Па не знам каква помош очекуваш да добиеш на форумов па си пишал тука, сигурно не помисли дека некој од нас би отишол на твое место да полага за тебе.
Разбирам да имаш некое конкретно прашање(задача) па да ти помогнеме ама вака...НЕ СФАЌАМ КОЈА Е ПОЕНТАТА!
Веќе си пишал и дека наводно се трудиш и учиш, па исто не можам да разберам како тоа не можеш да научиш барем за преодна оценка. Се надевам дека рејтингот на Орце не е паднат и дека сеуште важи за една од посолидните гимназии и дека се запишуваат релативно солидни ученици, и од таквите логично би очекувала дека се способни да научат барем за преодна оценка.
Патем, мора да постои решение и за твојот "проблем", би те посоветувала доколку навистина си скаран со математиката, да се обидеш да разговараш со професорката да ти понуди типови на задачи кои би се паднале на тестот па да се потрудиме да ти помогнеме овде на форумот.
ЗА ДРУГО ЧАРЕ НАВИСТИНА НЕ СУМ СИГУРНА ДЕКА БИ СЕ НАШЛО НА ФОРУМОВ!!!!!!!!
Поздрав и ти посакувам позитивен исход на твојава макичка и убав помин на кампот