naumdb
Кајгана Менаџер!!!
- Член од
- 5 јуни 2007
- Мислења
- 9.007
- Поени од реакции
- 5.654
Отсекогаш сме имале квалитетни екипи во екипен ракомет, порано повеќе во женска категорија, денес повеќе во машка... Порано беше Кометал ЃП, денес се Металург и ЖРК Вардар (оној од идната сезона), а се најавува и враќање на Трифке во женскиот ракомет. Кај мажите порано беа Пелистер, Вардар, Преспа, денес главно се Вардар и Металург. Со оглед на тоа што сега се „тепаме“ на темите на нивните фан клубови, мислам дека е подобро да имаме една единствена тема, ако модераторите не се сложуваат слободно нека иде во канта.
Сега, да почнам со дискусија... На темата за Вардар Про некој ме праша зошто мислам дека Металург е поквалитетен од Вардар... Ајде да почнам од стартната постава, позиција по позиција...
Голман: Дарко Станиќ е подобар од сите голмани на Вардар, заедно. Истото важи и за резервните голмани, посебно Митревски кој треба да биде иднината на нашата репрезентација. Не е баш млад, ама сигурно ќе може да брани најмалце уште 7-8 години.
Левo крило: И на оваа возраст Алушовски е подобар од помладите Манасков и Ојлески кои се приближно исти по квалитет.
Лев бек: Наумче Мојсоски, знам дека е среден... ама ете го играат на лев. И таков е подобар од Филип Лазаров, за кој мислам дека е најпотценетиот играч што некогаш сме го имале, со правилни тренинзи, посветена работа од него и неговите тренери сигурно ќе беше одличен ракометар, и вака на моменти има блескави игри. Исто така и Козлина е горе-доле на нивото на Филип во напад, за одбрана да не коментираме.
Среден бек: Наумче Мојсовски и Миркуловски се многу подобри од Додер... И да, сега следува прашањето, зошто тогаш го купуваат од Металург. Оти Додер е исто подобар од Стојчевски и би бил одлична замена за првите двајца.
Десен бек: Исто така и на оваа позиција Металург се многу посилни, Марковиќ е бомбардер, а и Левов е одличен играч, иако е доста паднат во формата. Се надевам дека наредната сезона ќе заврши во Вардар, играчите кои Вардар ги има на оваа позиција се смешни.
Десно крило: Георгиевски можеби е далеку од врвна класа, ама дефинитивно е најдоброто десно крило кое во моментов игра во Македонија. Далеку поквалитетен од Златко Мојсоски и Јовчевски. Собол е далеку и зад овие вториве.
Пикер: Единствената позиција на која им давам предност на Вардар, посебно поради македонските пикери. Стоилов е еден од најдобрите пикери на Балканов, Маркоски има уште голем простор за напредување, се надевам дека ќе се работи правилно со него и нема да биде ист случај како Филип Лазаров, сепак има среќа што брат му и не е некој добар напаѓач. Кај Металург, Ракчевиќ е одличен пикер, ама моментално мислам дека е послаб од Столе, Димовски годините го стигнуваат, а стомакот веќе му се влечка по паркетот.
Одбраната: Металург имаат фантастична одбрана, ако се биде како што треба, противниците тешко постигнуваат над 25 голови. И Вардар играат добра одбрана, благодарение на големата ротација која ја практикува Вујовиќ.
Тренерите: Червар на хартија е далеку подобар од Вујо, верувам дека сите играчи и од двата тима би напредувале многу повеќе доколку тренер им биде Червар и ако ги имаат условите кои ги нуди Металург. На терен Червар знае целосно да се изгуби, посебно во моменти кога Металург го губи водството, губи чувство кога да повика тајм-аут, некогаш прави непотребни ротации и не ги остава играчите да влезат во ритам. Голема ароганција, не сака да отстапи од некои негови глупи потези, посебно играњето со играч со маркер. Прво, нападот на Металург и не е баш најсаен, лесно знаат избрзано да шутнат и да изгубат топка, а второ, Стојчевски и не е којзнае колку квалитетен. Вујо, доста солидно ги комбинира играчите со кои располага, и немам замерки за него оваа сезона. Околу притисокот врз судиите, и двајцата тренери се горе-доле тука.
Навивачи: Комитите се подобри навивачи од Пиратите, побројни се фала богу, Вардар има поголема историја, бил поуспешен клуб и нормално дека ќе има повеќе навивачи. Но за жал, Комитите одлучија да не бидат редовни на средбите на Вардар, така да тука се губи тој ефект. За навивачите на Металург, нормално дека се помалкубројни, оти главно доаѓаат од Автокоманда. Кога би ги споредил навивањата на Комитите во последната сезона на ЛШ, со навивањата на Пиратите оваа сезона во ЛШ, Комитите се неколку класи подобри и нема што тука да се дискутира.
И за крај, и Вардар изгуби во ЕХФ од Извиѓач што не значи дека се послаби од нив.
Мора да се напомене дека Металург изигра +12 мечеви во Европа, а и повеќето нивни играчи се главни играчи и во репрезентацијата. Знам дека не сум некој стручњак, ниту имам совршени споредби, но добро е да се отпочне ваква тема.