Македонски екипен ракомет

Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.243
Тој тим во долниот дел на табелата е тим со многу поголема историја од Металург, а поголем дел играчи поминале во тој тим (или воопшто почнале со ракомет таму) пред да дојдат во Металург.Единствениот проблем на тој тим се спонзорите.Ако веќе споредуваме, кај Металург се стабилни финансиите, а кај Пелистер изворите на играчи.Играчите и школата се исти, спонзорите се променливи ;)
Не гледај моментална состојба и почитувај го Пелистер како битно име во ракометот.
Друго, Металург поради тие финансии изиграа расипани потези (не ги обвинувам - си можат), медиумска страшна кампања (вклучително и последното преувеличување на инцидентот со Вујовиќ) и пак немаше некој голем резултат.Ако одат десетина години во иста кондиција како сега, е тогаш веќе ќе си добијат име и реноме.
А кој рече дека го споредувам со Пелистер?
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Играчите и школата се исти, спонзорите се променливи ;)
А богами со пари и ова е и те како променливо......
--- надополнето: 24 мај 2012 во 23:31 ---
Засега се е нејасно,во најава....до крајот на наредниот месец ќе се види колку има вистина во ова....:unsure:
Ај нека ја биде,искрено се надевам за доброто на ракометот дека ќе ја биде.Па после следната сезона и во СЕХА да ве видиме.
Уствари кој ќе ни ѓавол СЕХА тогаш :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
А кој рече дека го споредувам со Пелистер?
Не го споредуваш, го омаловажуваш неговото значење во македонскиот ракомет.

Па што кажа, ти го негираш успехот на Металург во овие неколку години што го прај и го спушташ на некое си ниво на тим кој е во долен дел на табела во Македонско првенство. Тоа што тебе не ти одговара е друга работа.
Темата незнам што и фали, вие секако си ги мерите на темата на Металург...
И тоа што Металург речиси и да нема прави навивачи моментално, не го менува фактот дека во моментот (а моментот бааѓи време трае) дека во секој поглед се по организиран тим од твојот Вардар.
Пелистер, Вардар, Тутунски, Младост Богданци беа години големата четворка и редовно секој секого победувал и имало страшна неизвезност .Исто и Струга Илинден, Борец, Преспа, Повардарие, не се само имиња на екипи, во овие 8 екипи и нивните младински школи е создавана години основата на репрезентацијата.А ти ги споменуваш како некој си тим ...
И како сакаш почит за Металург, ако немаш почит за пионерите?!Џабе цела организација и кеш кај Металург кога немаш историја како овие екипи горе.За 5 - 10 години ако е Минчо упорен ќе си дојдат и тие работи на ред, ама засега...секоја чест на добрите игри - ама имајте почит и кон другите дојдени одамна пред Металург во тој свет.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.243
Не го споредуваш, го омаловажуваш неговото значење во македонскиот ракомет.
Пелистер, Вардар, Тутунски, Младост Богданци беа години големата четворка и редовно секој секого победувал и имало страшна неизвезност .Исто и Струга Илинден, Борец, Преспа, Повардарие, не се само имиња на екипи, во овие 8 екипи и нивните младински школи е создавана години основата на репрезентацијата.А ти ги споменуваш како некој си тим ...
И како сакаш почит за Металург, ако немаш почит за пионерите?!Џабе цела организација и кеш кај Металург кога немаш историја како овие екипи горе.За 5 - 10 години ако е Минчо упорен ќе си дојдат и тие работи на ред, ама засега...секоја чест на добрите игри - ама имајте почит и кон другите дојдени одамна пред Металург во тој свет.
Беа, океј, јас не реков дека не биле и дека некогаш пак ќе бидат, ама тоа што некогаш беа тие во Македонија, Европа, сеа е Металург, тогаш можеше со малце пари да се стигни до некој успех, а сеа веќе мораш да вложиш многу за да постигнеш некој значаен успех кој ќе се памети.
Па така започнале и тие без некоја си историја...
Значи ако немаат историја, според тебе не смее да им се дај поддршка кога играат надвор од Македонија.
Тоа ти е исто како ти успесите на Кометал да ги негираш.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Беа, океј, јас не реков дека не биле и дека некогаш пак ќе бидат, ама тоа што некогаш беа тие во Македонија, Европа, сеа е Металург, тогаш можеше со малце пари да се стигни до некој успех, а сеа веќе мораш да вложиш многу за да постигнеш некој значаен успех кој ќе се памети.
Па така започнале и тие без некоја си историја...
Значи ако немаат историја, според тебе не смее да им се дај поддршка кога играат надвор од Македонија.
Тоа ти е исто како ти успесите на Кометал да ги негираш.
Металург уште неколку години редовно во ЛШ и врв на СЕХА, па тек тогаш во истата група.Засега - не!Историјата на Пелистер и Вардар е уште во времето на Југославија.Имал и Металург тогаш екипа, ама немал резултати :unsure:
Кометал ЃП не го негирам, напротив, ама видовме како заврши таа приказна.И Кометал Ѓорче Петров не дојде од прва до финале на ЛШ, се сеќаваш дека години требаше, па четвртфиналиња, полуфиналиња...само се плашам да не завршат Металург како Кометал ЃП, а се надевам да останат на исто ниво за да имаме добар ракомет и каква - таква конкуренција кога веќе Пелистер е во криза, Тутунски распаднат, Младост и Струга во Прва лига од ден за ден...

