Некој побарал да се интервенира врз скулптурата на Прометеј, ама изгледа тоа не се здруженија на жени и слични, како што беше кажано. Сѐ ми се чини ова е дело на латентни педери кои се самонегираат а имаат доволно власт да решаваат.
- Не е срам да се покаже човечкото тело и не сфаќам зошто од ова се прави случај. Дали со тенденција да се покаже дека македонското општество се брани од неморал или се заштитуваат некои традиционални вредности. Оправданието дека голиот маж ќе ги повредел женските чувства е приказна за мали деца - социологот Илија Ацевски, професор на Филозофскиот факултет.
- Лично имам проблем со сите скулптури бидејќи однесоа големи пари во време на немаштија, кога најголем процент од сиромашните се жени. Не е проблем голиот маж, туку отсуството на сериозен споменик на жени-борци, уметници, политичарки. Женските фигури се претставени несериозно, како Шмизлата на улица Македонија, а не како авторитети Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет за родова еднаквост - СОЖМ.
- Нема потреба да се покрива голиот маж. Зошто не се покриваат скулптурите на голите жени? Во принцип, ако жените можат да се прикажуваат голи зошто да не можат и мажите? Ако не се повредени чувствата на мажите, кога гледаат скулптура на гола жена, тогаш зошто да се повредени чувствата на жените кога гледаат скулптура на гол маж, се разбира кога тоа е направено со одредена идеја, смисла и концепт? Зарем не се повредуваат женските чувства кога секојдневно се прикажуваат реклами со голи женски тела за производи кои немаат никаква врска со женската сексуалност – Ѓунер Небиу, претседателка на „Антико“.
- Нашава средина е мала и фрустрирана и овој зафат е повеќе одраз на лицемерство и автоцензура. Kај нас приватно се дозволува с`, а јавно се оспорува с`. Со ваквата одлука, сметам, се повредува авторот, а ако тој се согласил, се повредува целата постапка на избор и реализација на делото зашто очигледно имало неодговорност, професионална и етичка, која сега сака да се прикрие -
професорот Владимир Величковски, ликовен критичар
.
Од Општината Центар вчера не одговорија на прашањата која женска организација го побарала покривањето и дали ова ќе значи нова практика по барање да се интервенира во избрани идејни решенија на автори.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=71FAFCE48B52E445A3EF153AB9C354A9