Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Апсолутно, природен извор си е природен, но сепак една канта протеин низ дома не е на одмет да се користи, јас лично додавам веј во шејкови со млеко и смрзнато овошје, за да направам покомплетен "оброк". Никако не смее да остане единствен извор на протеин при толку храна во светов. :)

Единствен проблем кај нас е што луѓето мислат дека мора да се јаде варен стек и варен ориз секој ден - што станува доста монотоно а и невкусно. Ако некој навлезе малку во ова ќе сфати дека всушност има милион рецепти кои прават и здравата храна да биде вкусна и примамлива за окото. На Youtube има неколку солидни канали околу ова, потоа има и неколку книги со лесни рецепти, само треба желба да се истражува.

Дај кажи некои рецепти ? ама во темата за исхрана,пошто тука ќе избришат...и објасни,како го правиш шејкот...
--- надополнето: 22 мај 2012 во 18:07 ---
Еве што би користел, каков протеин каков гејнер...
dymatize-mega-gainer-5lb.jpg

mutant_whey_table.jpg

а целта ти е..?
 
Секој производ си има своја примена. А дали ќе купите цела палета од производи од одредена марка, зависи што можете да си дозволите. Претежно кај нас, од познати причини се шири информација дека гејнерот е фрлање пари и дека со убав протеин, високопроцентен каде ќе додадеме една рака суво грозје или некоја мерица декстроза, ќе го имаме истиот резултат.
Јас повеќе немем време за такво нешто, па наутро како прв шејк ми е Lean Body Mass, две мерици измешани во млеко, перко зима и вода, во пролет и лето.

Прашање до Вас:

http://a248.e.akamai.net/origin-cdn.volusion.com/c4kwf.rmsw5/v/vspfiles/photos/3740066-2T.jpg

Дали нешто вакво би имало шанса за влез на нашиот пазар, и ако може да ми објасните кои се пречките за увоз затоа што гледам продавнициве за суплементи имаат доста проблеми и празни рафтови.
 
scivation е фирма што е застапена кај нас а конкретно за ова незнам дали го носат
 
Дај кажи некои рецепти ? ама во темата за исхрана,пошто тука ќе избришат...и објасни,како го правиш шејкот...
--- надополнето: 22 мај 2012 во 18:07 ---

а целта ти е..?
Искрено незнам која ми е целта, мислев дека подобро ќе напредувам на било каков начин ако користам 2 суплементи одеднаш. Ѓороски спомна дека можам паралелно да ги конзумирам па го замолувам ако е тоа стварно возможно и ако е нели, добро, како и по кој редослед ? :)
 
Колку е интересно кога некој ќе дојде на тема Бодибилдинг, ќе ви плесне дека теретаните каде одат билдерите се за сељачаана, и на крај ќе констатира дека сте многу нервозни, непотребно......
Кога се зборува за Бодибилдинг, не се мисли само на одредени делови на телото. Исто како да му кажеш на фудбалер дека едната нога му е за потпирање, а од него да бараш да биде, Фудбалер.
Ценам луѓе кои знаат што сакаат од себе во животот, па макар тоа да било и лев бицепс од 50 см, десниот не ми треба воопшто. Ама, не ценам кога некој ќе се обиде да ми плесне во лице дека фабриката за мускули (теретана, зашто без алат нема занат) е место за тапчовци, а со бесење на железа за тресење теписи (ова до вчера беше основната дејност на сите тие железа кои постојат во маалата пред зградите) се обликува тело идеално. Здраво.

Каде сум рекол дека теретаната е место за сељаци ??? Реков поради оние сељаците кој вежбаат во теретана ,има разлика и те голема разлика.

Ок е се тоа (најверојатно одиш во теретана ,билдер си што и да си) и ти го разбирам тој став против луѓето што практикуваат ти како што викаш железа за теписи и за луѓето што се против суплементи ,креатини како и да се викаат тие работи.

Дојдов овде ,постирав со цел да прашам како се вика тоа бесење на железа ,ама одма ме нападнавте вие ,ок е очекував тоа ,но мислев некој ќе ми го каже терминот. Фала..
 