РК Пелистер , основан 1946 година
Шампион на Македонија (6) 1992/93, 1993/94, 1995/96, 1997/98, 1999/00, 2004/05
Куп на Македонија (5) 1993/94,1995/96,1997/98, 1998/99, 2004/05
Добој турнир (5 учества, 2 пати освојувач) 1995/96, 1996/97
Турнир Струга (11)
Куп на на ЕХФ - четвртфиналист 1987/88, полуфиналист 1995/96
ЕХФ Челенџ Куп - сребро 2001/02

Стевче Алушевски, Иван Марковски, Боро Чурлевски, Томе Петрески, Пеце Димитровски, Кире Поповски, Бранко Ангеловски, Петар Мисовски, Стевче Стефановски, Зоран Петковски, Звонко Шундовски се сите играчи производ на нивната школа.
Како големи таленти земаа млади играчи и од таму продолжуваа во Вардар или странство:
Владимир Темелков и Петар Манасков (дојдоа од Борец),
Кире Лазаров (Овче Поле, преку Борец)
Петар Ангелов (од Повардарие)
Ацо Јоноски и браќата Мојсоски (од Струга, преку Охрид/Преспа)
Гоце Макалоски (од Тутунски)

РК Вардар, основан 1961 година
Шампион на Македонија (6) 1998/99, 2000/01, 2001/02, 2002/03, 2003/04, 2006/07
Куп на Македонија (8) 1996/97, 1999/00, 2000/01, 2002/03, 2003/04, 2006/07, 2007/08,2011/12
Куп на ЕХФ - полуфиналист 1998/99, 2004/05
ЕХФ Челинџ Куп - четвртфинале 2005/06
Турнир Струга (12)
ТВ Турнир Добој (8 учества, 2 пати освојувач) 2003/04, 2009/10
СЕХА Лига - злато 2011/12

РК Металург, основан 1971 година
Шампион на Македонија (4) 2005/06, 2007/08, 2009/10, 2010/11
Куп на Македонија (3) 2006/07, 2009/10, 2010/11, 2011/1
Куп на ЕХФ - 1993 прво коло
ЛШ - ЕХФ - 2011/12 1/8 финале
СЕХА Лига - сребро 2011/12
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Tomasino па нели овој Циле се откажа од Пелистер? Цела година го следам вашиот фан клуб и имаше многу огорченост од фановите дека човеков не бил искрен во намерите, изјавил дека веќе е стар за да се врати во ракометот?

Да не му е ветена некоја позиција, градоначалник ли, такво нешто?

Прашувам бидејќи пишувавте дека е готова приказната со овој човек, дека не е спремен да даде големи пари се додека не си отиде Ефто и компанија?

што се промени?
Ланската сезона беше многу нејасна,шо се случи само малкумина знаат.....
Се вети многу,не се исполни ништо....
Дека е стар,или дека Ефто и Чкембарите се пречката нема шанси.....
Друга беше работата.....шо и како не е важно.....и така нема да дознаеме шо и како било....
Е сега,за наредната сезона е друга работата...избори се ближат,голем е влогот....
За муабетот дека е можна негова номинација за градоначалник се шушка многу одамна....
Се спомнуваше дека проектот силен ракометен клуб ќе биди еден од главните адути во кампањата...
Но и покрај ова,Циле не е само човек кој би се нафатил политички да се фати на орото...
А и нема некој голем рејтинг помеѓу Битолчани,беше замешан со аферата ТАТ,и не ми се верува да се нафати да влегува во политика,веќе еднаш беше градоналник,мислам дека доста му е....
Тој е долгогодишен ракометен работник,сите успеси на Пелистер од почетокот на 80ите до 2000 година се поврзани со него...
Доколку се врати во клубот ќе биди најмногу од љубов кон ракометот...а секако удел ќе има и некој политички дил(сепак бизнисмен е).....а големи проекти се спремаат во Битола во наредниот период,си има голем интерес,пред се изградбата на станбен и деловен простор на местото на старата касарна(огромен комплекс во ,поголемиот дел на аукција го купи токму Циле)....и тука запнаа работите,требаше порано да се почни со изградба,ама се стопира нешто,па можеби и тука е нешто матно....:unsure:
Ќе видиме...да не шпекулирам предвреме,најавено е,а дали ќе бидни нешто за брзо ќе видиме...
П.С.
Спомна некој за Млекарата...демек би дале пари за Пелистер...:pos:
Од тие Српски стипси никој нема да земи пари,посебно не некоја Битолска екипа......:tapp:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.058
Somnitelno Lice* ти фали уште една титула кај Вардар :D
2008/09
7 титули имаме досега во првенството и сме најтрофеен клуб
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Кога сме веќе кај корекција на статистиката на соминително лице и јас би го исправил малку(офф-топик е ама кога веќе почнавме)....:D
Зоран Петковски,Томе Петрески и Петар Мисовски не се од Битола...Петковски е од Неготино ако не се лажам,Петрески е дете на Тутунски а Мисовски е од Скопје...
Тие дојдоа во Пелистер,и тука се здобија со репутација на големи играчи,па можи да се кажи дека играјќи за Пелистер станале подобри играчи......
Го заборави и Пепи Манасков како најголемиот талент шо од надвор дошол во Битола и стана најдобриот играч во историјата на македонскиот ракомет....
Кога веќе набројуваме легенди,битолски легенди,да ги спомнам Бранко Чурлевски(таткото на Боро)...Абдула Јусуфовски,Петко Босеовски,играчи кои оставиле огромен белег во историјата на Пелистер во ерата на екс Сфрј,кога Пелистер беше најсилниот тим од Македонија во тие сојузни лиги,а подоцна од средината на 80итете стана и вистински гигант во таа силна југословенска лига.....(многумина ја сметаа за најсилна во светот во тоа време)....
 
F

FARANG

Гостин
lol poleka so toa GIGANT... sto ste osvoile? i togas kako i sega samo popolnuvavte mesto. FK Vardar osvojuval pa nikoj od nas ni na son ne bi rekol deka e GIGANT vo ex yu ligata.

imase kus period koga bevte nekoj i nesto vo mak rakometot ali ete i toa veke ne e. ke vidime vo idnina
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Па овие се бетер од Еднооки....:D
Лино го заборавија кога ги доделуваа пехарите и медалите:pos:..
Даваше изјава за МТВ,а овие со тацната со медалите си заминаа покрај него,и овај ги фати за рака...и ја прекина изјавата,си зеде медал,па си продолжи да рецитира...:pos:
Чика Лино во негов стил БИЛИ СМО НАЈБОЉА МОМЧАД НА БАЛКАНУ:pos:...(изгледа не му текна дека од Балканот се Копер,Загреб,Веспрем)...ама добро нека се радува...:гик: со оваа игра далеку си од гореспомнатите екипи...ај можеби до негде со Копер тука се нагде...ама Копер отиде чекор плус.....
Демек морални победници и на Сеха лигата...:facepalm:....а си го цицнаа машки...
Многу фалење не е на арно чикааа...
Левче Китевски беше најјак...дечкото е влезен во тежок филм...:)
Наместо како директор да ја смири екипата,во моменти на славје да покажи дипломатија малку,тој се расфрли со бисери....
Како имало тензии,како имало притисок од Вујо,од Михајло,ова не било ракомет....дури и рече дека додека е Вујо во Вардар немаат гајле тие,дури и посака да остани шо подолго во Вардар.....
НИЕ СМЕ ВИСТИНСКАТА ЕКИПА дури и догодина и Комитите ќе навивале за нив:pos: бла,бла..
А заборава кутриот како ги тегнеше за дрес судиите во Автокоманда,како изиграваше шериф..како неговите звезди како Мојсо го тегнеа судијата.....
За да напаѓаш некој треба да си чист Левчееее....:гик:да држи малку обвинувањето....вака ова е чисто лицемерие....:eek:
Исти курац,дали било Автокамнда или Кале,секоја утакмица е приказна за себе..:нинџ:
Е бе Левче,Левче кога стигнаа луѓе како тебе да водат клубови тешко на ракометот...
Па после сакаме регуларно првенство,да нема притисок врз судии,да нема циркус,да нема прекини од 10 минути без никаква причина...
И Металург има иста вина колку и Вардар....со своето однесување....
Наместо да покажат дека се голема екипа( и професионалци)тие се вртат кон навивачите,мафтаа со раце,демек големите играчи,па и онај Манасков Џуниор,па тој крева раце кон публиката на Вардар.....големиот играч дал гол од контра хаха....абе дете,дете уште колку сомуни леб имаш да јадиш за да станиш професионалец...
Заврши првенството,конечно....
Да одмориме малку...:D
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Чика Лино во негов стил БИЛИ СМО НАЈБОЉА МОМЧАД НА БАЛКАНУ:pos:...(изгледа не му текна дека од Балканот се Копер,Загреб,Веспрем)...ама добро нека се радува...:гик: со оваа игра далеку си од гореспомнатите екипи...ај можеби до негде со Копер тука се нагде...ама Копер отиде чекор плус.....
Демек морални победници и на Сеха лигата...:facepalm:....а си го цицнаа машки...
Многу фалење не е на арно чикааа...
Левче Китевски беше најјак...дечкото е влезен во тежок филм...:)
Наместо како директор да ја смири екипата,во моменти на славје да покажи дипломатија малку,тој се расфрли со бисери....
Како имало тензии,како имало притисок од Вујо,од Михајло,ова не било ракомет....дури и рече дека додека е Вујо во Вардар немаат гајле тие,дури и посака да остани шо подолго во Вардар.....
НИЕ СМЕ ВИСТИНСКАТА ЕКИПА дури и догодина и Комитите ќе навивале за нив:pos: бла,бла..
А заборава кутриот како ги тегнеше за дрес судиите во Автокоманда,како изиграваше шериф..како неговите звезди како Мојсо го тегнеа судијата.....
За да напаѓаш некој треба да си чист Левчееее....:гик:да држи малку обвинувањето....вака ова е чисто лицемерие....:eek:
Кој високо лета,ниско паѓа......нека им е со среќа титулата.Ете и тука да им честитам,али не е на арно.Нека се свестат малце затоа што има убаво да треснат следната сезона во Европа со вакво однесување и став.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Е Вардар само ради Вујо не ги сакам, па ало бе, какво е ова понашање на еден тренер, поранешен голем играч каков што бил тој, па нема утакмица да не праи циркус, намерно не пишав во ниеден фан клуб, пишувам тука за да не го свати некој како провокација, а навистина не е.

