Нова кампања: Добри домаќини за подобар туризам

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кога го погледнав првото видео со тренинг центар си помислив дека опишуваат за некоја друга земја, бидејќи кај нас до 1 затвораат кафаните. Овде вели во 3 по полноќ не се спиело, чудно. Втора работа која ми падна во очи од истиов клип е „Некаде во Европа центар за тренинг на туристи“. Чудно во Европа од 5 места нема различни музики, како да не биле во Шпанија или во Италија како најголеми туристички дестинации. И на крај поентата на ова видео е одиме кон пензионерски туризам? Сите молчете да спијат туристите. Кога вие одите кај „туристите“ и они молчат како Вас. Па у Шпанија на една тесна уличка рокаат дваесет и пет живи музики, а мотелите се на истата улица. Млади луѓе урлаат по улици до сабајле, во дискотека се иде во 3 по полноќ. Тренинг центар во Европа, гледајќи ги Англичаните и Германците по туристичките места, дефинитивно им треба тренинг центар.
Останатите клипови имаат вистина во себе, како што и реално е плус доштелувано. Ми иде фацата на Охриѓани пред очи, од свои пари им направиле антикампања бидејќи странците нема да влезат во анализа на видеата, не се замараат до толку да не се лажеме.
А јас како индивидуа не научив ништо ново од кампањава, само си се изнасмеав на себе си. Си викам може вакви клипчиња да направат и за раководење на државата, тие сигурно ќе бидат посмешни. И така сите ќе си се смееме.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
Си викам може вакви клипчиња да направат и за раководење на државата, тие сигурно ќе бидат посмешни. И така сите ќе си се смееме.
Ќути си ти, да не направат клипче како преку твитер бркаш странски инвестиции и туристи, па ќе видиш тогаш. :icon_mrgr:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Леандра знаеш какво видео заборавиле да направат.

Едно видео каде ќе покажат како еден ебан свлечен пат од 5 метра до Охрид не го направија цела година, една цела туристичка сезона ја пропуштија. И зошто после сите оделе у Грција, оти до првите летувалишта на Егејот се стига побрзо него до Охрид.

Лесно е да солиш памет не некој со глупави и скапи спотови, а што си направил ти за туризмот во Мк. тоа прашање не се дискутира ( тоа се однесува на владата).
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.652
Уште да кажеле дека станува збор за Охриѓани... ок, со исклучок на таксистот, тој е универзален за цела територија :pos:
Со оглед на тоа што ништо нема да се промени со вакви смешни клипчиња, јас мислам дека парите за нивно снимање се потрошени залудно...
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Уште да кажеле дека станува збор за Охриѓани... ок, со исклучок на таксистот, тој е универзален за цела територија :pos:
Со оглед на тоа што ништо нема да се промени со вакви смешни клипчиња, јас мислам дека парите за нивно снимање се потрошени залудно...
е ти го даде нај вистинскиот одговор... покрај што првиот клип е тотално утнат, другите се бескорисни зашто на никој нема да му долеат памет како треба да се работи... клиповите се направени, а некој апнал парички за нив... ај да не идат џабе, еве ги пак тука сите:

 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Wow репликава...страшно.
Чекај, етапно е тоа...ова сега само што бидна.
A што треба да ти пишам. Прво стихотворба треба да изрецитирам, па да те прашам тоа што сакам?
Еве пак те прашам, бидејќи јас стварно немам идеја, која би била следната етапа, како продолжение на оваа?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
А што како тоа да не е реалноста? Не сте се нашле во таква ситуација вие, некој другар, родина итн...? :)
Дај не заебавајте, таков ни е нашиов менталитетот, а се тоа се сцени од секојдневието.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
671
Поени од реакции
522
Ќе сме се брукале.... Веќе се утепаа странциве од гледање македонски рекламни кампањи. Исто колку јас што гледам... што ти знам.....унгарска кампања за намалување на употребата на молотови коктели врз живината.:unsure:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Со таксистите и келнерите е стандард слика. Келнерот секогаш е извор на негативизам и како што вика во рекламата “Природен непријател му се гостите“. Не само во охрид, туку општо низ сите градови низ македонија. Земете го за пример ПРИЛЕП кој бил, знае што начекал од келнерајот, кафето да може ќе ти го плесне в лице оти си му пошол на негова територија. Сепак ги обвинувам тука газдите кои ги ставаат на работа без никаква обука и надлежност а тие истите, ја начекуваат таа луфта па веднаш господарат со локалот.

Таксистот е подвижна временска прогноза, најинформираниот новинар и човекот со идеи како треба да биде. Обично имаат некоја историја за работење по странство или настегано милиони, ама работи како таксист од занимација. Интересни приказни.

Баш ги поштувам рекламиве, али не сите, некаде ептен се брукаат самите себе си. Можеле и малце на друг начин да ги направат. Најкатастрофа е “Тренинг центарот за туристи“. Вика “Светот не може да се прилагоди на нас, туку ние на него. ГРЕШКА ГОЛЕМА.
Дали кога турист ќе појде во ДУБАИ, истовремено му отвораат таен стриптиз бар под пустината сместен, и го нудат со алкохол, или пак туристот се прилагодува на нивните правила и ужива во културата што ја нудат Арапите? Исто, во македонија балканската музика е наша традиција , така да ако мислат оти не треба да се свири балканска туку рапери да им наредиме по кафаните, гадно се зезнале. БАШ туристите се прилагодуваат на нас и идат во македонија заради култура традиција и ред останати работи. Доколку би биле исти како другите земји што мајка би иделе кај нас? Дефинитивно утка во рекламата е тоа видео.
Се согласувам, но мислам дека не беше коментарот околу видот на музиката, туку неприлагоденоста. Реална слика е да спиеш (или барем пробуваш) а под зграда ти ечи музика, и никој не реагира.
Ама тука е муабетот ,,сам себе убијал,, зошто ти пријавуваш во полиција, ама полицијата не реагира против дотичниот газда, оти нели, си плаќа ВИП статус......
--- надополнето: 18 мај 2012 во 10:20 ---
Ме нервираат преувеличувања како што има во клиповиве, место за забелешки има, ама ова повеќе прилега на некое заебантско шоу како К-15 отколку на сериозна кампања која ќе поттикне некакви промени.
Па целта е ,,на шала на смеа,,.
Јас на пример, се препознав во ситуација ,,охридски келнер,, , ,,тренинг камп,, и ,,пансионска газдарица,,.
Тоа се работи кои ужасно ми сметаат, а таксистот го утнале, камо среќа да возеше така брзо, обично полжавите му свират од позади.
--- надополнето: 18 мај 2012 во 10:24 ---
Или ќе речи:
„У пизду матер, каква Македонија, какви бакрачи, кизнај шо се случува ваму.“

Али ајде, секој со својте гледишта.

Пак че речам. Да беше ова, к 15, еднооки, зевзекманија... прв ќе бев што ќе речев БРАВО, чиста 10ка.
Ама проект на Влада на Република Македонија. :facepalm:

Едит:

Ами нели рековме, дека ова не се однесува до разумните личности, туку на тие глупите, што ќе речат: Ак не ви чини не идајте.
Значи пак иди на моето. Дека нема да се постигни целта.
Со самото тоа што е рекламата направена од Владата, прво ќе ја прифати на шала на смеа.
Ај вака - во јавноста (поширока) Грција веќе 2 години се очекува ,,да пукне,, , па какви се не приказни беа пренесени за штрајкови, палење градови, убиство на дете, муабетите во медиумите беа дека Грција е како Авганистан веќе.
И сепак, туристи има исто, дури и повеќе, ради пониските цени.

Така што, секој разумен човек, сфаќа дека зошто е нешто направено, исто како што сфаќа дека на летувалиште во Грција, нема да му дојдат анархисти и да го истепаат оти дошол на одмор ;)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
.---------- Ми се допаѓа идејата и акцијата што им текнало воопшто за една ваква кампања.
А за креативноста за рекламите се сомневам дека вие сите што серете ќе ви текне подобра идеја.
Рекламите нема да се даваат во странство туку во Македонија така што незнам зошто воопшто кревате прашина како ќе реагирале туристите. Па и да ги видат ќе помислат дека оваа држава е доволно свесна и води една "здрава" кампања, односно држава која реално си ги гледа и прифаќа своите недостатоци а со тоа и ги решава.
Човек кој често патува знае дека овие проблеми ги има насекаде но ретко која држава решава вака јавно го крене свеста на граѓаните.

А конкретно за видеата познавајќи ја човечката психологија мислам дека повеќе ќе влијаат реклами каде што ќе се покажува што треба да се прави и како треба да изгледа отколку што не треба да се прави.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
A што треба да ти пишам. Прво стихотворба треба да изрецитирам, па да те прашам тоа што сакам?
Еве пак те прашам, бидејќи јас стварно немам идеја, која би била следната етапа, како продолжение на оваа?
Тресеш зелени веќе.
Ова се социјални структури кои мора да се истребат не само поради туризмот туку поради нас самите. Уште не можам да верувам дека има луѓе што се бунат против ова...па уште и модератор на форум. Сметав дека форумџии се демек со прогресивни сваќање и ставови ама сум се заебал.

Јас не зборев за владини чекори, туку општествени. Фала курцу се препознаваат охридските келнери или мрфутите по дискотеките, сега и други кога ќе ги приметат нема да им биде глупо да преземат нешто у врска со тоа, па со тек на време сите вакви сељандри низ државава ќе ги снема.

Али ако туку драпаш само затоа што си сдс тоест анти вмро...после ова не ти реплицирам.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Одлични се рекламите.Сите се на место и реално ги отсликуваат работите, освен можеби таа со тренинг центарот.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
Ако целта на рекламата била да се зголеми свесноста, моралот и етиката кај овие групи, тогаш пристапот со потсмевање, навредување и иронично давање решенија е погрешен.
иам исто мислење ...

а зар во странство е поинаку? ... поинаку е ако платиш повеќе, а ако сакаш што поевтино да поминиш на одморот со смештајот, тогаш истово ќе ти се случи и таму ... и Охрид ако одиш во пореномирани места, ова со келнеров нема да ти се случи ...

чудна работа ... кажуваат ендемски видови во Македонија, а сите мислат на Охриѓани ...
--- надополнето: 18 мај 2012 во 11:33 ---
Како бе не се самокритикува за работине јас што ги кажав погоре во примерот со explore Macedonia?
Ај сега стави се ти во улога на странец, и види ги видеава? И што мислење ќе имаш за Македонија. Кога ќе дојдиш во Македонија?
Еве, замисли странец го гледа клипов? Што ќе помисли?
ќе помисли да си одам јас на друго место, каде ќе можам да се одморам ...
--- надополнето: 18 мај 2012 во 11:44 ---
А што како тоа да не е реалноста? Не сте се нашле во таква ситуација вие, некој другар, родина итн...? :)
Дај не заебавајте, таков ни е нашиов менталитетот, а се тоа се сцени од секојдневието.
прочитај погоре ќе видиш дека има некои што не се нашле во таква ситуација ... јас сум против генерализација ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom