Ми треба совет околу домашните протеински шејкови...
Барав некој видови на шејкови низ интернетов но повеќето се ,да кажеме дека ако секојдневно сакам да го пијам ќе треба да давам по 200 и кусур денари ,а на крај памет ми е тоа...
Прв пат денес пробав ,немав поим ни колку да стаам ни што да комбинирам па од ѓутуре стаив еве:
Состав: 1 банана ,2 јајца ,200 грама млеко ,6-7 јагоди за вкус...(баталете го чоколадното млеко)
Кога да го пијам после тренинг ,пред тренинг ? Секој ден ? Колку милилитри ?
И секако некој видови на протеински шејкови што можам да ги правам во домашни услови да ми кажете...во овој момент на располагање имав само ова и ова го искомбинирав ,вкус имаше како ФРАПЕ ,супер беше...овде имаше 700 милилитри.