Жал ми е дури да го гледам тоа, значи нема напад или одбрана да не вика на судиите да не мафта со раци, да не се понаша како еден идиот на клупа...Се друго на страна нит сум фан на Металург нити ништо, знам дека и тие играат нечесно тоа со Додер што го направија и ред други ствари, но Вујо претерува, ова може да го трпат само аматерскиве судии во наша лига.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Абе Вујо си е Вујо....
И како играч беше таков,ете го и како тренер си остана ист....:D
Неговиот темперамамент(бааги незгоден) го чинеше голема тренерска кариера...
Беше во Сиудад Реал(кога не беа толку јаки),се испотепа со кој стигна на финале на КПКсо Фленсбург играа,,и си ја запечати судбината....ОПШТА ТУЧА БЕШЕ...:D
Оттогаш тргна надолу...
Има огромно ракометно знаење,како и би немал кога беше најдобар играч на времето во светот....
Ја разбира во детали играта,има смисол за модерен ракомет,ама СЕ ГУБИ НА ДЕРБИ УТАКМИЦИ...
Од утакмици кај шо е смирен и си ја брка работата и ја води екипата перфектно,и во момент носи одлуки,менува тактики,менува одбрана,ротира играчи,ја бара слабоста на противникот...(двата меча на Ф4 во СЕХА)....перфектно ги одработи....Кога е концентриран на својата работа си ја врши одлично,ама кога ќе му зоврие крвта,и кога почнува да урла по судии,делегати тогаш е замината утакмицата.....
Тогаш ја губи контролата врз утакмицата,и ќе се случува екипата да не знае кај тера како вчера...
Распашана команда беше Вардар вчера,без никаква идеја,добро и Металург не им дозволи да играат...ама и Вардар немаше идеја,немаше течност....
Ова на голем тренер не смее да му се случува,негова задача е да си го гледа тимот,да ги корегира грешките,да уфрли играч баш кога треба....
Вујо вчера повеќе беше на записничка маса отколку на својот дел....смиреност и професионалност му фали да стани голем тренер кој би работел негде на Запад.....
Металург искористи многу со ова,ако Вардар беше поконцентриран во овие два дуели имаше шанси....
Мислев дека лесно ќе го решат првенството,барем така изгледаше пред 2,3 месеци,тогаш Металург беше во некоја форма,после ја изгубија таа форма,и Вардар не си ја искористи шансата...а ја имаше....
Тимовите беа горе долу тука некаде,зо разлика шо Металург го имаше Станиќ кој им ја извади сезоната,најдобар и најконстантен играч убедливо на Металург оваа сезона,и на моменти Мојсо и Марковиќ,и Ракчевиќ(до таа повреда),се друго беше просек....повеќе бркаа работа за одбрана...
Вардар од друга страна добро компониран тим,но без изразит лидер кој би имал стандард просек..играч кој би повлекол двајца на себе и би створил вишок...тоа Вардар го нема,некој класа играч....
Додер кога играше,кога не...имаше одлични партии,но имаше и слаби денови,баш кога требаше на крај се зафркна работата....до негде и удар под слабините беше ова од Металург,на крај на сезона кога се решава титула да преговараат со Додер...ги извадија од колосек,веќе не беше истиот Додер,се гледаше дека си игра курташак,не се замараше....
А и Вујо ја еба работата,јас да бев немаше да играм ни 1минута,па макар изгубил и со 20 разлика....
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
http://www.rkmetalurg.mk/storija/2289


Овие и 20 титули да освојат во наредните 20 години, пак ќе останат малска екипа. Срамота е што еден клуб со толку сериозен спонзор, со огромен капитал го водат лица кои се ништо друго освен циркузанти. :tapp:
Па дури и Ефто е помирен и похаризматичен президенте од Чокрев :D

Кога ќе победат, тие се главни, уште во фрижидерот шо не ми излегол Лино да ми каже дека се најдобри, а ко ќе изгубат, никогаш не се криви тие, се некој ги кради, се некој друг му е крив, па дури и самите непријатели си измислуваат. Скапаа кукање од судиите и од Вујо а заборавија лани како го освоиа во Битола...

Од друга страна па, и Вујо не е цвеќе за мирисање, поточно на исто ниво ми се со Червар. Од една страна се големи имиња во европа, од друга страна се понашааат ко најпоследни клошари.
Металург, се дури си го мери со вардар и со михајло, ќе биди на ова исто ниво. Наместо да се трупаат со петпарачни играчи, треба да си носат врвни играчи кои само ќе го подигнат квалитетот.
Вардар тешко да опстои во наредните сезони во едно вакво темпо. Михајло ја нема онаа моќ од пред 10 години, и незнам до кога ќе можи да се справи со милионите на Минчо. Дај боже да грешам и во наредните години да гледаме лига со барем топ 4 екипи кои ќе се борат до последно коло, ама моменталните состојби се дека за некоја година "супер лигата" ќе биди приватна забава на Чокрев и Левче.

Пелистер е светлосни години назад, и тешко речиси невозможно е да се врати на она ниво на кое бил. Почнувајќи од условите, па до грижата од локалните власти, и сите бизнисмени, моќници кои се луѓе без никаква визија. Од друга страна, се дури се начевци и цела нивна банда (камишевски, металари...) живи, никогаш ракометот нема да се опрај во Битола, па ако сака и 10 милиони евра буџет да имаме.

Се дури нема ракомет во Битола, Струга, Ресен, Велес... така ќе ни тони се подолу и подолу репрезентацијата.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.058
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=8608

Освојувањето на шампионската круна, а како дополнение на сите успеси на меѓународната сцена изминатава година, за тренерот на Металург, искусниот хрватски стручњак Лино Червар, е вистински показател дека неговиот тим е убедливо најдобриот тим на Балканот.

„Кога ќе се погледне се и кога добро ќе се анализираат сите натпревари, и оние финалиња од СЕХА лихата и од Купот на Македонија кои ако добро се погледнат јасно ќе се види дека ние оваа сезона не загубивме ниту еднаш од екипата на Вардар. За сите кои добро го знаат ракометот јасно е кој и како е доминантен на теренот“ – рече по синоќешното освојување на шампионскиот трофеј Хрватот, кој е горд на своите избраници.

„Горд сум на мојата екипа која покажа како се игра кога е најпотребна победата. Покажевме, по мои мислење вистински квалитет, оваа година покажавме дека можеме да играме со најдобрите од Европа и со Хамбург и со Загреб, што е мотив повеќе за иднина. Морално погледнато сме најдобрата екипа на Балканот и со играта и со односот на теренот“ – истакна Червар.

:pos::pos::pos:

balkanskata liga SEHA Vardar vi ja osvoi so mpobeda nad vas, zagreb ve isfrli od LSh(balkanski tim), kako ste najbolji na balkanot samo ti si znaesh vampirce :)
Братче во битката за титулата ве согазии , шо тука мрсаш муда сега
:pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom