Несоодветно однесување на професорите во поглед на заштита на децата и решавање на нивните проблеми

  • Креатор на темата Креатор на темата maja.a
  • Време на започнување Време на започнување
..знаела... не дупи сега и ти... што знае дете од 4 одделение.... не барај таква одговорност од нив..
.. рекла... ова сугурно... или е отпосле накалемено...???????????????????
... не тврдам ништо, кое дете е иницијатор... ама симптоматично е што одма сите се ставаат на страна на „болното“ дете по принцип на солидарност, сочувство и сентименталност без и најмал напор да се види и дознае стварната ситуација.
Абе и тие “ Болните“ не се баш цвеќенца за мирисање,обично се навикнати на поголемо внимание од страна на наставниците,и поголема заштита,а богами и секакви други поволности,па сега ништо чудо да се работи за симптом ускратено внимание, мислам и маја дека ја пече такво нешто ама ај да не идеме натаму.
 
Се што може да направи е да отиде кај директорката и да бара тоа девојче да се избрка од школо од правен аспект.За друго не може апсолутно ништо освен како што кажав ако немате слободно време и сами да си земете дома да си ја образувате ќерка ви.
Ни тоа не може,ке се види дали предходно имало такво поведение другото девојче дали прави проблеми,па ке оди на советување ехеееее,па дури после како крајна мерка менување на училиште.
 
Што збориш сега и ти глупости.Се може да ти го загрози животот и пред зграда може да се шетат и да ти падне саксија на глава од некој прозор што има тоа тука везе.

Кој му дава тука право на другото дете нејзе да ја мава.Кога бев во основно да сум тепал дете кое има здравствени проблеми дома прво би јадел ќутек добар па после да идам до кај другиот да му се извинам на врата.
Попе,ако на некое дете животот може да му биде загрозен со тоа што некое друго дете ке го удри по стомачето ( сакајки или не сакајки,а тоа го потврдил лекар ) тогаш на тоа дете не му е место во училиште.
Не реков дека другото има право да удира,ама ете деца се забутаат на одмор,случајно некое се залета па со ранец или со глава ја удри по стомачето, тоа е више сериозен здравствен проблем, и тоа дете не би требало да иде во училиште.
А и тој родител не е баш како што треба родител,чим такво дете пушта на школо.
И на крај овде се збори за наставничката дека имала одговорност,никој не ја оспорува одговорноста на тепачката :pos:
 
Што збориш сега и ти глупости.

Кој му дава право на другото дете да ја мава.Кога бев во основно да сум тепал дете кое има здравствени проблеми дома прво би јадел ептен добар ќутек па после да идам до кај другиот да му се извинам на врата.

Е сега ти збориш глупости...
..деца и право.... иди бе...
 
Јас имав у клас еден со тешка форма на астма едноставно беше типот што никогаш никој не го тепа за било каква причина.Сите го мрзевме зошто беше искрено гомнар али никој не го тепаше.

Земајќи во предвид дека немаше ден некој да не јаде ќотек кај нас во генерација ако можевме ние да се воздржиме би можеле и новите.
Абе да ама ако тој изедеше ќотек професорот ли го бркаа од работа ?
Читаш ли ти дека маја вика деца се деца и пак ке се дружат,ама зашто наставничкава сега не преземала ништо,па и високиот тон, и ред други работи.
на госпоџава што се издерава по телефон наставничката и е крива не детето што удрило
 
П..................... тоа е више сериозен здравствен проблем, и тоа дете не би требало да иде во училиште.
А и тој родител не е баш како што треба родител,чим такво дете пушта на школо.
И на крај овде се збори за наставничката дека имала одговорност,никој не ја оспорува одговорноста на тепачката :pos:

Тој родител како и секој друг мисли дека неговото е центар на вселената и се се врти околу него и за него.
Ама надвор е џунгла со сите нејзини закони и правила.... пишани и непишани.
 
Абе и тие “ Болните“ не се баш цвеќенца за мирисање,обично се навикнати на поголемо внимание од страна на наставниците,и поголема заштита,а богами и секакви други поволности,па сега ништо чудо да се работи за симптом ускратено внимание, мислам и маја дека ја пече такво нешто ама ај да не идеме натаму.
Ме печат мене многу работи поврзани со темата. Веќе ви кажав, не одлучив јас дека моето дете треба да отпочне да оди на училиште, тоа го одлучи лекар специјалист после едномесечна пауза. Што се поминавме во тој месец нема да набројувам, ама беше страшно. Мононуклеоза во тешка клиничка форма, со отоци, отежнато дишење и накалемена бактериска инфекција... сепак набројувам... висока температура, десетдневна антибиотска терапија и високи резултати во поглед на функцијата на црниот дроб. Можете да прочитате за болеста на википедија, има доста податоци.
Ми вреди ли да се убедувам со Вас дека до сега никогаш не сум реагирала бурно на детските кавги, уствари, никако не сум реагирала?
Детето ми е четврто одделение, и до сега не сум го повишила гласот кон учителката, нити сум барала некој посебен третман, нити сум досадувала на родителски, нити сум наоѓала мани.
Што се однесува до загрозеноста, и да немаше мононуклеоза удари по стомак со тупаница се сериозна работа.
 
Постои таква можност кај нас?

Најверојатно би требало да добијат некаква дозвола од министерство за образование.

Учебници би требало да добијат исто како во школо.Најголем дел од непотрените предмети како географија/историја може да се сменат со настави во природа/излети/читање во слободно време и ако се концентрира на главните Математика и Јазици (со време и ќе видите кон што повеќе ја влече и да се концентрирате повеќе на тоа ) по едно 4 саати дневно би требало да одвоите за учење и едно 1 саат додека ќерка ви вежба вие да се спремите за утре.

Со време вие ќе можете и да прекинете да ја учите и сама да си ги бара информациите.
 
Најверојатно би требало да добијат некаква дозвола од министерство за образование.

Учебници би требало да добијат исто како во школо.Најголем дел од непотрените предмети како географија/историја може да се сменат со настави во природа/излети/читање во слободно време и ако се концентрира на главните Математика и Јазици (со време и ќе видите кон што повеќе ја влече и да се концентрирате повеќе на тоа ) по едно 4 саати дневно би требало да одвоите за учење и едно 1 саат додека ќерка ви вежба вие да се спремите за утре.

Со време вие ќе можете и да прекинете да ја учите и сама да си ги бара информациите.
Абе другар јас немам деца, ама кога би имал... не знам. Знам дека во америка, на пример има вакво нешто. Не сум знаел за кај нас.
 
Абе другар јас немам деца, ама кога би имал... не знам. Знам дека во америка, на пример има вакво нешто. Не сум знаел за кај нас.

А ти од кај мислиш дека знам одприлика како функционира :D.Имам доста контакти со Американци и искрено на почетокот го имав истот став како сите "Ама на школо е и за дружба и за социјалиација " али со време сватив дека сум грешка.Они плус имаат развиено цел систем за ова.

Место 5-6 саати да бидам затворен во училна каде што 50%+ секогаш беа со ментален хендикеп од мал да ја имав дисциплината за учење истиот материјал ќе можев за по 3-4 саати дневно да го поминам и навистина да го имам научено.Додека пак за социјалзиација и така главното дружење секогаш беше пред зграда.

Да не ни почнувам колку таа дициплина после ќе стане корисна кога си на факултет.
 
Штета.
Епа тогаш ќе треба да лобирам за да донесат таков закон додека да дојдат моите деца за во школо.

btw, има модератор во Образование форумов? Отидовме ние off topic.
 
Штета.
Епа тогаш ќе треба да лобирам за да донесат таков закон додека да дојдат моите деца за во школо.

btw, има модератор во Образование форумов? Отидовме ние off topic.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2241295291&id=9&prilog=0&setIzdanie=22514
Ова е од пред три месеци. И богами ќе треба да се лобира и да се направат напори да се воведе домашно образование за децата што стварно не се способни да седат у школо по цел ден.

Отидовме ептен оф топик ама и ова морам да го напишам за крај!

Темава ме врати назад во основно, од прво до осмо одделение во класот имавме глувонемо дете ( слушаше само 5% од она што се зборува и правилно изговараше само 2-3% од буквите ) и буквално 8 години го измалтретираа. Дефектологот мораше да доаѓа на среде часови да седи со него и да му објаснува, да го смирува бидејќи плачеше кога ќе го извадат на табла да го испрашуваат а тој од срам дека неможе се ќинеше од плачење. Многу пати на родителски дававме предлог до родителите и наставниците да не го мачат да доаѓа на школо и да го пратат или во специјална установа за такви деца или на домашно образование. Ама не дозволија од Министерството наше почитувано а и јадна мајка што немаше доволно пари да го испрати во некоја специјализирана установа....
 
Мајка сум на деветгодишно девојче, ученичка во четврто одделение. Моето дете има примерно поведение, добра ученичка е која редовно и марливо ја следи наставата, сметам и тврдам дека не е проблематично дете во поглед на дисциплината и исполнувањето на своите обврски кои ги има како ученик.
Неодамна заболи од Мононуклеоза, вирусно заболување кое пред се се манифестира со воспаление на грлото и крајниците, но исто така постои и пореметување во функцијата на црниот дроб и слезинката при што поради зголемување и напнатост на слезинката постои опасност од нејзина перфорација т.е прскање, и строго е забранета секоја физичка активност поврзана со нагли движења, потреси, скокови. Бидејќи болеста кај моето дете се јави во доста тешка клиничка форма учителката е писмено (и усно, лично од моја страна) известена со боледување и сета потребна документација за сите можни последици.
Поради банална расправија со друго девојче од класот, мојата ќерка добила неколку удари со тупаници по стомакот од девојчето со кое се расправале, и закани од истото девојче дека "Ќе и ја извади слезинката" (напоменувам дека мојата ќерка во ниеден момент не употребила физичка сила ниту погрден збор). За среќа, не се случи ништо страшно. Учителката не била присутна на самата расправија, меѓутоа кога моето девојче побарало помош од неа, наместо поткрепа и одбрана која што по секоја логика би требало да ја добие добила одговор дека проблемите се решаваат на класен час, и тоа со доста висок тон, додека однесувањето на другото девојче било потполно занемарено, па таа не добила воопшто никаков укор, ни совет, ниту пак некој и посочил за можните последици од нејзината постапка.
Изреволтирана од однесувањето на учителката пред се, и сметајќи дека нејзината вина е поголема од вината на девојчето-насилник од проста причина што девојчето е малечко и верувам несвесно за можните последици, и се јавив, но добив доста дрски одговори од кои можев да заклучам дека:
1. Или сум јас луда
2. Или учителката е луда
Имам сознанија дека и други родители се жалеле на однесувањето на учителката, но добиле одговор - ако не ви одговара, префрлете го детето во друго училиште.
Кои се правата на моето дете?
Каде можам да се пожалам ако директорот на училиштето ја штити учителката без оглед на нејзиното однесување?
Јас сметам дека секоја жена дали учителка,докторка,администрација пред да влези во менопауза вит да фатат од работа пошто се имам изнагледано примери како не треба да се однесуваат,секоја чест за мажите
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom