Уште не почнат трансфер период, ние веќе лапнавме двајца најаки играчи што може да се купат. Хулк и Хазард.
Voila Челзи, конечно клубов почна да учи од грешките, и кога има намера да доведе првокласен фудбалер се знае како се иде на пазар, браво!
Челзи ќе ги има сите свои засилувања пред 4 јули, во тоа бидете сигурни, прашањето е дали овие фудбалери ќе ги тренира Гвардиола или Ди Матео.
Како почнала работата, страшен тим се подготвува, со Хулк и Хазард по крила, Торес како шпиц, па и Илчо Наумоски има да се распука, следнава сезона има да биде партали, може првата полусезона да имаме мала криза дур се уиграат, но кога еднаш виолината ќе засвири Челзи ќе го диктира фудбалов у Европа со вакви засилувања, секоја чест за Роман и компанија.
За жал, иако јас лично посакувам Роби да остане тренер, тоа нема да се случи, ќе дојде Гвардиола и Челзи пак ќе има еден куп глупости да пројде со нов тренер. Но од Пеп ако не друго, знаеме дека шанса ќе добијат млади играчи, кои ги имаме на претек со страшен потецијал.