RocknRolaa си почнала Fringe? Баш чекам твое мислење и оцена.
Ја фатив прва сезона и ептен се заразив со серијата. Не ја отворам темана, да не ми се расипе ќефот со некој спојлер. Имам уште две епизоди од првава сезона и мора да ја пофалам. Бев скептик кога почна првата епизода, гледам авион, нешто турбуленции, Џеј Џеј Абрамс креатор, викам аман овие на Лост карта ли играат. Ама среќа утнав.
Оливија Данам ми иде на нерви, актерката толку се форсира да одглуми што на моменти ми доаѓа да ја телепортирам во друг универзум со некоја од машините на Волтер.
Ама епизодите се страшно добро осмислени, посебно ми се допадна онаа со момчето што го најдоа под зградата и емпатот кој со мисли им влијае на луѓето. Дефинитивно ќе си ја изгледам со сите нишани.
--- надополнето: 26 мај 2012 во 19:06 ---
ах, а ја се чудев од кај толку сличности овој ментор да му бил.
И јас истово го помислив. Од комедија двајцата догураа до ликови со неверојатна сличност. Ексцентрични генијалци. И двајцата растурија со улогите. Со нагласок на фактот што Бенедикт веќе го освојува Холивуд на големото платно, а Хју ќе има големи тешкотии на тоа поле. Стар е и веќе е обележан со улогата на Хаус. Баш ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Јас во секој случај типувам дека Бенедикт ќе ќари Оскар во кариерата, па што сака нека биде