Нова кампања: Добри домаќини за подобар туризам

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Охооо, па ти не си ги ставил сите реклами, а тоа е греота... И да, ова Е начинот.
Ама познавајќи ги реакциите на „туристичките работници“ во Македонија, они сигурно ќе си речат: „Ех море скопјанишча, ак не ви чинит - не идајте!“.


Охриѓани, гледајте сега ваму:




Колку само пари се потрошени за овие понижувачки реклами.
Парите за трошење на реклами се сосема друга проблематика. Да не дискутираме за тоа тука, има еден куп теми за истата работа.
Да зборуваме само за кампањата и ефектот од кампањата. Ќе има, или не?
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
Рекламиве ми се тапа .
Тотално промашени и мислам дека ќе имаат негативни резултати .

Мое мислење ...
 
М

Мартин`

Гостин
Феноменални се, и само вака остри мора да бидат за да нашиве се поправат во културата ..
 
V

Vollstandig

Гостин
Со таксистите и келнерите е стандард слика. Келнерот секогаш е извор на негативизам и како што вика во рекламата “Природен непријател му се гостите“. Не само во охрид, туку општо низ сите градови низ македонија. Земете го за пример ПРИЛЕП кој бил, знае што начекал од келнерајот, кафето да може ќе ти го плесне в лице оти си му пошол на негова територија. Сепак ги обвинувам тука газдите кои ги ставаат на работа без никаква обука и надлежност а тие истите, ја начекуваат таа луфта па веднаш господарат со локалот.

Таксистот е подвижна временска прогноза, најинформираниот новинар и човекот со идеи како треба да биде. Обично имаат некоја историја за работење по странство или настегано милиони, ама работи како таксист од занимација. Интересни приказни.

Баш ги поштувам рекламиве, али не сите, некаде ептен се брукаат самите себе си. Можеле и малце на друг начин да ги направат. Најкатастрофа е “Тренинг центарот за туристи“. Вика “Светот не може да се прилагоди на нас, туку ние на него. ГРЕШКА ГОЛЕМА.
Дали кога турист ќе појде во ДУБАИ, истовремено му отвораат таен стриптиз бар под пустината сместен, и го нудат со алкохол, или пак туристот се прилагодува на нивните правила и ужива во културата што ја нудат Арапите? Исто, во македонија балканската музика е наша традиција , така да ако мислат оти не треба да се свири балканска туку рапери да им наредиме по кафаните, гадно се зезнале. БАШ туристите се прилагодуваат на нас и идат во македонија заради култура традиција и ред останати работи. Доколку би биле исти како другите земји што мајка би иделе кај нас? Дефинитивно утка во рекламата е тоа видео.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Колку е само нападен овој водичов :facepalm:.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
С
Дали кога турист ќе појде во ДУБАИ, истовремено му отвораат таен стриптиз бар под пустината сместен, и го нудат со алкохол, или пак туристот се прилагодува на нивните правила и ужива во културата што ја нудат Арапите? Исто, во македонија балканската музика е наша традиција , така да ако мислат оти не треба да се свири балканска туку рапери да им наредиме по кафаните, гадно се зезнале. БАШ туристите се прилагодуваат на нас и идат во македонија заради култура традиција и ред останати работи. Доколку би биле исти како другите земји што мајка би иделе кај нас? Дефинитивно утка во рекламата е тоа видео.
Во Дубаи има јавни куќи во кои се точи алкохол.
http://www.timeoutdubai.com/bars/details/9311-york-club
http://www.tripadvisor.com/Hotel_Review-g295424-d601293-Reviews-Moscow_Hotel-Dubai_Emirate_of_Dubai.html
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Требаше едно клипче за оние што седат на влезот од охрид ..... секогаш коа одам за охрид на влезот ме пречекуваат 30 души со понуди за сместивање. Ако сум стружанец тие пак ми нудат ноќевање за 300-500 денари :)

Одлични реклами се надевам дека ќе има некој ефект
 
V

Vollstandig

Гостин
WindFucker не ги отворив линковите затоа што знаам дека има места кај што се точи алкохол, и за истиот тој треба да платиш милионски суми. Не во стилот, седиш во бар попладне и порачуваш виски на келнерот. Кога идиш дубаи, иако веќе сеа го прават поеќе нешо накај светски град него ли да се презентира строго арапизмот, ипак се прилагодуваш на нивните традиции. Алкохолот го зедов за пример, не се држи строго за него. Битно кога ќе појдиш дубаи, што ако си македонец, не се прилагодуваат на тебе таксистите, и не почнуваат да ти зборат колку е жешко на македонски:)
 
В

влијателен

Гостин
Парите за трошење на реклами се сосема друга проблематика. Да не дискутираме за тоа тука, има еден куп теми за истата работа.
Да зборуваме само за кампањата и ефектот од кампањата. Ќе има, или не?
Каков ефект? Ако мислиш на виралност на интернет и смеење со нашите недостатоци. Да, ќе има.
Ама ако за ефект се предвидени сменување на навики, менталитет, не се постигнува тоа само со реклами. Да, широко медиумско покривање е еден од начините, ама не и единствен. Треба и други мерки.
На пример, зошто во 3 на утро има свирки? Зашто на уличните музичари тоа им е единствен извор за егзистенција, тогаш има пијани кои сакаат да платат, зошто музичарите сами од себе би се откажале од парите за да го подигнат реномето на земјата?
Или зошто кафичите пуштаат гласна музика во 3 наутро, затоа што гостите сакаат таква музика. Сами по себе заради морал и етика нема да се откажат од профитот за да се зголеми реномето на земјата.
Ако целта на рекламата била да се зголеми свесноста, моралот и етиката кај овие групи, тогаш пристапот со потсмевање, навредување и иронично давање решенија е погрешен.
Треба да им се понуди позитивен пристап, каде лично, а не преку реклами ќе се понудат обуки, или со било какви конструктивни решенија да се обидеме да се решат проблемите. Или друг, авторитативен пристап, каде со казни за непочитување на правилата ќе се решеваат проблемите.
Имаме казни за некои од погорните проблеми, ама немаме конструктивни решенија за проблемите кои не подлежат на казни.
На пример за проблемот што соопствениците на пансиони не зборувале англиски, рекламата се исмева со нив, а позитивен пристап би било бесплатни курсеви за јазик.
Или за проблемот со келнерите што им требало 20 мин да донесат кафе, кај повеќето тоа е заради презафатеност. Позитивен пристап би било да се намалат даноците за вработување келнери, на пример.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Ако де, таква дискусија очекувам, јас сум тука само за да ја поттикнам. Продолжете :)
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Вакви кампањи одамна К-15 си правеше ... иначе мое мислење е дека туристичките агенции , хотелите , општините , невладините треба да спонзорираат вакви спотови.
Или нека им ги дадат парите на К-15 , поевтино ќе искочи.
А колкав ќе биде ефектот , богами не знам , нешто ќе фати ваљда.

 
B

BrunoFresh

Гостин
Абе напнат не напнат, ова е вистината за сите македонци во кафичи, дискотеки и така натаму. Некој валда работи келнер одовде ...се пронашол :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom