7.Во моето училиште децата што ги нарекуваш со непознато потекло кои беа одлични беа 3-4,а тие што страдале од сопственото име ги имаше околу 7-8 и беа сите одлични,а учеа малку,но поминуваа одлични бидејќи месечните примања на родителите им беа 3000е.
Немој да ме убедуваш за нашево образование и да ги штитиш наставниците се знае точно како функционира се,со врски и само со врски,ако татко ти е со месечни примања 15000 денари ти си никој и ништо,затоа и образованието ни е очајно.
Не те убедувам ништо, туку како што ти сметаш дека твоето искусво и мислење смее/треба да стои овде, така и јас. добро е што ги наведе двата примера за плати. Имајќи ги предвид твоите примери , сметаш ли дека некој со месечна плата 100 евра поголема од минимумот што го наведе има моќ и мотивација да спроведе промени и практикува професионалност каква што сакаш/сакаме? Не е се во парите, ќе речеш, но биди малку реален и во однос на учителската фела. И тие се во кошот со ситната боранија, и тие имаат семејства за хранење и сметки за плаќање. Тоа што привремено „решаваат за нечија среќа“, предизвикува одбивност и многу луѓе во нив гледаат како самоповикани џелати, судии и неработници кои се платени толку колку што заслужуваат. Значи пази, не велам дека решаваат за нечија иднина или судбина, оти тоа не е вистина. Види прво кои бивши ученици сега ја земаат месечно горе кај тебе наведената сума.