Кога ќе прочитам вакво нешто: „пичкарски се бранеа цела утакмица“ ми иде да се по*ерам...одбраната е најјакото оружје на Челси...зашто да не го искористат тоа? Ако вас не ви се допаѓа играта на Челси, мене можеби не ми се допаѓа играта на Барселона, Арсенал или кој било тим да е у прашање. Вкус е во прашање...Џабе ти ако имаш илјада пасови, цело време вртиш околу казнен простор, имаш шанси, но не ги користиш и на крај од еден корнер или една контра ќе ти брцнат голче ќе се чешаш. Битно е да го оствариш тоа што замислуваш. Челси го постигна тоа што го сакаше во полуфиналето, истото го постигна и против Баерн.
Среќа беше што Чех ги процени сите пенали? Првиот за малку ќе го фатеше, оној на Нојер беше исто горе доле блиску, му го фати на Олиќ, е сеа не знам на Швајни дали ќе го фатеше да идеше во гол. Плус на Робен што му го фати во продолженијата. Не за џабе се вика дека голманите се можеби најбитните во еден пенал рулет, а секако тука доаѓа и психолошката подготвеност. Доста веќе со тие муабети дека Челси не заслужил. Заслужија и двете екипи, нијанси решаваа, а тие беа: промашување на Гомез од супер позиција, ненормалниот Чех и уште можда некоја работа што сега не ми текнува.