leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Кога го погледнав првото видео со тренинг центар си помислив дека опишуваат за некоја друга земја, бидејќи кај нас до 1 затвораат кафаните. Овде вели во 3 по полноќ не се спиело, чудно. Втора работа која ми падна во очи од истиов клип е „Некаде во Европа центар за тренинг на туристи“. Чудно во Европа од 5 места нема различни музики, како да не биле во Шпанија или во Италија како најголеми туристички дестинации. И на крај поентата на ова видео е одиме кон пензионерски туризам? Сите молчете да спијат туристите. Кога вие одите кај „туристите“ и они молчат како Вас. Па у Шпанија на една тесна уличка рокаат дваесет и пет живи музики, а мотелите се на истата улица. Млади луѓе урлаат по улици до сабајле, во дискотека се иде во 3 по полноќ. Тренинг центар во Европа, гледајќи ги Англичаните и Германците по туристичките места, дефинитивно им треба тренинг центар.
Останатите клипови имаат вистина во себе, како што и реално е плус доштелувано. Ми иде фацата на Охриѓани пред очи, од свои пари им направиле антикампања бидејќи странците нема да влезат во анализа на видеата, не се замараат до толку да не се лажеме.
А јас како индивидуа не научив ништо ново од кампањава, само си се изнасмеав на себе си. Си викам може вакви клипчиња да направат и за раководење на државата, тие сигурно ќе бидат посмешни. И така сите ќе си се смееме.