоа веќе управува со вселенски бродови. :)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
А, што правиме ако на пример јас денес сум изел веќе 3000 калории, а толку и ми се потребни, па за вечера да изедам уште пола кило стек (800+ калории) - нема ли овој вишок да се претвори во сало само затоа што е од протеински извор?
Ќе се претвори, секој вишок ќе се претвори во масти без разлика од кој извор доаѓа. Поентата е да се оспланира исхраната, најбитен оброк е доручекот и оброкот по тренинг тие треба и најмногу ЈХ да содржат затоа што организмот најефикасно ќе ги искористи, а постепено кон крајот на денот ЈХ да се намалуваат.

Гликогенските резерви во мускулното ткиво нити можеш да ги истрошиш така лесно за време од еден тренинг, нити пак така лесно да ги преполниш. За да функционира телото потребна му е енергија преку цел ден и преку цела ноќ, оваа енергија се црпи токму од овие резерви, а преку храната која ја внесуваме се обновува постојано. Ако јас денес сум потрошил 2000, а сум изел 1000 калории, вечерва ако изедам 300 грама ориз како што рече (тоа се околу 1000 калории), зарем телото е толку глупаво да не ги обнови своите резерви туку да го претвори во сало? На крајот пак целиот муабет се сведува на старото calories in vs calories out.
Телото не функцинонира на база на 24 часа т.е. еден ден. Нема да те чека до ноќта да види дали ќе му ги дадеш потребните 2000 калории туку веројатно ако имаш внесено само околу 1000 во тек на денот веќе ќе влезе во катаболизам, а потоа ако му ги додадеш за вечера уште 1000 калории се сомневам дека сите ефикасно ќе ги искористи за поправка. Не е поентата само во запазување на калориите во смисла 2000 калории ако е така ќе ги внесеме на еден оброк и готово туку во константноста на процесот.
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
јајца, стек,урда, туна, сардина .... што друго би јадел како претиенски извор во текот на еден ден кој што ми е само протеински ( low carb day) ???? без канта протеини ( моментално неам )
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
2.255
Поени од реакции
116
Телото не функцинонира на база на 24 часа т.е. еден ден. Нема да те чека до ноќта да види дали ќе му ги дадеш потребните 2000 калории туку веројатно ако имаш внесено само околу 1000 во тек на денот веќе ќе влезе во катаболизам, а потоа ако му ги додадеш за вечера уште 1000 калории се сомневам дека сите ефикасно ќе ги искористи за поправка. Не е поентата само во запазување на калориите во смисла 2000 калории ако е така ќе ги внесеме на еден оброк и готово туку во константноста на процесот.
Точно тоа и ми беше поентата на муабетот, не влегува телото во катаболизам така лесно како што е презентирано во статиите на интернет (промовирање на PWO шејкови, препарати за брза обнова)*. Доколку телото прими хранливи материи колку што му требаат, тоа ќе знае како да ги искористи без разлика кога си ги внел и на кој начин - сигурно нема да ги исфрли. Повторно ќе ја нагласам еволуцијата на живите организми, а после тоа и развитокот на човечкот од минатото до денес.

*секако со развиток на технологијата и истражувањето, овие препарати се измислени и како такви му помагаат на вежбачот во своите цели, но не треба да се заборави и дека и без нив луѓето се развивале и пред се живееле

edit: повеќе околу ова http://www.ajcn.org/content/90/5/1244.full.pdf
Вистинско истражување за разлика од

:)
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Интересни ми се научните достигнувања, лични, кои ги презентирате.
Им ја откривте тајната и заговорот на продавачите на додатоци во исхраната :)
Шала на страна, малку совет. Вистина е дека телото така лесно не доаѓа во состојба на катаболизам. Но, поголема вистина е дека многу лесно доаѓа во состојба на катаболизам во два случаја: физичка активност со висок инзтензитет и долг временски период на гладување.
Сите овде сте вежбачи и претпоставувам дека кога вежбате, без разлика што практикувате, работите со цело срце и висок интензитет. Тешко дека некој ќе легне на бенч, чисто да се почеша од клупата.
Сите овде, сакла или не, мораме да легнеме и да преспиеме подолг временси период преку ноќта. Период, каде нема продавач на суплементи кој ќе ве убеди дека јадете додека се храните, не трошите додека спиете и дека не ви е потребен оброк како доручек, него веднаш можете од кревет после 8 часа сон и да претпоставиме час до два предходно без храна, да копате, работите, трчате низ град завршувајки обврски и сл.
Вистина е и тоа дека ако се храните преку ден, не водејки грижа што ќе внесете, телото ќе се снајде и ќе си го сработи своето. А нему му е битно опстојувањето и одржувањето. Значи, мускулите и вашиот изглед се на по следно место во листата на вашиот организам. Освен ако вие не ги поставите на прво. Според организмот, ако вие не водите грижа за правилен начин на исхрана во текот на денот, тој ама воопшто нем у е гајле. Од протеините ќе си создаде гликогенси резерви, а од ЈХ кои ќе ги внесите кога вам ќе ви текне (од причина што гликогенсите резерви ќе бидат пополнети) ќе си создаде масно ткиво.

Значи, овде не правиме моабет за еволуција и одржување на организмот во состојба на функционирање. Овде станува збор за обликување на сопственото тело во димензии и рамки кои ние ги посакуваме, нивно надворешно менување,а тоа неможе ако не го измениме и внатрешно во делот на хормоните.
Изборот е ваш.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Може ли,после напорен тренинг,да се изеде сладолед ?(покрај дозерка веј,и добар оброк од ЈХ и протеин?)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom