Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.162
- Поени од реакции
- 18.203
И јас ги бркав пред 4-5 дена, ко беше сончевиот период - еден келнер ме услужи, друг ми наплати .Извини, испод чест ми е да се споредувам со Татарстан. Ниту сакам да наликувам на истите, ниту земјата со истите да си ја споредам.
Второ, јас и дечко ми, плаќавме (последниот пат) 20 евра на ден (вкупно), спиевме на кауч на расклапање, и немавме никакви услови. Кафе - јок, бањање кога сакаш - скраја да е, упалено светло во соба после 1 - срамота, безобразлук, струја се трошело во ниедо време....
Со мерак ќе им ги дадам парите на Грците, него што на Охриѓанец пак пари ќе му дадам.
Ах, да, и заборавив - обично ,,на туѓите плажи,, келнерот на лежалка ми доаѓа без да го викнам. Во Охрид треба да го молам да ме услужи.
Најжалосно е дека за местото е општоприфатено мислење дека е некаква си елитна кафетерија.Можда под елитна кафетерија газдите мислат дека се толку елитни шо мораш да ги молиш за да си нарачаш пијачка
За волја на вистината, едниот келнер беше Прилепчанец, а другиот од Источна Македонија (отприлика Штип/Пробиштип/Кочани)..Исто така, постојат и места кај шо ќе добиеш насмеана личност за 45 секунди, поголем број такви личности во истото место и плус ќе поминиш поефтино и со поквалитетно кафе.Ова е за луѓето расположени анти генерализација.Само малку потешко е за неОхриѓаните да најдат вакви места, поголем дел одат по тие таканаречени елитни кафетерии на лето, дел од болната желба да бидат видени на икс место, дел од слушање само за тие места од оваа прва група.
За луѓето склони кон генерализација:
Скржавите газди можеле да земат барем уште една личност во персоналот за таа прва смена, со оглед дека имаше супер време и масите беа сите полни - едноставно луѓето не можеа да постигнат.Двајца или тројца на цела тераса, не знам внатре дали имаше некого.Само со 5-6 нарачани кафиња им ја вадат дневницата, мислам дека не се толку за жалење газдите.
Само луѓето за кои вистински е наменета оваа реклама не верувам дека ќе ја сфатат, ниту ќе ја применат, сигурен сум дека ситуацијата ќе е иста или полоша (контраефект), освен во џебот на продукцијата.
И заеби го муабетот “Не знаете со туристи“, што мислиш ако некој се роди во охрид, во гените му се впишува да нема поим со туристи?Грција или кај и да спомна друго место нема да начекаш лоша услуга? Ептен почна да ја претеруваш со некои изговори, кога веќе се нафаќаш да платиш 600 денари за соба, наспроти 300, едноставно ги бараш условите или си заминуваш при првиот незадоволен израз од страна на газдарицата кога си ги бараш условите што ти ги ветила. Незнам што има тука нејасно? КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА,СЕГДЕ ИСТОТО ПРАВИЛО ВАЖИ. Мене ми е подобро да одам некаде за 300 денари со поограничени услови наспроти да пребарувам и од пиле млеко. И онака, повеќе од пола ден го трошам на плажа, по паркови, кафичи додека станот го користам за да има место кај да преспијам и да се истуширам еднаш дневно.
1.Дома не издаваме соби, ниту на некаков начин работно сме поврзани со туризам, али нели се осеќам лошо за моите сограѓани кои вистински си ја работат работата.Како рече Пумата во темата Скопјани вс. провинцијалци, не сакам да зборат лошо за мојот град во генерализирачка смисла, зошто јас лично знам дека не се сите иста категорија.
Кретени сегде постојат, ама очигледно потсвесно посветуваме поголемо внимание на негативните работи.На пример, моето најгрдо и најдосадно искуство е - тешко Охриѓаните студенти после враќање од Јунска и Септемвриска сесија со ситуацијата на автобуска
А за рекламите...ми беше ептен ретардирана таа за гласната музика.Па голем дел на лето посетители се тинејџери или студенти и сигурно нема да легнат во 2.30.(Остај то, кај поубав филинг од то да си седиш на тераса и да го слушаш Лени Кравиц на 2 км од тебе )
Мислам дека и на другите овде не им беше сфатлива таа реклама.
И друго, ако веќе работат таква реклама нека се потрудат самите да си донесат ред, пошто нели за стариот дел на градот постојат посебни правила на лето, меѓу кои и потивка музика.За џабе купуваа апарати за мерење бучава?Или за едни важат правила, за други не.Кај едно другарче му репнаа 5000 евра за гласна музика пред законското време - им се можело, по нивниот сат било 4 минути понапред Ама сигурно инспекцијата не би одела во 'својот' кафич.Свесни се дека можат - тука поминаа само со вербални закани, а негде ќе поминат без муабет ама со минус 4 заби и скршена рака минимум.
Истото е и за таксистите без уклучен таксиметар, а особено дивите - ама се толерирани поради социјален мир и такви ми ти работи.Доста голем процент на луѓе од страна мислат дека ние имаме повластици во такси на лето.Е па не е така.
Друго, познавам барем двајца таксисти од страна - дојде 15 јуни и ете ги во Охрид, работат на диво.Ланското лето ми се деси таксист со ПП таблици да ми понудит превоз од Градиште за Охрид Битолчанец последново лето ми бараше дупло поголема сума за смешна релација, ама ме погоди во лошо расположение
И во право беше за то, кој не бил во Прилеп на кафе уште е со мислење дека во Охрид е персоналот најнељубезен.
2.Постојат и една категорија луѓе - не се живи ако барем 20 денари не спуштат од почетната цена.Познавам станоиздавачи, минатата зима им се ценкаа за пониска цена, а им беше понудено 250 денари по лице.Зима = греење, скапа струја...
Зошто да не снимат и едно видео за вакви гости?