Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
А зошто повеќето што ги знам,го зимаат пред вежбање ? а и колку што имам читано,тогаш сите викаат да се зима...? за да имаш сила нели...

Се складира во (мускулните) клетки, кога ќе тренираш, тогаш се искористува.
А пред тренинг нема време да стигне до мускул, затоа е препорачливо насабајле на гладно, заедно со брз извор на јаглехидрати, и веднаш по тренинг, за да ги обновиш залихите.

Кога ќе пијам од гејнерот/протеинот, да ставам по 1 мерица од гејнерот/протеинот ? И дали да ги пијам со вода или млеко ?

Разликата е што млекото ќе додаде 100-200 калории плус, што можат да бидат од големо значење, од исхраната зависи дали тие се потребни, или вишок.
 
А зошто повеќето што ги знам,го зимаат пред вежбање ? а и колку што имам читано,тогаш сите викаат да се зима...? за да имаш сила нели...

Зошто не разбираат и одат по логикаta, креатин дава сила значи ми го треба пред тренинг што не е точно. Незнам каде имаш прочитано дека треба пред тренинг ама е дефинитивно грешка. Креатинот се СКЛАДИРА во мускулите и не ти го треба во крвта туку во мускулите да го имаш за да ти даде сила, а како што ти реков се зема со високогликемични т.е. брзи ЈХ, ако земеш комбинација од брзи ЈХ и креатин пред тренинг ништо не правиш затоа што нагло ќе ти падне шеќерот во крвта за 20-30 минути од како го земаш и ќе немаш сила за ефикасен тренинг. Како што рече и Myers најдобар тајминг за кратинот е сабајле на гладно и веднаш по тренинг, точка.
--- надополнето: 25 мај 2012 во 19:10 ---
Не ми е целта ни малку за намалување на килажа, мене ми е на пример после тренинг кога ќе земам гејнер и ако го испијам со вода дали побрзо ќе ми се внесе во организмот отколку со млеко ? Инаку јас баш сакам повеќе со млеко да го пијам...
Да побрзо се апсорбира со вода отколку со млеко. Млекото формира т.н. гел кога се вари и ја успорува апсорбцијата.
 
Колкави ми се шансите да си го управам грбот и мојата грбка со вежбите во теретана ?? :confused:
 
Зошто не разбираат и одат по логикаta, креатин дава сила значи ми го треба пред тренинг што не е точно. Незнам каде имаш прочитано дека треба пред тренинг ама е дефинитивно грешка. Креатинот се СКЛАДИРА во мускулите и не ти го треба во крвта туку во мускулите да го имаш за да ти даде сила, а како што ти реков се зема со високогликемични т.е. брзи ЈХ, ако земеш комбинација од брзи ЈХ и креатин пред тренинг ништо не правиш затоа што нагло ќе ти падне шеќерот во крвта за 20-30 минути од како го земаш и ќе немаш сила за ефикасен тренинг. Како што рече и Myers најдобар тајминг за кратинот е сабајле на гладно и веднаш по тренинг, точка.
--- надополнето: 25 мај 2012 во 19:10 ---

Да побрзо се апсорбира со вода отколку со млеко. Млекото формира т.н. гел кога се вари и ја успорува апсорбцијата.

Според актуелната ни катедра по Физиологија во Скопје(вака поформално звучи, според дотична професорка од институтит), складираниот креатин во телото трае само 18 часа, така да после тренинг ми звучи како трошок ако е во право.
Јас го пиев до сега пред тренинг, со мед (Pham Woodbridge имаше пишано така демек и пробав еден месец со мед ) и имаше резултати. Ама има логика и да е од креатинот од претходниот ден ако професоркава ми греши.
Ќе пробам со сабајлечки на гладен стомак следниов месец па ќе видам резултати. :)
 
Дали е добро глутаминот да се пие/меша со млеко?
 
Купи декстроза од Гладијатори,150 ден. за кг и пиј со креатинот.Медот поспоро се апсорбира.Декстроза е тајната,прашок е,директно во PWM шејкот и немаш гајле,не мораш да носиш тегла мед во теретана ! :)
 
Правев мн. склекови, шо би се рекло нагло, по пауза од 6-7 месеци, и ме болат градите, некаква помош?
 
Масирај си ги :D глупо е,али би ти помогнало,одмарај,ладен туш ако можеш на нив,мачкај ги со маст(јас би ти препорачал коњска маст,зелената,ефтина е,150 денари) и пиј аспирин +Ц
 
Обично воспаление,чим не си вежбал 7 месеци,јас воспаление кога ќе фатам убаво ми е,значи HC бил тренингот.Уживај во болката,ако продолжиш да вежбаш ќе ти стане секојдневие ! No pain,no gain.;)
 
Правев мн. склекови, шо би се рекло нагло, по пауза од 6-7 месеци, и ме болат градите, некаква помош?
НОРМАЛНА РАБОТА!! неможете да очекувате после 5 месеци дека пак ке праите ко што сте праеле склекови.. едноставно напраи денеска 10-20склека и утре и задутре одмарај..
 
од утре починам со диета за дефиниција имам 93кг и висок сум 182 , па дали може вака да изгледа мојата секој дневна исхрана, без суплементација.

8;00 - 4 jajca - celi 24гр протеин 14гр масти
11;00 - 4 jajca - celi 24гр протеин 14гр масти
14h - stek 200gr 35гр протеин
18h - tuna + 150gr 38гр протеин +100гр јагленохидрат
22h soja 30гр протеин
+ 0,5l mleko 15гр протеин 18гр масти

166 гр протеин
46 гр масти
до 150гр јх
50гр јх од соја, млеко, бел леб
100гр јх од тестенини
 
Дур не знаеш колку калории си внел, џабе ти е се, сепак спрема твојата висина и тежина мислам дека внесуваш премалку. И внеси уште некоја лажица путер од кикиритки/маслиново масло/ленено масло/бадеми - качи го внесот на масти - малце ти се 46.

И намали тоа жолчките, не се штетни али 8 на ден е премногу според мене :)
 
Колку пари е тука ON whey gold standard?4.4 kg ако знае некој ќе му бидам благодарен :)
 
Дур не знаеш колку калории си внел, џабе ти е се, сепак спрема твојата висина и тежина мислам дека внесуваш премалку. И внеси уште некоја лажица путер од кикиритки/маслиново масло/ленено масло/бадеми - качи го внесот на масти - малце ти се 46.

И намали тоа жолчките, не се штетни али 8 на ден е премногу според мене :)
па ако има пресметано колку протеини, ЈХ и масти внесува лесно ќе пресмета калории. ЈХ и протеините помножи ги со 4 а мастите со 9, алкохолот со 8.
 
ај совет што да пијам сакам малце да окрупнам и да ги отцртам мускулите уште малце
утре ке идам да земам само се мислам дали протеин гејнер или креатин
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom