3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Љуботен изгуби кај Братство од Лисичани, сега прв е ВРАПЧИШТЕ :eek:
Што ќе дочекам еј, Врапчиште да влезе во втора лига :eek:

Врапчиште 51
Љуботен 50
Речица 48
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Полека но сигурно Цементарница чекори кон четвртата лига...
Само редат порази, последниов меч со Албарса пораз од 6-1.
На крај ќе отпаднат 5 екипи од лигата, а Аеродром кој веќе не постои и Бунарџик се веќе испаднати.
На неколку кола до крајот неколку екипи ќе водат голема битка за опстанок.
Цементарница е една од најзагрозените бидејќи во моментов е на 5 бода од Алумина, последната екипа што е надвор од зоната.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Овие Врапчиште се етничка Турска екипа, ако не се лажам претходно Турската заедница во Македонија немала некој претставник погоре од третата лига.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Кожуф го совлада Корзо со 2-0 и за миг го превзема водството на југот. Но Корзо има меч помалку, па би требало да се врати на првата позиција.

Во моментов, на три кола до крајот Кожуф има 62 бода а Корзо има 61 но со меч помалку.
До крајот:

28 коло:
Корзо-Сирково
Кожуф слободен

29 коло:
Сирково-Кожуф
Илинден-Корзо

30 коло:
Кожуф-Илинден
Корзо-Вардар Неготино

Овие Илинден се јака екипа, ама во чива полза ќе играат на дуелот со Корзо, дали ќе им ја дадат на гостите или ќе играат за Кожуф. Корзо ќе мора да брка победа таму, пошто со нерешено (во услов сите останати мечеви да завршат со очекувани резултати, победи на Корзо и Кожуф) и двете екипи ќе имаат 68 бода, али Кожуф ќе биде прв ради подобар меѓусебен дуел.
Ќе биде интересно, стискам палци за Кожф.

Ситуацијата полека се кристализира и на истокот. По поразот на Баби од Плачковица, Брегалница избега на +8, но со меч повеќе. Со оглед на тоа што нивниот меѓусебен дуел во Штип веќе помина и заврши 2-2, Баби нема скоро никакви шанси да ги стигне Делчевци. Мило ми е што уште еден градски клубн се враќа на добар пат. Се надевам дека нема да бидат само топовска храна во втора лига и да испаднат одма, туку дека ќе најдат финансии па да се борат и за прва лига.

Мртвата трка продолжува во западниот регион.
На 4 кола до крајот Љуботен е прв со 59 бода, а втор е Врапчиште со 57 но Врапчиште имаат меч помалку.
Но се очекува деновиве Љуботен да ја земе со службен резултат утакмицата со Кастриоти што ја загуби со 2-0, па ќе има пет бода предност и меч повеќе. Но и тоа не ветува ништо бидејќи веќе во следното коло ќе се решат многу работи. Во Врапчиште се игра дербито, Врапчиште-Љуботен.

До крајот:
27 коло
Врапчиште-Љуботен

28 коло
Љуботен-Фљамуртари
Шемшово-Врапчиште

29 коло
Врапчиште-Градец
Љуботен слободен

30 коло
Шемшово-Љуботен
Вардар Форино-Врапчиште

Гадни гостувања во последното коло имаат и двете екипи, особено екипата на Врапчиште :D
Ќе биде интересно до крај.

Маџари и Новаци како шампиони во своите региони веќе се второлигаши.

Истотака вредно е да се спомене дека Цементарница е со многу малку шанси да се спаси од испаѓање во општинска лига. Жалосно...

Во моментов долниот дел изгледа вака:
Илинден 39
Алумина 38
Карпош 38
Славија 38
Марино 38
Раштак 36
Цементара 32

Бунарџик е веќе отпаднат а Аеродром се откажа.

Е сега ако отпаѓаат 5 екипи како што првично беше замислено, ондак скоро да и нема спас на Цементара во овие последни 5 кола.
Ама се вртат муабети дека само три екипи ќе отпаѓаат па можда можат да завршат пред барем една од овие екипи, ама и тоа тешко...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Стварно е ова срамота за Цементарница :(
 
B

BooBojan

Гостин
Сајбер,отприлика колку пари чини натпреварување во трета лига.
Планираме Ф.К.Спанчево оваа сезона да го внесеме во трета лига,па сакам да знам колку би чинело за една сезона,се разбира без плати на играчи и превози на играчи.
 

Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.510
Поени од реакции
2.192
Околу 2 000 евра е котизацијата мејби? :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Сајбер,отприлика колку пари чини натпреварување во трета лига.
Планираме Ф.К.Спанчево оваа сезона да го внесеме во трета лига,па сакам да знам колку би чинело за една сезона,се разбира без плати на играчи и превози на играчи.
Ах незнам баш точно ама ако сакаш ќе се распрашам.
Не е баш ефтино да одржуваш еден клуб. И сусдиите земаат бајаги пари...
Плус трошоци за пат, за струја, за вода за одржување на теренот или па за изнајмување на некој терен. Каде би играле?
Пошто прв пат слушам за ваков тим:)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Ах незнам баш точно ама ако сакаш ќе се распрашам.
Не е баш ефтино да одржуваш еден клуб. И сусдиите земаат бајаги пари...
Плус трошоци за пат, за струја, за вода за одржување на теренот или па за изнајмување на некој терен. Каде би играле?
Пошто прв пат слушам за ваков тим:)
Плус секој картон е 50 евра ми се чини :D
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Да да така е :D

Плус 1 500 денари за секој играч за лиценца :)
Ова се трошоците, горе-доле, но нели имаше и некои пари од ФФМ за секој клуб?

Сепак, мислам дека клуб без јак спонзор и добар газда не бива. Се гледа цементара на кое ниво падна ради газдата кој скроз го уништи клубот кој има свој стадион, добра школа, и од кој излегуваа одлични играчи. Јас се уште потајно се надевам дека Вардар ќе ја крене Цементара за да биде нејзин втор тим, само не знам како иде сега процесот на двојни книшки и позајмици.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Ова се трошоците, горе-доле, но нели имаше и некои пари од ФФМ за секој клуб?

Сепак, мислам дека клуб без јак спонзор и добар газда не бива. Се гледа цементара на кое ниво падна ради газдата кој скроз го уништи клубот кој има свој стадион, добра школа, и од кој излегуваа одлични играчи. Јас се уште потајно се надевам дека Вардар ќе ја крене Цементара за да биде нејзин втор тим, само не знам како иде сега процесот на двојни книшки и позајмици.
Да добива клубот помош од ФФМ ама само кога ќе се оформи а не секоја година :D
Пари за топки и слични работи.

Нема некоја посебна процедура за позајмување играчи. Едноставно ќе ги дадат на двојна регистрација, ако не се земени за првиот тим играат таму каде што се позајмени.
--- надополнето: 24 мај 2012 во 21:48 ---
Пораз на Љуботен на дербито на западот :(
Врапчиште-Љуботен 1-0!

Сега Врапчиште има 60 бода, еден повеќе од Љуботен, но Врапчиште има и меч помалку.
Но како што кажав многу пати Љуботен ќе го сдобие службено загубениот меч со Кастриоти, па може да рачунаме дека табелата е Љуботен 62, Врапчиште 60 со еден меч помалку на Врапчиште.
До крај:

28 коло
Љуботен-Фљамуртари
Шемшово-Врапчиште

29 коло
Врапчиште-Градец
Љуботен слободен

30 коло
Шемшово-Љуботен
Вардар Форино-Врапчиште
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Љуботен не само што нема да влезе во втора лига, туку го изгуби и второто место по денешниот пораз на домашен терен од Фљамуртари со 1-3...:(

Сега борбата е меѓу Врапчиште и Речица.

На табелата Врапчиште има 63 бода, Речица 60.
До крајот:
29 коло
Арсими-Речица
Врапчиште-Градец

30 коло
Вардар Форино-Врапчиште
Речица-Лирија

Али мало морген што ќе биде прва Речица со оглед на тоа дека е послаба во меѓусебен дуел, па треба Врапчиште да освои само уште три бода.
Така да, Врапчиште е скоро 100% нов второлигаш.

На истокот Баби се враќаат во битката, по поразот на Бреглница Делчево кај Плачковица. Не ми се верува дека може од готово вересија да направат на крајот.
Сега Брегалница има 59 бода, Баби 57, а до крај има уште 4 кола.


Корзо стигна до нова победа над Сирково и повторно го врати врвот на табелата.
Сега имаат 64 бода, а Кожуф 62.
До крајот:
29 коло:
Сирково-Кожуф
Илинден-Корзо

30 коло:
Кожуф-Илинден
Корзо-Вардар Неготино


Треба да им фрлат пари Кожуф на Илинден, мислам дека овие може да го добијат Корзо.
Само едно нерешено на Корзо и две победи на Кожуф му носат втора лига на Гевгелискиот тим.

На северот тажни вести.
Цементара е скоро целосно во општинска лига...
Многу тешко дека ќе го поминат Раштак на табелата. Дури и се да наместат тешко дека ќе се спасат. Сами се криви се испогубија во оваа полусезона, а изглед дека немаат повеќе никакви амбиции по денешниот пораз дома од Шкендија.
http://www.makfudbal.com/index.php?option=com_joomleague&view=ranking&p=62&Itemid=121
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
За влез во 3-та лига се играат квалификации или директно влегуваат? Трубарево од 4-та лига, Гази Баба, се први со 21 победа и 1 нерешена..!?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom