Најмногу што ми се допаѓа кај овие "војнички" вежби со сопствена тежина е што преку нив може да се прикаже јачината и издржливоста, т.е да се увиди жилавоста на некој начин. Тие што ги гледаш, очигледно имаат добра генетика. Ако сакаш мускулна маса, дефинитивно теретаната е избор, бидејќи имаш голем број на вежби што овозможуваат различни движења. Тие движења таргетираат мускулна група на различни делови, што овозможува во целост да се извежба истата мускулна група, а и со тоа логично е и поголем мускулен раст.
Не велам дека и со тие вежби со сопствена тежина неможе да се изгради мускулна маса, но монотоните движeња нема да направат таква квалитетна мускулна маса како кај вежбањето во теретана. Не за џабе во теретана се менуваат вежбите на одредено време, како што е општо прифатено,а штом е општо прифатено, сигурно не е глупост.
Инаку, околу тоа дека се опфаќаат повеќе мускулни групи, да, но бидејќи ги вежбаш индиректно нема да предизвика такво кинење на мускулните влакна на тие мускулни групи, за да поттикне брз мускулен раст. Ако си во можност, купи тегови или пак homemade тегови, и комбинирај, бидејќи не сакаш во теретана. Или пак, одбери скромна теретана, не толку голема, побрзо ќе се адаптираш, ќе ги запознаеш луѓето, ќе ти се промени мислењето.