Вежбам вратило ,стомачни и дипс само,теретана никако ,протеини такви срања никако, прашањето ми е , тоа не е бодибилдинг него...? :) Како би се нарекло street workout ?
Така нешo, street workout. Можиш на овие да си додадиш и склекови и топ си.
Одлични вежби за дефиниција.
 
Искрено незнам која ми е целта, мислев дека подобро ќе напредувам на било каков начин ако користам 2 суплементи одеднаш. Ѓороски спомна дека можам паралелно да ги конзумирам па го замолувам ако е тоа стварно возможно и ако е нели, добро, како и по кој редослед ? :)
Не дека јас некој експерт, ама зошто не комбинираш еден од овие два со креатин ако имаш доволно години?
 
Ако веќе имаш гејнер и протеин јас би ги користел вака. На сабајле и пред тренинг гејнер, по вежбање и пред спиење веј, по логика што треба да се избегнвуааат ЈХ пред спиење и по логиката што ти треба брзо апсорбирачки протеин после вежбање а гејнерот најчесто е микс од брзи и бавни протеини
 
Не дека јас некој експерт, ама зошто не комбинираш еден од овие два со креатин ако имаш доволно години?
Не сум некој фан на креатин сепак би останал на оваа комбинација. :)

Ако веќе имаш гејнер и протеин јас би ги користел вака. На сабајле и пред тренинг гејнер, по вежбање и пред спиење веј, по логика што треба да се избегнвуааат ЈХ пред спиење и по логиката што ти треба брзо апсорбирачки протеин после вежбање а гејнерот најчесто е микс од брзи и бавни протеини
Добро кажано. Сепак би почекал да слушнам мислење од Ѓоровски или Mayers нели сепак тие се најзапознати со ова ... :) Па г. Ѓоровски, Mayers, како би ја користел оваа комбинација протеин-гејнер ? :) Иначе ова е суплементите кои ќе ги користам
astronutrition.com-Twinlab-100-Whey-Protein-Fuel-Vanilla-Slam---5-lbs-31.jpg
biotech-usa-sterol-gainer-1500.jpg
 
Сепак мислам дека подобро ќе ти биде да идеш само на протеин и плус некој витаминско/минерален комплекс и евентуално креатин или некој пумпач, стимуланс и слично али на крај изборот сепак на тебе е.
 
Не сум некој фан на креатин сепак би останал на оваа комбинација. :)

Добро кажано. Сепак би почекал да слушнам мислење од Ѓоровски или Mayers нели сепак тие се најзапознати со ова ... :) Па г. Ѓоровски, Mayers, како би ја користел оваа комбинација протеин-гејнер ? :) Иначе ова е суплементите кои ќе ги користам
astronutrition.com-Twinlab-100-Whey-Protein-Fuel-Vanilla-Slam---5-lbs-31.jpg
biotech-usa-sterol-gainer-1500.jpg

Не гледам потреба од овие две во комбинација, но кога веќе си решил...
Гејнерот веднаш по станувањето, и по тренингот.
Протеинот 30 минути пред тренинг, и пред спиење.

Контра од советот на членот погоре бидејќи не е препорачливо да се конзумираат брзо апсорбирачки јаглехидрати пред тренинг зошто може да довете до пад на концентрацијата на шеќерот во крвта.
Веднаш по тренингот се најпотребни за да ги потполнат истрошените гликогенски резерви.
Истото важи и за по спиењето.

А протеинот пред тренинг ќе ти овозможи тек на аминокиселини во крвта што потешко ќе доведе до катаболна фаза, односно трошење на скапоценото мускулно ткиво.

Пред спиење е опционално, јас повеќе би ти препорачал да имаш еден добар оброк од туна или пак друг вид на месо.

Нека ме надополни некој ако нешто сум пропуштил, штотуку се вратив од матурска забава и сум со мало количество на алкохол во крвта после долго време без никаков алкохол :D
 
само да прашам, мислам дека е пишано за ова, но сепак пак на краткo: креатин во фаза на чистење, не? позз
 
само да прашам, мислам дека е пишано за ова, но сепак пак на краткo: креатин во фаза на чистење, не? позз
Можеш, единствено што ќе ти врзе вода па едно недела до две после завршувањето на креатинот ќе го добиеш точниот визуелен изглед поради падот на водата. Јас на пример имав задршка од околу 2Kg вода кога земав креатин.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom