Кожуф го совлада Корзо со 2-0 и за миг го превзема водството на југот. Но Корзо има меч помалку, па би требало да се врати на првата позиција.
Во моментов, на три кола до крајот Кожуф има 62 бода а Корзо има 61 но со меч помалку.
До крајот:
28 коло:
Корзо-Сирково
Кожуф слободен
29 коло:
Сирково-Кожуф
Илинден-Корзо
30 коло:
Кожуф-Илинден
Корзо-Вардар Неготино
Овие Илинден се јака екипа, ама во чива полза ќе играат на дуелот со Корзо, дали ќе им ја дадат на гостите или ќе играат за Кожуф. Корзо ќе мора да брка победа таму, пошто со нерешено (во услов сите останати мечеви да завршат со очекувани резултати, победи на Корзо и Кожуф) и двете екипи ќе имаат 68 бода, али Кожуф ќе биде прв ради подобар меѓусебен дуел.
Ќе биде интересно, стискам палци за Кожф.
Ситуацијата полека се кристализира и на истокот. По поразот на Баби од Плачковица, Брегалница избега на +8, но со меч повеќе. Со оглед на тоа што нивниот меѓусебен дуел во Штип веќе помина и заврши 2-2, Баби нема скоро никакви шанси да ги стигне Делчевци. Мило ми е што уште еден градски клубн се враќа на добар пат. Се надевам дека нема да бидат само топовска храна во втора лига и да испаднат одма, туку дека ќе најдат финансии па да се борат и за прва лига.
Мртвата трка продолжува во западниот регион.
На 4 кола до крајот Љуботен е прв со 59 бода, а втор е Врапчиште со 57 но Врапчиште имаат меч помалку.
Но се очекува деновиве Љуботен да ја земе со службен резултат утакмицата со Кастриоти што ја загуби со 2-0, па ќе има пет бода предност и меч повеќе. Но и тоа не ветува ништо бидејќи веќе во следното коло ќе се решат многу работи. Во Врапчиште се игра дербито, Врапчиште-Љуботен.
До крајот:
27 коло
Врапчиште-Љуботен
28 коло
Љуботен-Фљамуртари
Шемшово-Врапчиште
29 коло
Врапчиште-Градец
Љуботен слободен
30 коло
Шемшово-Љуботен
Вардар Форино-Врапчиште
Гадни гостувања во последното коло имаат и двете екипи, особено екипата на Врапчиште
Ќе биде интересно до крај.
Маџари и Новаци како шампиони во своите региони веќе се второлигаши.
Истотака вредно е да се спомене дека Цементарница е со многу малку шанси да се спаси од испаѓање во општинска лига. Жалосно...
Во моментов долниот дел изгледа вака:
Илинден 39
Алумина 38
Карпош 38
Славија 38
Марино 38
Раштак 36
Цементара 32
Бунарџик е веќе отпаднат а Аеродром се откажа.
Е сега ако отпаѓаат 5 екипи како што првично беше замислено, ондак скоро да и нема спас на Цементара во овие последни 5 кола.
Ама се вртат муабети дека само три екипи ќе отпаѓаат па можда можат да завршат пред барем една од овие екипи, ама и тоа тешко...