Несоодветно однесување на професорите во поглед на заштита на децата и решавање на нивните проблеми

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За што бе укор , затоа што едно девојче удрило друго кога наставничката не била тука ? Треба да ги врзе или у кафез да ги стаи за да бидат мирни ? За високиот тон? Или за не прикажаното внимание кога детето го побарало? Или требало да се притресува зашто ја удриле ?
Јас да сум родител нема да барам укор, да ми го удрат детето и она да му се дере ќе ја влечам по под за коса до канцеларија на директор. Укор е благ збор, то све треба да се убие.
Ама ај фин совет да дадам :)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882

:pos:
Да бе можам да замислам, Наставничке Наставничкееееееееееееееееееее
кажи Љеондро јуниор ?
ме удри бубе, Љеондро седни ке разговараме после
Ама ме удри БУБЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
Седи Љеондро да не се повторувам
Ало мамоооооооооооооооо наставничката ми се развика дека бубе ме удри
И влага љеондра сениор :нинџ:
И на сите им ебе матер.:pos:
Не заебавај, со комшијата се дрскавне како магариња до 6-то оделение некогаш се случуваше и татковците да не гледаат,и откако ке се испотепавне јас и комшијата кога ке не грабнеше мене татко ми него татко му абе пепел не правеа,ама прво ке не оставеја меѓу себе да се издрскаме.
На нас ќутекот а они после ке седнеа на ракиичка и шопска :pos:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Да си жив и здрав, не мислам дека сум многу помлад.( може и постар )
Ама вистината е таа несмее да искара не смее да прекори,а недај боже да удри.
Иначе колку прачки имам јадено,за не однесено домашно. Тоа чудо едно башка и ке изедеш ќотек зашто не си однел на школо домашна од наставникот,или ако не си мирен.
И оди дома кажи ако смееш дека те тепале на школо,и дома ке си го добиеш зашто те тепал наставникот на школо.
Не збориме за порано збориме за сега како е.
E eeeeej не ми отварај рани.... абе мме ретко некој ден да промашев а да не ме перне некој наставник.... а тек ако ти речеа ..викни го родителот... абе упм.. и дома ќотек (ти ли бе најде да ме срамиш маме ти е....:D) ... јбг..така се калеше челикот.

А ова денес што се случува по школииве, абе кај наставник смее да помисли да искара ученик, а не дај и да му врзе некоја... одма бе во школо се нацртуваат татко, мајка, чичко, вујна, тетка стрина, комшијата, швалерката... маме му расплакуваат на наставникот.

Наставник.. денес тоа е ризична професија, деца ко деца, ко ќе осетат дека се заштитени ко бели мечки стануваат сурови, максимално злоупотребуваат (толку им сече...поради воздраста или храната...)... јбг.. не е баш некој филинг да секој ден по шест седум часа си со по 30-на терминаторчиња.

А она... моето дете ... е учтиво, мирно, паметно, абе ангелче, тоа другарите/ките го подведуваат... тоа го вика секој родител:D за своите деца... ама вистината е.. децата дома се едно а надвор нешто сосем друго, но како и секогаш..родителот секогаш последен дознава.. честопати прекасно... јбг..родителите најмалку ги познаваат своите деца..

За спомнатиот случај во темава... среќа ништо сериозно не се десило, детска работа, утре пак заедно ќе играат, најлошо од се е мешањето на успаничени родители во детски работи, па добро бе Мајо кој кур и си се развикала на наставничката, ко таа да тепала, ја искарала, па што ако, уплав да не добие случајно, па од кај знаеш дека твоето дете не ја испровоцирало тепачката или ко што реков погоре..моето е ангелче, нема шанса,..да наместо фино, тихо и дискретно го решиш случајот ти одма паника, викање и хаос.... е тој и таков начин на реакција раѓа отпор и инат на другата страна па колку сака нека си во право.
И за крај... не го чувај детето како во стаклено ѕвоно... не му правиш добро со тоа.
 
Премолчано одобрувала насилство,ко она дома да не ја плашкоти по гзот или кога таа гледа турски серии со саваши маваши како се тепаат,убиваат,и како две калаштури си ги кубат косите за некој бркајлија.
Сигурно на секоја таква сцена и вика не вака ќерко ти нема да правиш,не негледај го ова.
Абе тури му пепел бе, знаеш кога си лечиш фрустрација тоа ти е, и многу од денешниве родители мислат дека тие се шефови и шефици на наставниците поготово откако ги воведоа овие родителски совети ( кој и немаат ама баш никаква улога во раководењето со училиштето и кадровата политика )
Наставничката требало да почне да се притресува,да плаче по ходници да повика полиција да го истера другото девојче од час да свика родителска ехеееееееее абе долга и широка требало да направи,како тоа преќутно одобрила :pos:
Држ Држ Жица Дрма ми се кабаница
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Ја да сум на ваше место,во министерство за образование,што ако нешто се случело недај боже ?
Башка девојчево е малечко,не е свесно за последиците кои може да и ги нанесе ннесакаејки...
Учителката треба да се опомене,а и девојчето и нејзините родители.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Кои се правата на моето дете?
Каде можам да се пожалам ако директорот на училиштето ја штити учителката без оглед на нејзиното однесување?
Маја, пиши во темата за Правна помош. Тебе ти треба некој што се разбира од право да ти каже стручно, а не овде *___* да ти изиграва дрвен адвокат. Многумина ти даваат лоши совети поготово *___*. Кликни на неговиот аватар и после кликни на игнорирај. И биди си раат. Можеш да се јавиш во Државен просветен инспекторат, во Сектор за заштита на децата во Министерство за труд и социјална политика.... за совет, и на крај консултирај се со адвокат. Зошто ова е сепак сериозна работа. Имаш среќа што не поминало со посериозни последици.
Треба да се информираш: кој е одговорен за безбедноста на девојчето додека е во школо? Дали наставникот тука игра некаква улога? Дали за девојчето насилник може да одговарат родителите (Што мислам дека можат)?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ја да сум на ваше место,во министерство за образование,што ако нешто се случело недај боже ?
Башка девојчево е малечко,не е свесно за последиците кои може да и ги нанесе ннесакаејки...
Учителката треба да се опомене,а и девојчето и нејзините родители.
Зошто бе да се опомене... па не е таа тепачот, таа дури и не била присутна на настанот....
... а, ааа ..се сетив... искарало едно девојче... абе не искарало едно туку двете наеднаш... а на ова ај да не речам болното.. може би само малку повеќе му скренало внимание, бидејки и ја познавало здраствената состојба, можда и викала да избегнува такви инциденти и по цена да ја прегази гордоста.. ама изгледа некој лошо ја разбрал целата работа...
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Јас да сум родител нема да барам укор, да ми го удрат детето и она да му се дере ќе ја влечам по под за коса до канцеларија на директор. Укор е благ збор, то све треба да се убие.
Ама ај фин совет да дадам :)
Ти си кралица !:cuc:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
.... Дали за девојчето насилник може да одговарат родителите (Што мислам дека можат)?
Насилник... абе не заебавај..што не пиша ..терорист, алкаедовец и сл...
.. од детска работа работа напраивте ...упм..
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Насилник... абе не заебавај..што не пиша ..терорист, алкаедовец и сл...
.. од детска работа работа напраивте ...упм..
Брат чим знаела дека опасно е да ја удира по стомак и намерно го направила тоа и рекла дека сака да и ја пукне слезинката.... како сакаш да ја наречам? Мал ангел со anger management issues?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Маја, пиши во темата за Правна помош. Тебе ти треба некој што се разбира од право да ти каже стручно, а не овде *___* да ти изиграва дрвен адвокат. Многумина ти даваат лоши совети поготово *___*. Кликни на неговиот аватар и после кликни на игнорирај. И биди си раат. Можеш да се јавиш во Државен просветен инспекторат, во Сектор за заштита на децата во Министерство за труд и социјална политика.... за совет, и на крај консултирај се со адвокат. Зошто ова е сепак сериозна работа. Имаш среќа што не поминало со посериозни последици.
Треба да се информираш: кој е одговорен за безбедноста на девојчето додека е во школо? Дали наставникот тука игра некаква улога? Дали за девојчето насилник може да одговарат родителите (Што мислам дека можат)?
:pos:
Шта ми све то ти изнаприча бре бре бре, дај стразбур случај да отвориме :pos:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Брат чим знаела дека опасно е да ја удира по стомак и намерно го направила тоа и рекла дека сака да и ја пукне слезинката.... како сакаш да ја наречам? Мал ангел со anger management issues?
..знаела... не дупи сега и ти... што знае дете од 4 одделение.... не барај таква одговорност од нив..
.. рекла... ова сугурно... или е отпосле накалемено...???????????????????
... не тврдам ништо, кое дете е иницијатор... ама симптоматично е што одма сите се ставаат на страна на „болното“ дете по принцип на солидарност, сочувство и сентименталност без и најмал напор да се види и дознае стварната ситуација...
..што прајме ако тепаната ја користи т.е. злоупотребува својата ситуација па ја користи положбата дека е ризично да ја удираат и и враќаат (нели децата се опоменати за нејзиниот случај)па на сите им се качува на глава...ама ете на една и зоврела крвта
...едно е познато.. никој не те тепа без причина
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Брат чим знаела дека опасно е да ја удира по стомак и намерно го направила тоа и рекла дека сака да и ја пукне слезинката.... како сакаш да ја наречам? Мал ангел со anger management issues?
Што бара во училиште девојче на кое што толку лесно може да му биде загрозен животот ?
Дали тоа не е родителска не грижа ,ако јас сум родител и на моето дете може друго дете да му го загрози животот со само еден удар во стомачето,или ако ја гурне некое дете во ходникот при трчање, јас моето дете не го ни праќам во тој случај на училиште ?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Се што може да направи е да отиде кај директорката и да бара тоа девојче да се избрка од школо од правен аспект.За друго не може апсолутно ништо освен како што кажав ако немате слободно време и сами да си земете дома да си ја образувате ќерка ви.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
..знаела... не дупи сега и ти... што знае дете од 4 одделение.... не барај таква одговорност од нив..
.. рекла... ова сугурно... или е отпосле накалемено...???????????????????
... не тврдам ништо, кое дете е иницијатор... ама симптоматично е што одма сите се ставаат на страна на „болното“ дете по принцип на солидарност, сочувство и сентименталност без и најмал напор да се види и дознае стварната ситуација.
Читај ја темава цела од почеток. Прочитај го првиот пост за болдираното.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom